Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Wilo-EMU 14" ... 24" | Wilo
Вашите предности
Wilo-EMU D, DCH, NK, K, KD, KM, SCH

Особености/предности на производот

  • Хидрауликата приспособена на работна точка овозможува енергетски ефикасна работа
  • Мотори што се конфигурираат поединечно и материјали за дозволената работа во секој случај на примена
  • Изведба за вода за пиење со ACS дозвола
  • Мотори со ладење со млазна обвивка (технологија-CoolAct) за поголема густина на моќноста
  • Мотори што може повторно да се намотуваат и лесно се одржуваат
  • Примена како систем за зголемување на притисокот во притисочна обвивка
  • За поголема ефикасност, хидрауликата може да е обложена со Ceram CT
  • За да избегнете таложење и да постигнете долг работен век, Ceram CP-внесување слоеви е опционално понудено
Опис на серијата
EMU 10"…24", 2-pole

Изведба

Повеќестепена 14...24" подводна пумпа во членковидна изведба, за вертикална и хоризонтална инсталација

Примена

  • Снабдување на вода и на вода за пиење од бушотини, бунари и цистерни
  • Снабдување со потрошна вода
  • комунално водоснабдување
  • Наводнување со вештачки дожди наводнување
  • Зголемување на притисок
  • За транспорт на вода во индустриската примена и за задржување на водата
  • Експлоатација на геотермална енергија
  • Експлоатација во подрачјето од надвор од брегот

Опрема/функција

  • Повеќестепена подводна пумпа со радијални или полуаксијални работни кола
  • Хидрауликата и моторот можат слободно да се конфигурираат зависно од потребната моќност
  • Вградлив неповратен вентил (зависно од типот)
  • Трифазен мотор за директно активирање или за активирање ѕвезда-триаголник
  • Херметички залиени мотори
  • Мотори со калеми за повторно намотување

Означување на типот

Пример:

Wilo-EMU K 146.1 S-4 + NU 122T-2/90

Хидраулика:

K 146S

K 146

Хидраулика

.1

Изведба на материјал од висок степен

S

Опција: Одвртено работно коло

4

Број на степени

Мотор:

NU 122T-2/90

NU

Подводен мотор

122

Монтажна големина (5… , 6… = 6"; 7…, 8… = 8"; 9… = 10"; 12… = 12"; 16… = 16"; 21… = 21")

T

Опција: Полнење на мотор - вода за пиење

2

Бр. на полови

90

Должина на пакет

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Макс. температура на медиум (повисоки температура на барање):
    • NU 5... / NU 6… / NU 7… / NU 811 = 30 °C
    • NU 801 / NU 9... / NU 12.. / NU 16… / U… = 20 °C
  • Минимално струење кај моторот:
    • NU 5... / NU 7... = 0,16 m/s
    • NU 611 = 0,1 - 0,5 m/s
    • NU 811 = 0,5 m/s
    • NU 801 / NU 9... / NU 12… / NU 16… / U... = 0,1 m/s
  • Макс. содржина на песок: 35 g/m3
  • Макс. број стартувања: 10/h
  • Макс. длабочина на потопување:
    • NU 5…, NU 7… = 350 m
    • NU 611, NU 811 = 100 m
    • Останати мотори = 300 m
  • Вид на заштита: IP68
  • Контролно подрачје за фреквентен конвертор:
    • NU 5... / NU 6… / NU 7… / NU 811 / U 21… = 30-50 Hz
    • NU 801 / NU 911 / NU 12… / NU 16… (двополен) = 25-50 Hz
    • NU 801 / NU 911 / NU 12… / NU 16… (четириполен) = 30-50 Hz

Конструкција

Подводна пумпа за вертикална или за хоризонтална монтажа.

Хидраулика

Повеќестепена подводна пумпа со радијална до полуаксијална хидраулика. Делови на куќиштето од EN-GJL или EN-GJS со облога 2K или G-CuSn10, работни кола од G-CuSn10 или NiAl-Bz.

