Wilo-Drain TMT
Особености/предности на производот
- Температурна стабилност за транспортирани медиуми до 95 °C
- Голема безбедност при работа преку надгледување на температурата на моторот и залиено воведување на кабел
Препорачани сервисни услуги
Изведба
Потопна пумпа за нечиста вода
Примена
Транспорт на
- Нечиста вода со максимална температура на медиум од 95 °C
Опрема/функција
- Приклучен кабел за медиуми до 95 °C, фиксен
- Надгледување на температурата на намотката со биметален сензор
Означување на типот
Пр.: | Wilo-Drain TMT 32M113/7,5Ci |
TMT | Потопна пумпа за нечиста вода за медиуми до 95 °C |
32 | Номинален дијаметар на притисочна наставка G 1¼ |
M | Повеќеканално работно коло |
113 | Дијаметар на работно коло во mm |
7,5 | /10 = номинална моќност на мотор P2 во kW |
Ci | Изведба на материјали: Сиво леано железо |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
- Вид на заштита: IP68
- Макс. длабочина на потопување: 7 m
- Температура на транспортиран медиум:
- Потопен: 3 … 95 °C
- Непотопен: 3 ... 60 °C
- Должина на кабел: 10 m
- Потисни приклучоци: G 1¼
Материјали
- Куќиште на пумпа: EN-GJL-250
- Работно коло: EN-GJL-250
- Вратило: 1.4021
- Механичка заптивка: SiC/SiC; Cr/MgSi
- Статички заптивки: HNBR
- Куќиште на мотор: EN-GJL-250
Конструкција
Целосно преплавлива потопна пумпа за нечиста вода за вертикално водено поставување за транспорт на медиуми со температури до макс. 95 °C.
Хидраулика
Куќиштето за хидраулика и работното коло се од сиво леано железо. Приклучувањето од притисочната страна е изведено со хоризонтални навојнаприрабничка врска.
Мотор
Како мотори доаѓаат предвид мотори со ладење на горната површина во трифзна изведба за директен старт. Топлината на моторот се предава од куќиштето rдиректно на медиумот. Моторите можат да се применуваат потопени, при континуирана работа (S1), и извадени, како и за наизменична работа (S3).
Понатаму, моторите се опремени со следните уреди за надгледување:
- Надгледување на заптивањето во просторијата на моторот Надгледувањето на заптивањето пријавува навлегување вода во просторот на моторот.
- Термичко надгледување на моторот Термичкото надгледување на моторот ја штити намотката на моторот од прегревање. За таа цел стандардно се користат биметални сензори.
Приклучниот кабел има слободни краеви, стандардна должина од 10 m и залиен е должински отпорен на вода.
Заптивање
Изолацијата од страна на медиумите и од страната на моторот се изведува со две лизгачки механички заптивки. Заптивната комора помеѓу лизгачките механички заптивки е наполнета со медицинско бело масло.
Опсег на испорака
- Потопна пумпа за нечиста вода
- Упатство за вградување и работа
Опрема
- Приклучен кабел
- Утикач за заштита на мотор
- Приклучни уреди
Опис на производ | Притисочна наставка | Номинална моќност на мотор P2 | Приклучување на мрежа | Број на производ | |
---|---|---|---|---|---|
Drain TMT 32M113/7,5Ci | G 1¼ | 0,75 kW | 3~400 V, 50 Hz | 6070087 |