Wilo-Financial Services - финансирање на замена на пумпа SMART

Финансирајте ја иднината денес

Зошто финансирање и директно преку Wilo?

Знаеме дека неопходните инвестиции за мерки за енергетска ефикасност конкурираат со голем број на проекти. Покрај тоа, банките обично знаат да го одолговлечат финансирањето на малите и средните инвестиции од областа на енергетска ефикасност.

Сакаме да ги исклучиме можните проблеми со финансирањето бидејќи знаеме дека заштедата на енергија е доволно за да се рефинансира проактивна замена на пумпа. Ние ги поддржуваме нашите клиенти во тоа да остварат проекти со кои ќе го осигураат нивниот иден успех.

Финансирањето го разбираме како интегративен дел од нашата целокупна поддршка, којашто Wilo ја нуди на своите корисници во рамките на сеопфатните сервисни услуги - во рамките на сите фази на купување и во рамките на самата понуда на производи.

Сето тоа почнува со советување околу проектот за проактивната замена на пумпа, оди кон финансирање и пуштање во работа и подоцна завршува со одржување по пат на корисничкиот сервис на Wilo.

Со помош на нашите финансиски решенија, ние сакаме да допринесеме за успех на клиентите. На основа на овој мотив, развивме основа за SMART финансирање.

SMART финансирање

Wilo целосно ги набљудува клиентите, нивната работа и нивниот климатски биланс. Со помош на решението SMART за финансирање, веднаш се ослободува ликвидност којашто постои за останатите проекти и понатаму расте.

Поради тоа, SMART се одликува со:

  • Заштита на животната околина
  • Зголемување на работата
  • Обликување на иднината
  • Редукција на емисии на јаглероден диоксид
  • Трансформација на енергетската заштеда

Истовремено SMART финансирањето важи за иновативно и интелигентно финансиско решение коешто спроведува размена или купување на нови пумпи на што е можно поефикасен начин, а во споредба со конвенционалното финансирање се овозможува и флексибилна инвестиција.

Едноставно и паметно финансирање со Wilo-Energy Solutions

Во прилика на проактивна замена на пумпа, на пример, кај хидроелектрана, комунална зграда или во тек на индустриски процес, моментално функционалните пумпи се заменуваат со високоефективни Wilo пумпи, коишто од првиот ден значајно заштедуваат трошоци на енергија и на тој начин може да се пресмета во финансирањето на новата пумпа. Заштедата може да се пресмета во финансирањето, а инвестицијата се враќа по пар години без да се потребни ликвидни средства. Wilo е омилен како соговорник кај клиентите, а заедно со нив развива финансиски решенија по потреба.

Предности:

Wilo-Financial Services

  • Отворањето на нови извори на финансирање
  • ја штити ликвидноста на компанијата
  • што овозможува соодветни финансиски решенија

Дали посакувате лично советување?

Контактирајте нѐ