Wilo-Comfort-Vario COR/T-1 Helix2.0 VE...-GE
Сигурна постројка за зголемување на притисокот за широк опсег на примени со максимални барања за хигиена.
Сигурна постројка за зголемување на притисокот за широк опсег на примени со максимални барања за хигиена.
Преку системското одвојување и примена на високопритисочни центрифугални пумпи од не’рѓосувачки челик, од серијата Wilo-Helix2.0-VE, оваа постројка зголемување на притисокот нуди висока ефикасност и издржливост. Благодарение на моторите со регулиран број на вртежи и интегрираниот фреквентен конвертор Wilo-Comfort-Vario COR/T-1 Helix2.0 VE…-GE работи сигурно дури и под тешки услови. Регулацијата на варијабилниот притисок овозможува флексибилно прилагодување на индивидуалните барања. Графичкиот дисплеј со содржина на јасен текст овозможува секогаш да се има преглед на работата на постројката. Комуникацијата со системот за управување со зграда е загарантирана со опционалните IF-модули за приклучување.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Лесна инсталација со конструкција подготвена за приклучување
- Исполнување на високи барања во однос на хигиена за сите примени кои бараат системско одвојување со помош на безбедносен уред „Слободен испуст“, тип AB согласно EN 13077
- Висока работна сигурност преку робустни високопритисни центрифугални пумпи од не’рѓосувачки челик од серијата Wilo-Helix2.0-VE со вградени фреквентни изменувачи со воздушно ладење
- Голема енергетска ефикасност благодарение на оптималното подесување на моќноста преку варијабилна регулација на притисокот (p-v)
- Кориснички прилагоден графички дисплеј со содржини со јасен текст
- Едноставно надгледување и контрола благодарение на оптималните IF-модули за приклучување за брза комуникација со системот за управување со зграда
Изведба
Постројка за водоснабдување со системско одвојување и нормално вшмукувачка високопритисочна центрифугална пумпа со регулиран број на вртежи на мотор
Примена
- Полуавтоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во приливен погон од јавната водоводна мрежа или од акумулационен резервоар, за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (на пример, резиденцијални, административни и деловни објекти, трговски, индустриски и земјоделски претпријатија и за водоснабдување).
- Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN 14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки
Опрема/функција
- 1 пумпа од серијата Helix2.0-VE 4 или Helix2.0-VE 6, со норм-мотори еквивалентни на IE5 и со континуирано регулирана работа со вграден фреквентен конвертор
- PE-акумулационен раезервоар, атмосферски вентилиран (150 l) за посредно приклучување со јавната мрежа за вода за пиење. Системското одвојување се изведува согласно DIN EN 1717 со помош на безбедносната шема „Слободно испуштање“, тип АВ според EN 13077
- Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
- Затворачки вентил, од притисочната страна
- Неповратен вентил, од вшмукателната страна
- Акумулационен раезервоар со вклучен пливачки вентил и пливачки прекинувач (сигнализатор за неодстиг на вода)
- Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, од притисочната страна
- Осигурување од недостаток на вода
Означување на типот
Пример: | Wilo-COR/T-1HELIX2.0-VE403-GE |
COR | Компактна постројка зголемување на притисокот со вградена регулација на број на вртежи |
T | Со вграден акумулационен резервоар како системско одвојување |
1 | Со една пумпа |
Helix2.0-VE | Серија на пумпи со вградена регулација на број на вртежи |
4 | Номинален проток на единечна пумпа [m3/h] |
