Димензионирање на пумпи – едноставно и брзо

Wilo-Select 4 online – консултант за пумпи

Со новите Wilo-Select 4 сега можете да го доживеете интернет димензионирањето на пумпите во 4 чекори. Генерација – флексибилно, комфорно, ефикасно и моќно. Ви нудиме актуелните податоци за производот преку интернет. Многу едноставна и целокупна пристапност преку интернетот.

Препорачаните производи или неоптеретувачката анализа на трошоците за животните циклуси е на само 4 чекори од вас (LCC-Check).

  • Отворете го прегледот на трошоците на работниот циклус
  • Изберете споредбе на пумпи
  • Проверете ги податоците за пресметките
  • Споредете ги трошоците за животниот циклус и времето на амортизација

Со интегрирано споредување на трошоци за животните циклуси (LCC-Check), вие на наједноставен начин се информирате за економичноста на достапните пумпи. Wilo-Select 4 ја одредува оптималната пумпа за замена и ви испорачува фасцинантни резултати во форма на пресметан потенцијал за заштеда во евра, како и време на амортизација, сето тоа во иста пресметка.

Wilo-Select 4 start

Можноста за споредба на производи може да послужи како база за целно техничко советување, како и одлучувачка основа во разговорот со клиентите. Новитет е исто така сигурниот избор на опрема за водоснабдување, како и употреба на нечиста и отпадна вода преку интуитивна корисничка површина со чија помош може многу лесно да склопите тендери и понуди. Останатите функции за експортирање и директно праќање на понуди и текстови за тендер по пат на електронска пошта гаранитраат ефикасна комуникација со вашите клиенти.

Ви препорачуваме да се регистрирате, бидејќи на тој начин ќе добиете ценовник, како и понатамошни информации за производи што се специфични за пазарот. Интегрираните лични датотеки за проектот овозможуваат сигурност на вашите димензионирања.

Вашите предности

  • Комфорна и едноставна услуга
  • Сигурно конфигурирање на производи со хидрауличен калкулатор
  • Споредување на времињата за амортизација, трошоците за работа и животните циклуси во еден потег
  • Оптимална поддршка за планирање и советување на клиенти