Wilo-Helix FIRST V
Висока ефикасност и цврстина за големи згради и други области на примена.
Висока ефикасност и цврстина за големи згради и други области на примена.
Wilo-Helix FIRST V е високо ефикасна, вертикална и повеќестепена пумпа со робусно куќиште на пумпата од сиво леано железо и мотор IE3. Погодна е за примени кои се движат од водоснабдување и зголемување на притисокот до интеграција во кружен систем за ладење и индустриски примени.
Компактната конструкција ја прави инсталацијата и работата на пумпата исклучително погодна. Со комбинирање на куќиштето од сиво леано железо со хидраулика од не’рѓосувачки челик отпорна на корозија, Wilo-Helix FIRST V нуди не само висока енергетска ефикасност, туку и високо ниво на работна сигурност.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Висока ефикасност благодарение на моторот со фиксен број на вртежи IE3
- Издржливо и цврсто благодарение на куќиштето на пумпата од сиво леано железо со катодно електро-боење и хидрауликата од не’рѓосувачки челик ласерски заварена/лиена (AISI 304)
- Заштедува простор поради компактната конструкција благодарение на интегрираната лизгачка механичка заптивка при работен притисок до 16 бари (плус патронска лизгачка механичка заптивка)
- Лесно се одржува поради удобен пристап до компонентите на пумпата, како што е лежиштето интегрирано во латерната, како и спојката за проширување и патронска лизгачка механичка заптивка (ако се користи)
- Погоден за средини со висока температура со стандардна амбиентална температура до 50 °C без загубена моќност
Изведба
Нормално вшмукувачка, високо ефикасна повеќестепена високопритисна центрифугална пумпа во вертикална изведба, со Inline-приклучоци
Примена
- Водоснабдување и зголемување на притисокот
- Индустриски циркулациони постројки
- Процесна вода
- Затворен кружен систем за ладење
- Постројки за гасење пожар
- Постројки за перење
- Наводнување
Опрема/функција
- Работни кола, водечки кола и степенесто куќиште од материјал отпорен на корозија
Означување на типот
Пример: | Helix FIRST V 3606/2-5/25/E/KS/400-50 |
Helix FIRST V | Вертикална високопритисна центрифугална пумпа во линиска изведба |
36 | Проток на волумен во m3/h |
06 | Број на работни кола |
2 | Број на исклучени работни кола |
5 | Материјал на пумпата |
5 = Куќиште на пумпата EN-GJL 250 (KTL-облога) хидраулика 1.4307 (AISI 304L) | |
25 | Максимален работен притисок во бари |
16 = 16 бари + PN 16-прирабница (≤ 16 m3/h: овална прирабница) | |
25 = 25 бари + PN 25-прирабница | |
30 = 30 бари + PN 40-прирабница | |
E | Вид заптивање E = EPDM |
K | Тип патрон на лизгачка механичка заптивка |
S | Заштитата на спојката лежи во линија со вшмукателните и потисните приклучоци на пумпата. |
400 | Напон на приклучување во V |
Технички податоци
- Електрично поврзување: 3~400 V ±10 %, 50 Hz
- Температурно подрачје на медиум: -30 °C до +120 °C
- Макс. работен притисок: 16, 25 или 30 бари
- Вид на заштита: IP55
- Макс. температура на околината: -15 °C до +50 °C
- Helix FIRST V 2 - 16: PN 16 со овални прирабници, PN 25/PN 40 со компатибилни кружни прирабници во согласност со ISO 2531 и ISO 7005
- Helix FIRST V 22 - 52: PN 16/PN 25/PN 40 со кружни прирабници во согласност со ISO 2531 и ISO 7005
Материјали
- Работно коло, степенесто куќиште и водечки кола од не’рѓосувачки челик 1.4307 (AISI 304L) или 1.4401 (AISI 316)
- Куќиште на пумпата од EN-GJL 250 (KTL-облога)
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057 (AISI 304L)
- Муф под лизгачка механичка заптивка 1.4404 (AISI 316L)
- O-прстен од EPDM
- Цевкина обвивка од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304)
Конструкција
- Пумпите можат на барање да се прилагодат на одредени услови (на пр. заштита на мотор, класа на ефикасност на мотор IE4, VdS-сертифицирани Wilo-Helix пумпи, ATEX, проширено температурно подрачје на околината).
Опсег на испорака
- Повеќестепена високопритисна центрифугална пумпа Helix FIRST V
- Упатство за вградување и работа
- Helix FIRST V 2 – 16 (Изведба PN16 со овални прирабници): Контраприрабница од леано железо со соодветни завртки, навртки и заптивки