Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Wilo-EMU KS | Wilo
Вашите предности
Wilo-EMU KS 24

Особености/предности на производот

  • Долг работен век благодарение на цврстата конструкција
  • Голема безбедност при работа благодарение на континуирана работа и работа со сркање
  • Едноставно ракување со кабел за поврзување со утикач
  • Едноставна ракување преку дограден пливачки прекинувач (изведба Ѕ)
Опис на серијата
Wilo-EMU KS

Изведба

Потопна пумпа за нечиста вода

Примена

Транспорт на

  • Нечиста вода
  • Потрошна вода

Опрема/функција

  • Приклучен кабел со утикач
  • Изведба Ѕ со дограден пливачки прекинувач
  • Мотор со ладење со масло (до големина 20)
  • Ладење со млазна обвивка (од големина 24)

Означување на типот

Пр.:

Wilo-EMU KS 15x

KS

Потопна пумпа за нечиста вода

15

Монтажна големина

x

Изведба

  • E: Монофазен мотор
  • ES: Монофазен мотор со пливачки прекинувач
  • МК: Трифазен мотор
  • DS: Трифазен мотор со пливачки прекинувач
  • DMS: Трифазен мотор со пливачки прекинувач и разводна кутија со заштитен прекинувач на моторот
  • E0: Монофазен мотор со слободен крај на кабелот
  • D0: Трифазен мотор со слободен крај на кабелот
  • GG: Куќиште на мотор од сиво леано железо
  • Ceram: Агреграт со Ceram-облога
  • Ex: дозволено за експлозивни подрачја
  • Z: Центрична притисочна наставка
  • H: работно коло за висок притисок
  • M: работно коло за среден притисок
  • N: Нископритисочно работно коло

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 1~230  V, 50 Hz или 3~400 V, 50 Hz
  • Вид на заштита: IP68
  • Макс. длабочина на потопување: 12,5 m
  • Температура на транспортиран медиум: 3 … 40 °C
  • Должина на кабел: 10 m или 20 m
  • Потисни приклучоци: Storz-спојување големина C до A (зависно од типот)

Материјали

  • Куќиште на мотор: Al или EN-GJL 250 (зависно од типот)
  • Куќиште на пумпа: EN-GJL 250
  • Работно коло: EN-GJL 250
  • Вратило: 1.4021
  • Заптивање:
    • Од страната на моторот: C/Cr или C/керамика
    • На страна на медиумот: SiC/SiC
  • Статички заптивки: FPM

Конструкција

Потопна пумпа за нечиста вода како преплавлив блок-агрегат за преносливо водено поставување.

Хидраулика

Спуштањето од притисочната страна е изведено со вертикални навојни врски со Storz-спојување. Се применуваат отворени канални работни кола.

Мотор

До големина 20 се применуваат мотори со сопствено ладење во монофазна или трифазна изведба. Моторите со сопствено ладење се наполнети со масло. Од големина 24 се применуваат моторите со пасивно ладење во трифазна изведба со термичко надгледување на моторот и ладење со млазна обвивка.

Екс-агрегати KS ... Агрегатите за екслпозивни подрачја се опремени со мотор со пасивно ладење, односно без ладење со млазна обвивка.

Сите типови можат да се применуват и потопени и непотопени при континуирана работа. Со тоа се овозможува и погон на сркање.

За заштита на моторот од продирање на медиумот обезбедена е заптивна комора. Употребениот медиум за полнење е потенцијално биолошки разградлив и не ја загрозува животната средина.

До големината 20, должината на кабелот за поврзување што се одвојува изнесува 10 m. Од големината 24, кабелот за поврзување цврсто приклучен и должината на кабелот изнесува 20 m. Кабелот за поврзување е секогаш опремен со утикач. Изведбата S е дополнително опремена со пливачки прекинувач. Изведбата DMS е опремена со приклучна табла со вградена заштита на мотор.

Заптивање

Заптивањето од страната на медиумот и од страната на моторот се изведува со две лизгачки механички заптивки кои не се зависни од насоката на вртењето.

Опсег на испорака

  • Пумпа со кабел за поврзување и утикач
  • S-изведба дополнително со пливачки прекинувач
  • Притисочна наставка со Storz-цврста спојка
  • Упатство за вградување и работа

Опрема

  • Комплет на притисочни црева со Storz-спојка
  • Уред за длабоко вшмукување
  • Алармни приклучни табли
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-EMU KS

Број на производ 6061732
Издание 2018-05
Број на страници 40
Јазик en
PDF (2 MB)

Памфлет за сертифицирање

Wilo-EMU KS

Број на производ 6080667
Издание 1606
Број на страници 8
Јазик Јазично неутрално
PDF (324 KB)

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)
Избор на производ
Број на пребарувања: 58
Притисочна наставка
Номинална моќност на мотор P2
0.75 … 7.5 kW
[58]
Приклучување на мрежа
Заштита од експлозија
Пливачки прекинувач