Wilo-Economy CO/T-1 Helix V
Wilo-Economy CO/T-1 Helix V.../CE
Особености/предности на производот
- Компактна постројка подготвена за приклучување, за сите примени кои бараат системско одвојување
- Робустна постројка благодарение на високопритисни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, од серијата Helix V
- Едноставно дефинирање на поставките и сигурна работа благодарение на применетата EC приклучна табла
Препорачани сервисни услуги
Wilo-CO/T-1 Helix V.../EC
Изведба
Постројказа водоснабдување со системско одвојување и нормалновшмукувачка високопритисочна центрифугална пумпа
Примена
- автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и деловни објекти, хотели, болници, стоковни куќи, како и во индустриски системи
- Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки
Опрема/функција
- 1 пумпа од серијата Helix V
- Максимален број на степени: 14
- PE-акумулационен резервоар, со атмосферско проветрување (150 l)
- Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
- Затворачки вентил, од притисочната страна
- Неповратен вентил, од вшмукателната страна
- Акумулационен раезервоар со вклучен пливачки вентил и пливачки прекинувач (сигнализатор за неодстиг на вода)
- Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, од притисочната страна
- Осигурување од недостаток на вода
- EC-регулација со куќиште IP54 од пластика составено од внатрешен мрежен дел, микропроцесор, аналогни и дигитални влезни и излезни модули
Означување на типот
Пример: | Wilo-Economy CO/T-1 Helix V 403/EC |
Economy | Фамилија на производи системи за зголемување на притисокот |
CO | Опис на серијата |
T | Со вграден акумулационен резервоар за системско одвојување |
1 | Број на пумпи |
Helix | Опис на серијата на пумпата |
V | Конструкција на пумпа, вертикална |
4 | Номинален проток на пумпа Q [m3/h] |
03 | Број на степени на пумпата |
EC | Контролен уред (Economy Control) |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа 3~230/400 V ±10 %, 50 Hz (други изведби на барање)
- Температура на медиум макс. 40 °C
- Температура на околина макс. 40 °C
- Работен притисок 16 бара
- Приливен притисок 6 бара
- Степени на номинален притисок 6/10/16 бара
- Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна Rp 1 ¼"
- Приклучни номинални дијаметри од приливната страна Rp 1 ¼"
- Номинален број на вртежи 2900 1/мин
- Вид на заштита IP54
- Прекинувачка моќност P2 макс. при макс. 10 A = 4 kW (при дополнително вклучен електромеханички удел на моќност > 4 kW)
- Осигурување од страната на мрежата AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
- Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки
- Чиста вода без талог
- Потрошна вода, ладна вода, вода за ладење и дождовница
- Вода за пиење
- Вода за гасење
Материјали
- Ротори и степенести комори од не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
- Куќиште на пумпата нерѓосувачки челик 1.4301/1.4404
- Вратило не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
- Заптивка EPDM (EP 851)/FKM (Витон)
- Капак на куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
- Долен дел од куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
- Механичка заптивка B-јаглен/волфрамкарбид, SiC/јаглен
- Притисочна обвивка не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
- Лежиште волфрамкарбид
- База на пумпата EN-GJL-250
- Цевковод од племенит челик 1.4307
Конструкција
- Постројка за водоснабдување, подготвена за приклучување, монтирана на PE основна плоча, со комплетен цевковод, вклучувајќи ги сите потребни арматури и затворачи (без затворачки уред од приливната страна), монтажен комплет за сензор за притисок, високопритисочна центрифугална пумпа од нерѓосувачки челик во изведба со сув ротор (серија Helix V) и EC-контролор монтиран подготвен за приклучување и ожичен; во контролниот уред има електроника за активирање заради осигурување од недостаток на вода
- Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 поставен од крајната притисочна страна, со мембрана од бутил гума, која не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи, опремена со затворачки вентил, заради проверка и ревизија, со празнење и проточен уред според DIN 4807
- Регулатор: постројката е опремена со EC-контролор во стандардна изведба
- Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на крајната притисочна страна за активирање централен EC-контролор
- Приказ на притисокот: Манометар на крајната притисочна страна; дополнителен дигитален приказ на крајниот притисок на алфанумеричкиот дисплеј на EC-контролор
Опсег на испорака
- Фабрички нагодена и монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
- Упатство за вградување и работа
Опции
Други приклучоци на мрежа на барање