Wilo-Actun ZETOS
Ефикасна експлоатација на необработена вода за секое подрачје на примена
Ефикасна експлоатација на необработена вода за секое подрачје на примена
Wilo-Actun ZETOS е нашето универзално решени за ефикасна експлоатација на необработена вода, било да се работи за комунално водоснабдување, земјоделство или рударство. Со највисок степен на ефикасност на пумпата според нејзината класа до 86 %, таа е идеална за економично водоснабдување во речиси секој процес. Цврстиот фин нерѓосувачки челик и цврстиот дизајн гарантираат долг работен век и висок степен на ефикасност, дури и под тешки услови, на пример, при голема содржина на песок до 150 g/m3.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Енергетски штедливо водоснабдување благодарение на највисокиот степен на ефикасност на пумпа до 86 %
- Работа со ниски трошоци поради највисок степен на севкупна ефикасност во оваа класа со мотор со траен магнет
- Висок степен на сигурност благодарение на хидраулика отпорна на корозија од фин не’рѓосувачки челик во 1.4408 (AISI 316)
- Висока отпорност на трошење: макс. содржина на песок до 150 g/m³
- ACS дозвола за користење на вода за пиење
- Некомплицирано одржување, поедноставна инсталација и демонтажа
Еколошки својства
- Долг работен век – и во примените во рудници – преку употребата на висококвалитетни материјали
- Голема заштеда на CO2 благодарение на ефикасната хидраулика на пумпата и моторот со траен магнет
- Зголемена сигурност со дизајн што е погоден за сервис и опционална Ceram CP-облога
- Одржлива и CO2-неутрална изработка и процеси во нашите европски фабрики
Изведба
Повеќестепена потопна пумпа од прецизно лиен нерѓосувачки челик во членковидна изведба, за вертикална и хоризонтална инсталација.
Примена
- Бушотини и цистерни
- Прскање и наводнување
- Спуштање на ниво на подземна вода
- Зголемување на притисокот
- Постројки на вода
- Постројки за гасење пожар
- Геотермални и термални примени
- Рударство
Течности
За транспорт на течности во комерцијални услови:
- вода за пиење (сертификат ACS, зависно од моторот)
- потрошна вода со максимална содржина на песок до 150 g/m³
- морска вода.
Опрема/функција
- Со или без вграден неповратен вентил
- NEMA-спојка до големина на мотор од 8"
- Стандарден приклучок на Wilo за номинална големина на моторот почнувајќи од 10"
Означување на типот
Пример: | Wilo-Actun ZETOS-K8.130-17 + NU 711-2/130 |
Хидраулика | Actun ZETOS-K8.130-17 |
Actun | Фамилија на производи |
ZETOS | Серии изработени од прецизно лиен нерѓосувачки челик |
K | Тип на пумпа |
8 | Пречник на хидрауликата во инчи |
130 | Проток во m³/h во оптимална точка при 50 Hz |
17 | Број на степени на хидрауликата |
Мотор | NU 711-2/130 |
NU | Подводен мотор |
711 | Монтажна големина:
|
2 | Бр. на полови |
130 | Дефиниција зависнo од моторот:
|
Технички податоци
Хидраулика
- Макс. проток: 765 m³/h
- Макс. напор: 640 m
- Макс. температура на медиум: 70 °C
- Макс. содржина на песок: 100 g/m³ (K12), 150 g/m³ (K8, K10)
- Потисен приклучок
- K8: G 5, DN 100/PN 10/16, DN 125/PN 10/16, DN 150/PN 10/16
- K10: G 6, DN 150/PN 10/16, DN 150/PN 40
- K12: 8-8 NPT, DN 200/PN 10/16, DN 200/PN 25, DN 200/PN 40
Мотор
- Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz ±10 %; 3~460 V, 60 Hz ±10 %
- Макс. температура на медиум: 60 °C, независно од типот мотор и брзината на струење на моторот
- Потопен работен режим: S1
- Макс. број стартувања:
- NU 5…, NU 6…, NU 7… = 20/h
- NU 8…, NU 9…, NU 122… = 10/h
- NU 160 = 5/h
- Макс. длабочина на потопување:
- NU 5 ..., NU 711 = 350 m
- NU 6 ..., NU 701, NU 8 ..., NU 9 ..., NU 12 ..., NU 16 ... = 300 m
- Вид на заштита: IP68
- Контролно подрачје за фреквентен конвертор:
- асинхрони мотори: NU 501, NU 701 = 30…50 Hz
- асинхрони мотори: NU 611, NU 801, NU 811, NU 911, NU 122, NU 160 = 25…50 Hz
- мотори со траен магнет: NU 512, NU 612, NU 711, NU 812 = 60…100 Hz
- Во консултација со производителот, со моторите може да се работи и со прекумерна фреквенција!
