Wilo-DrainLift SANI-S
Најмалиот и најлесен систем за одведување на отпадна вода со единечна пумпа за едносемејни и двосемејни куќи.
Најмалиот и најлесен систем за одведување на отпадна вода со единечна пумпа за едносемејни и двосемејни куќи.
Компактната единечна постројка за одведување на фекалии Wilo-DrainLift SANI-S е најмалиот и најлесен систем за одведување на отпадна вода според EN 12050-1 (без тркало за сецкање) и благодарение на нејзината тивка работа, идеална е за примена во едносемејни и двосемејни домови.
Благодарение на големиот волумен на пумпата, слободното бирање на приливи и опционалната изведба за посебни агресивни медиуми, Wilo-DrainLift SANI-S може флексибилно да се применува и едноставно да се монтира. Неповратен вентил со напрегната пружина го намалува нивото на бучава на крајот од секој циклус на пумпата. Лесно применливата конструкција прави одржувањето да е особено едноставно.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Едноставна инсталација и лесен транспорт преку приспособлива компактната конструкција и многу мала тежина
- Безбедност при работа благодарение на големиот волумен за вклучување, термичка заштита на моторот и аларм којшто не зависи од електричната мрежа
- Дизајнот отпорен на корозија со техничка пластика и нерѓосувачки челик нуди висока сигурност
- Слободно бирање приклучоци за максимална монтажна флексибилност
- Едноставно одржување и чистење благодарение на провидниот резервоар и отвор за чистење во неповратните вентили
- Неповратен вентил со напрегната пружина со ниска бучава на крајот од циклусот на пумпата за тивка работа
Еколошки својства
- Избрани материјали за гаранција на долг и сигурен работен век на производството, со рециклирани пластични материи што делумно се дури и биолошки разградливи
- Модуларна изведба со намален вариетет на компоненти што лесно се заменуваат, за уште подолг работен век на производството
- Одржлива и CO2-неутрална изработка и процеси во нашите европски фабрики
Изведба
Компактна, подготвен за приклучување, целосно преплавлив систем за одведување на отпадна вода со единечна пумпа за транспорт на отпадна вода што содржи фекалии.
Примена
Како систем за одведување на отпадна вода на надземна инсталација или инсталација пред ѕидот во згради или за подземна инсталација во пумпните шахти:
- Ако отпадната вода не може да се испушти директно во канализацијата преку природен пад
- За одводнување заштитено од повратен тек, кога точката на истекување е под нивото на повратниот притисок
Течности
За собирање и транспорт на овие медиуми во комерцијалните зони:
- Отпадна вода со фекалии
- Отпадна вода без фекалии
C-изведбата е дизајнирана за транспорт на агресивни медиуми:
- Кондензат од котли
- Езерска и морска вода
Макс. содржина на NaCl (солена вода): 30 g/l до 20 °C - Вода за олимписки базен, макс. содржина на хлор: 400 mg/l
- Нечиста вода, лесно закиселена со pH-вредност од > 3,5
- Деминерализирана/прочистена вода
Пренесување отпадна вода според 12050
Системот за одведување на отпадна вода е во согласност со стандардот DIN EN 12050-1.