Потисен приклучок како навоен приклучок (до K 12...) или како прирабнички приклучок. Кај типовите K 12..., K 14… може наместо потисниот приклучок да се вгради неповратен вентил. Кај останатите типови можно е надградување на неповратниот вентил директно на потисната страна.

Мотор

Трифазен мотор за директно активирање и за активирање везда-триаголник. Задихтуван, херметички залиен мотор со намотка изолирана со лак , потопен во смола (NU 5…, NU 7…) или со мотор кој може одново да се намота, со намотка со PVC изолација (NU 611, NU 8…, NU 9…, NU 12…, NU 16…, U…).

Стандардизирано приклучување на пумпа Заптивањето на моторното вратило се изведува со лизгачка механичка заптивка (сериите NU…) од чист силициум-карбид или со заптивни прстени на вратило (серија U…). Самоподмачкувачки лежишта на мотор. Аксијални лежишта за со сегменети за навалување, за преземање на високите аксијални оптоварувања. Негативниот аксијален потисокј се презема преку контра-аксијалното лежиште.

Моторите од серијата NU 5…-, NU 7…-, NU 801, NU 9…-, NU 12…- и NU 16…се наполнети со мешавина од вода-гликол, а моторите од серијата NU 611- и NU 811 се наполнети со мешавина од вода-глицерин. Алтернативно, моторите од серијата NU 611-, NU 8…-, NU 9…-, NU 12… и NU 16…можат да се наполнат со вода за пиење (изведба T). Моторите од серијата U… во принцип мора да се наполнат со вода за пиење. Дозволена е работа со фреквентен конвертор (SF 1.1)

Ладење

Ладењето на моторот се изведува преку транспортираниот медиум. Моторот секогаш мора да се пушта во работа потопен . Мора да се запазат граничните вредности за макс. температура на медиум и за минимална брзина на течење. Вертикалното поставување може по избор да се изведе со или без обвивка за млазно ладење. При хоризонтално поставување на подводната пумпа, за потпирање мора да се користат носачи на лежиште. За подобрување на приливното струење може да се употреби плоча против вртложење или обвивка за млазно ладење.

Притисочна обвивка

Притисочната обвивка служи за директна монтажа на агрегатот во системот на цевководот. Стандардно не се вградува неповратен вентил. Максималниот приливен притисок изнесува 10 бара или 5 бара од пресек на прритисочна обвивка од 559 mm.

Опсег на испорака

  • Хидрауликата е веќе монтирана заедно со моторот
  • Приклучен кабел со одобрение за вода за пиење, пресек и должина на кабел како стандардна опрема или по желба на клиентот
  • Упатство за вградување и работа

Опции

  • Специјални материјали
  • Спроведување на вода за пиење со ACS дозвола
  • Изведба со 60 Hz
  • PT100-сензор за термичко надгледување на моторот

Опрема

  • Цевки со разладна обвивка
  • Притисочна обвивка
  • Носачи на лежиште и плоча против вртложење
  • Неповратен вентил
  • Премини
  • Приклучни уреди
  • Монтажен комплет на пластични стеги за кабли
Документи

Упатство за вградување и работа

Submersible motor pump - motor pre-filled

Број на производ 6094322
Издание 2007-05
Број на страници 72
Јазик en
PDF (1 MB)

Submersible motor pump - motor non-filled

Број на производ 6094323
Издание 2007-05
Број на страници 72
Јазик en
PDF (1 MB)

Submersible motor pump in booster shroud - motor pre-filled

Број на производ 6094324
Издание 2007-05
Број на страници 60
Јазик en
PDF (922 KB)

Submersible motor pump in booster shroud - motor non-filled

Број на производ 6094325
Издание 2007-05
Број на страници 68
Јазик en
PDF (1 MB)

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)