03 | Број на степени на единечна пумпа |
GE | Основна единица; без дополнителен контролен уред |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа 3~400 V ±10%, 50 Hz; 3~380/440 V ±10 %, 60 Hz
- Температура на медиум макс. 40 °C
- Температура на околина макс. 40 °C
- Работен притисок 16 бара
- Приливен притисок 6 бара
- Степени на номинален притисок 6/10/16 бара
- Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна Rp 1 ¼"
- Приклучни номинални дијаметри од приливната страна Rp 1 ¼"
- Номинален број на вртежи 1500-3770 1/мин
- Прекинувачка моќност P2 макс. при макс. 10 A = 4 kW
- Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки
- Чиста вода без талог
- Потрошна вода, ладна вода, вода за ладење и дождовница
- Вода за пиење
- Вода за гасење
Материјали
- Работно коло и степенести комори од не’рѓосувачки челик 1.4301
- Куќиште на пумпата нерѓосувачки челик 1.4301
- Вратило од не’рѓосувачки челик 1.4301
- Заптивка EPDM (EP 851)/FKM (Viton)
- Капак на куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4301
- Долен дел од куќиштето не`рѓосувачки челик 1.4301
- Механичка заптивка B-јаглен/волфрамкарбид, SiC/јаглен
- Притисочна обвивка не`рѓосувачки челик 1.4301
- Лежиште волфрамкарбид
- Основа на пумпа EN-GJL-250
- Цевковод од не’рѓосувачки челик 1.4307
Конструкција
- Постројка за водоснабдување, подготвена за приклучување, монтирана на PE основна плоча, со комплетен цевковод, вклучувајќи ги сите потребни арматури и затворачи (без затворачки уред од приливната страна), монтажен комплет од сензор за притисок, високопритисочна центрифугална пумпа од не’рѓосувачки челик во изведба со сув ротор со вграден фреквентен конвертор (серија Helix2.0-VE)
- Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 поставен од крајната притисочна страна, со мембрана од бутил гума, која не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи, опремена со затворачки вентил, заради проверка и ревизија, со празнење и проточен уред според DIN 4807
Опсег на испорака
- Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
- Упатство за вградување и работа
Опции
Други приклучоци за мрежата на барање
Кутија за прелевање и заштита од прашина
Wilo Smart Controller SCe контролен уред за лесно нагодување на параметри, контролен уред со комуникациски можности за надгледување на работата на постројката
Упатство за вградување и работа
Group Statement
Опис на производ | Приклучок за цевка од вшмукателната страна | Приклучок за цевка од притисочната страна | Број на пумпи Q | Максимален работен притисок PN | Бруто тежина прибл. m | Број на производ | |
---|---|---|---|---|---|---|---|
COR/T-1HELIX2.0 VE403-GE | G 1 | G 1 | 8 m³/h | 16 bar | 126 kg | 4254827 | |
COR/T-1HELIX2.0 VE404-GE | G 1 | G 1 | 8 m³/h | 16 bar | 127 kg | 4254828 | |
COR/T-1HELIX2.0 VE405-GE | G 1 | G 1 | 8 m³/h | 16 bar | 129 kg | 4254829 | |
COR/T-1HELIX2.0 VE407-GE | G 1 | G 1 | 8 m³/h | 16 bar | 133 kg | 4254830 | |
COR/T-1HELIX2.0 VE410-GE | G 1 | G 1 | 8 m³/h | 16 bar | 136 kg | 4254831 | |
COR/T-1HELIX2.0 VE413-GE | G 1 | G 1 | 8 m³/h | 16 bar | 138 kg | 4254832 | |
COR/T-1HELIX2.0 VE602-GE | G 1¼ | G 1¼ | 12 m³/h | 16 bar | 127 kg | 4254833 | |
COR/T-1HELIX2.0 VE603-GE | G 1¼ | G 1¼ | 12 m³/h | 16 bar | 129 kg | 4254834 | |
COR/T-1HELIX2.0 VE604-GE | G 1¼ | G 1¼ | 12 m³/h | 16 bar | 133 kg | 4254835 | |
COR/T-1HELIX2.0 VE606-GE | G 1¼ | G 1¼ | 12 m³/h | 16 bar | 135 kg | 4254836 | |
COR/T-1HELIX2.0 VE608-GE | G 1¼ | G 1¼ | 12 m³/h | 16 bar | 138 kg | 4254837 | |
COR/T-1HELIX2.0 VE611-GE | G 1¼ | G 1¼ | 12 m³/h | 16 bar | 142 kg | 4254838 |