Конструкција
Хидраулика
Повеќестепена потопна пумпа со полуаксијална хидраулика. Сите делови на куќиштето и работните кола се од прецизно лиен нерѓосувачки челик (1.4408). Притисочна врска со навој или прирабничко поврзување, опционално со или без вграден неповратен вентил. Поврзување на моторот како стандардна NEMA-врска (до 8") или стандардна Wilo врска (почнувајќи од 10").
Мотор
Како погони достапни се асинхрони и синхрони мотори:
- асинхрон мотор на трифазна наизменична струја за директно вклучување и вклучување ѕвезда-триаголник:
- NU 501, NU 701: запечатен, изолиран, херметички залиен мотор со лакирана намотка потопена во смола
- NU 611, NU 811, NU 911, NU 122, NU 160: мотор што може повторно да се намотува со изолирана PE2 или PVC намотка
- Работата на фреквентниот конвертор е дозволена!
- синхрон трифазен мотор со траен магнет за директен старт:
- NU 512: запечатен, изолиран, херметички залиен мотор со лакирана намотка потопена во смола
- NU 612, NU 711, NU 812: мотор кој може повторно да се намотува со изолирана намотка PE2
- Фреквентниот конвертор е задолжителен!
Обвивка на моторот од челик, нерѓосувачки челик или лиена бронза. Хидраулично поврзување како стандардна NEMA-врска (до 8") или стандардна Wilo врска (почнувајќи од 10"). Вратилото на моторот има заптивање со механичка заптивка направена од цврст материјал од силициум карбид. Лежиштата на моторот се подмачкуваат самите. За да се апсорбираат високите аксијални оптоварувања, аксијалното лежиште е опремено со подлоги за навалување. Лежиштето со контра-потисок го апсорбира негативниот аксијален потисок.
Моторите од сериите NU 5… и NU 7… се наполнети со мешавина на вода-гликол. Сите други мотори се наполнети со мешавина од вода и глицерин.
Ладење
- Ладењето на моторот се изведува преку транспортираниот медиум. Работете со моторот само кога е потопен.
- Почитувајте ги граничните вредности за максимална температура на медиумот и минимална брзина на протокот.
- Вертикалното поставување може по избор да се изведе со или без обвивка за млазно ладење.
- Кога ќе се поставува хоризонтално, потпрете го агрегатот со лежиштa-блокови. За подобрување на приливното струење може да се постави плоча против вртложење или обвивка за млазно ладење.
Опсег на испорака
- Агрегат (хидраулика + мотор) фабрички склопени
- Кабел за поврзување по желба на клиентите
- Упатство за вградување и работа
Опции
- Специјални напони
- Повисоки температури на медиумот
- Прирабница за нагодување на поврзаувања со различни големини
- Вода за пиење како полнење на моторот (изведба „Т“)
- Изведбата на притисочната обвивка служи за директна инсталација на агрегатот во цевководот. Стандардно не се вградува неповратен вентил. Максималниот приливен притисок изнесува 10 bar.
Опрема
- Цевки со разладна обвивка
- Притисочна обвивка
- Носачи на лежиште и плоча против вртложење
- Премини
- Приклучни уреди
- Фрекфентен конвертор
- Излезен филтер
- Монтажен комплет на пластични стеги за кабли