Опрема/функција
- Приклучна табла со аларм и сигнализација на збирна грешка
- Подготвена за вклучување
- Резервоар со ревизиски отвор и провиден капак
- Сензор за ниво 4 – 20 mA за мерење на ниво
- Неповратни вентили со ревизиски отвор
- Термичко надгледување на моторот со биметален сензор
Означување на типот
Пример: | DrainLift SANI-S.11/T540/3C-CEE |
DrainLift | Фамилија на производи |
SANI | Постројка за одведување на отпадна вода |
S | Големина |
11 | Макс. напор во m кај Q = 0 |
T | Приклучување на мрежа:
|
540 | Електрична големина:
|
3 | Изведба на мотор и приклучна табла:
|
C | Изведба за агресивни медиуми |
CEE | Утикач:
|
Технички податоци
- Приклучување на мрежа: 1~230 V, 50 Hz; 3~400 V, 50 Hz
- Начин на работа: S3 10%
- Температура на медиум: 3…40 °C (37 … 104 °F), макс. 65 °C (149 °F), 5 минути
- Макс. температура на околина: 3 … 40 °C (37 … 104 °F)
- Зафатнина на резервоар: 47 литри (12,5 галони)
- Макс. корисен волумен во резервоарот според приливна висина: 25 литри (6,5 галони) (180 mm*)/32 литри/8,5 галони (250 mm*)
- Потисен приклучок: DN 80, PN 10
- Приливен приклучок: DN/OD 110; DN/OD 90
- Приклучок за обезвоздушување: DN/OD 50
- Вид на заштита на систем за одведување на отпадна вода: IP68 (2 mWs/7 d)
- Вид на заштита на приклучна табла: IP54
- Ниво на бучава: 70 dB(A)
Материјали
- Куќиште на мотор: 1.4404 (AISI 316L)
- Хидраулика: PP-GF30
- Работно коло: PP-GF30
- Резервоар: PE
- Неповратен вентил: PPS
Конструкција
Собирен сад непропустлив за гас и вода:
- Накосено дно
- Ревизиски отвор со проѕирен капак
- Слободен избор на приливи во прикажаните области
- Мерење на ниво со сензор за ниво 4 – 20 mA
Пумпа за отпадна вода:
- Монтажа директно на собирен сад
- Мотор со површинско ладење (ладење со воздух) и термичко надгледување на моторот
- Потисен приклучок со неповратни вентили и со прикачен ревизиски отвор
Поврзани приклучни табли за автоматска работа:
Wilo-Control MS-L
- Сигнализација на збирна грешка преку безнапонски контакт
- Вграден аларм со безнапонски контакт
- Времето за престанување со рабоа по исклучувањето може да се нагодува
- Кабел за поврзување 1,5 m со претходно монтиран утикач (изведбата „O“ се испорачува без утикач)
Wilo-Control EC-L
- Ракување преку дисплеј и алфанумеричко мени базирано на симболи
- Сигнализација на збирна грешка преку безнапонски контакт
- Сигнализација на единечна грешка преку безнапонски контакт
- ModBus-интерфејс
- Вграден аларм со безнапонски контакт
- Времето за престанување со рабоа по исклучувањето може да се нагодува
- Кабел за поврзување 1,5 m со претходно монтиран утикач (изведбата „O“ се испорачува без утикач)
Опсег на испорака
- Систем за одведување на отпадна вода со приклучна табла и кабел за поврзување со утикач (изведба „O“ се испорачува без утикач!)
- Прирабнички фитинзи од DN 80, PN 10 до DN/OD 110
- Флексибилна манжетна DN/OD 110 за приклучок за испуштање
- HT-двојна спојка DN/OD 50 за приклучокот за обезвоздушување
- HT-двојна спојка DN/OD 50 за приклучокот за празнење
- Прилив со прободна кружна пила 124 mm (5 цоли) и заптивање за HT-цевка DN/OD 110
- Комплет за прицврстување на под
- Подлога за звучна изолација
- Акумулатор 9 V
- Упатство за вградување и работа
Опции
- Изведба за агресивни медиуми со ModBus-приклучок
Упатство за вградување и работа
Памфлет за сертифицирање
Опис на производ | Работен режим за секоја пумпа | Мрежен утикач | Приклучување на мрежа | Број на производ | |
---|---|---|---|---|---|
DrainLift SANI-S.11/M523/1-EF | S3-10% | CEE7/7 (Шуко) | 1~230 V, 50 Hz | 6098869 | |
DrainLift SANI-S.11/M523/3C-EF | S3-10% | CEE7/7 (Шуко) | 1~230 V, 50 Hz | 6098870 | |
DrainLift SANI-S.11/T540/1-CEE | S3-10%, 60 s | CEE 16A, 3P+N+PE, 6h | 3~400 V, 50 Hz | 6098871 | |
DrainLift SANI-S.11/T540/3C-CEE | S3-10%, 60 s | CEE 16A, 3P+N+PE, 6h | 3~400 V, 50 Hz | 6098872 |