Испланирајте ја иднината со Wilo - од цртеж во CAD, па се до програма во BIM.

Building Information Modeling (BIM)

Употребата на Building Information Modeling (BIM) сѐ уште не се подразбира во зградна техника. Wilo е првиот производител на пумпи во светот којшто за своите BIM проекти ги става на располагање BIM податоците на наједноставен начин.

Wilo-Revit Plugin

Како стручен планер со пристап до библиотеката на објекти MagiCAD, можете веднаш во потполност да ја искористите актуелната база на податоци на Wilo. Со помош на Wilo Revit Plugin, можете да ги користите нашите интелигентни Revit Families со ETIM информации за производот во вашите BIM проекти. „Wilo Button“ се инсталира директно во Revit. Функционира независно од BIM програмата за цртање што ја користите.

Воведување на Wilo Revit Plugin за BIM е дел од обемна услуга со која ги поддржуваме инсталатерите, советниците, големите трговци, одржувачите и OEM партнерите.

Сите овие решенија ќе ги пронајдете во понудата под името Wilo Competence. Покрај BIM Support, во услугите се вбројува и техничката поддршка, каталогот со произвоид од Wilo и Wilo-Select производи, сервис од Wilo за замена и алати, концептуална обука Wilo-Brain и поддршка при употреба на GBS поврзувачи за пумпата.

Wilo е подготвен за BIM

  • Едноставниот пристап до BIM податоците
  • Wilo-CLAB во Revit Wilo-CLAB функционира во сите Autodesk-Revit верзии
  • Актуелни податоци благодарение на директното поврзување со интернет сервер
  • Компактни CAD модели со намалена големина на податоци
  • Вградени информации за производи на основа на меѓународни стандарди
  • Подготвеност за поддршка за време на целокупниот век на зградата

Нови решенија за дигитална иднина

Дигитализацијата на работната околина и комплексноста на планирањето згради доведува до голем обем на податоци. Можните решенија мора да овозможуваат едноставна проодност на податоците и да им дозволи меѓусебна соработка на учесниците. Целта и понатаму е да се комбинираат во еден дигитален модел и да може да се вмрежат сите релевантни податоци за време на циклусот на производство и животот на зградата.

x-ray

Што е тоа BIM

Building Information Modeling (BIM) е метода на планирање во градежништвото којашто опфаќа создавање и управување со дигитални и виртуелни презентации на физичките и функционалните својства на една зграда. BIM треба да се разбере долгорочно како процес на оптимизација во една компанија, како и дело на културни пресврти во развивањето на проекти. Достапна е за сите големини на проекти.

BIM е решение при кое во 3D моделот се чуваат, употребуваат и ажурираат сите релевантни податоци за време на целокупниот процес на изградба.

Општи предности:

  • Оптимизирана CAD геометрија
  • Зголемена продуктивност со помош на едноставен пристап на информации
  • Избегнување на грешки со помош на актуелни податоци за сите учесници
  • Брз процес на работа
  • Намалено време и трошоци за изградба

BIM го следи целокупниот животен циклус на зградата

Сите процеси во рамките на животниот циклус на зградата се поврзани: Планирање, проектирање, реализирање, документирање, работа и одржување. BIM притоа се користи како централен модел за податоци којшто го следи и го оддржува животниот циклус. Визуелизацијата, како и обемната документација на планираните елементи ги олеснува понатаму чекорите во процесот. Параметрите и калкулаторот на трошоци за пуштање во работа се одредуваат уште во раната фаза на животниот циклус, така што првите одлуки во планирањето веднаш имаат влијание врз идните заеднички трошоци.

Сите бизнис партнери профитираат од BIM

Планер:

  • Едноставно одржување со алатката Modelling
  • Потполна интеграција на спецификациите
  • Најнови и многу прецизни модели

BIM стручен планер:

  • Plug in компатибилен со сите Revit верзии
  • Интегрирани интернационални стандарди (ETIM, CIBSE)
  • бесплатно користење на библиотеката со производи

Стручни лица/претприемачи:

  • Со обемни информации во рамките на моделот
  • Податоци со ниска резолуција за прикажување на сложени модели
  • Со интернет врски за кориснички прирачници

Facility Management:

  • Подготвени модели за цел на одржувањето
  • Со интернет врски за документација за производот
  • Со интегрирани податоци за одржувањето

Како функционира BIM

  • И Wilo сега ги направи своите BIM податоци бесплатни и независни од програмата за цртање којашто се употребува благодарение на Content Library Access Button (Revit Plugin), коешто е на располагање за Autodesk Revit.
  • Корисниците коишто го инсталираат овој бесплатен Revit додаток имаат директен пристап до BIM податоците во Wilo преку специјално „Wilo Button“.
  • Wilo BIM решението ги поддржува инсталатерите, советниците, големите дистрибутери, персоналот за одржување и OEM партнерите.
  • Со само едно кликнување на Wilo Button во Revit, ги добивате сите податоци за новите долготрајни серии на пумпи што се на располагање.
  • Посакуваната пумпа може директно да се избере преку ETIM карактеристиките и да се интегрира директно во Revit Family преку BIM моделот.
  • На овие Revit Families на моменталните Wilo производи сега се приклучени и ETIM информациите за производите (ETIM карактеристики). Интелигентното моделирање на BIM моделот во зависност од одговарачкото решение е поедноставно и поефикасно.
  • Од друга страна, CAD корисниците имаат CAD-податоци на располагање од WILO во STEP-i DWG формат во Online-CAD каталогот на Wilo.
  • Понатаму во продолжеток се наоѓа директна интернет врска за инсталирање на плагините Wilo Revit. Дури може да се преземе и описот на процесот на инсталациите во вид на PDF документ со име „Процес на инсталација Wilo-CLAB“.

Минимални побарувањња за Wilo Revit Plugin

  • Autodesk Revit 2013 или понова верзија
  • Без Autodesk Revit LT (нема Revit Plugin за Revit LT)
  • Интернет пристап
  • Ако е инсталиран Autodesk Revit во Citrix околина, стапете во контакт со вашиот систем администратор за инсталација на Revit-Plugin.

Wilo поддршка

Wilo ве поддржува во текот на целиот животен циклус на зградата со помош на:

  • Податоци за производ за време на инсталација
  • Едноставен пристап до прирачници и прописи за време на одржување
  • Wilo сервис во текот на работата
  • Енергетски ефикасни решенија во текот на понатамошна оптимизација