Брзо и ефикасно борете се со промените во климата

Qingdao view from the sea

Wilo-Energy Solutions - со проактивни ефективни мерки воведуваме промени во енергијата.

Потребата за одржливо снабдување со енергетски ресурси е неоспорна на основа на климатските промени. Урбанизацијата во Азија и Африка и стремењето кон добросостојба на основа на западноевропскиот пример покажува дека самата стратегија на откажување не претставува решение. Повеќе се бараат концепти коишто ќе допринесат кон сеопштото подобрување на енергетската ефикасност, посебно ако истата треба да се реализира во краток рок.

Екологија - двигател на растот

Енергетската револуција ќе биде една од најголемите еколошки и економски предизвици во следните десетина години. Нацијата којашто ги постави конкретните цели за успехна енергетска револуција е Германија. Во Германија до 2050 се предвидува дека не само 80% од струјата ќе се добива од обновливи извори на енергија, туку и дополнително се намалува примарната потрошувачка на енергијата за 50% во однос на 2008 година.

Ако ни успее да потврдиме дека заштитата на животната околина и економскиот раст не се во спротивставеност, моделот од Германија ќе се заврсти и ќе се изгради во светот.

Намалување на јаглеродниот диоксид - светски предизвик

Веќе со децении Wilo работи на полето на енергетската ефикасност. Поголемиот дел пумпи коишто се употребуваат во светот се технолошки застарени. Замената на старите нерегулирани со модерните високо ефикасни пумпи се покажа дека нуди огромен потенцијал на заштеда. Емисиите на јаглеродиоксид може да се намали на светско ниво на еден одржлив начин.

Иницијатива за поголема економичност и одржливост

Wilo-Energy Solutions е иницијатива којашто промовира проактивна замена на пумпите, коишто уште функционираат но се нерегулирани со високоефективните пумпи од Wilo. Ние им укажуваме на предностите од раната замена на раководителите на јавните, комерцијалните и индустриските згради, како и на постројки и објекти. Покрај користа по околината, аргументите укажуваат кон смалување на енергетските трошоци за 80%, а сигурната иднина, сигурното снабдување и хигиената се само плус.

Оптимална енергетска ефикасност за секоја употреба

Пумпната технологија на Wilo се употребува во областите на греење, ладење, климатизација, снабдување со вода и отстранување на отпадната вода, како и во индустриите. Во рамките на Wilo-Energy Solutions ви претставуваме 6 модели коишто нудат оптимална ефикасност за скоро секоја употреба.

Нашите истакнати производи:

Wilo-Stratos MAXO

Wilo-Stratos MAXO-Z

Wilo-SiBoost Smart Helix Excel

Wilo-EMU TRE 326

Wilo-Stratos GIGA

Wilo-Stratos GIGA

Дали посакувате лично советување?

Контактирајте нѐ