Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Wilo-EMUport FTS | Wilo
Вашите предности
Wilo-EMUport FTS

Особености/предности на производот

  • Највисока работна безбедност преку одвојување на цврстите материи од отпадната вода: Големите цврсти материи не мораат да поминуваат низ пумпата – нема затнување
  • Економично благодарение на систем Retrofit за едноставно санирање на старите пумпни станици
  • Долг век и отпорност на корозија преку примена на материјалот PE-HD
  • Флексибилно скалирање според вашите побарувања
  • Лесно се одржува благодарение на суво поставување и лесен пристап од надвор
  • Флексибилно поставување во згради или во шахти со дијаметар од 1,500 mm
  • Заштеда на струја преку изборна потопна пумпа за отпадна вода со IE3 мотори
Опис на серијата

Изведба

Индивидуално приспособлива постројка за одведување отпадна вода со систем за отстранување цврсти материи за поставување во згради или на шахта за надворешно поставување.

Примена

Транспортот на сирова отпадна вода, којашто не се спроведува низ систем на канали со природен пад може да содржи и предмети коишто пловат под нивото на повратниот притисок (според DIN EN 12056/ DIN 1986-100).

Опрема/функција

  • Постројка за одведување отпадна вода со систем за одвојување на цврстите материи
  • 2 одделни резервоари за издвојување на цврстите материи
  • две суво поставени потопни пумпи за отпадна вода за наизменична работа
  • Пумпи од вид на заштита IP55 или IP68
  • Достапно и со мотор IE3
  • Рагистрирање на нивото по желба на клиентот

Означување на типот

Пр.:

Wilo-EMUport FTS FG 1500

FTS

Систем за отстранување цврсти материи (индивидуална изведба)

F

Изведба (M = компактна изведба, F = голема изведба)

И

Начин на поставување (G = во зграда, S = со PE-HD-шахта)

1500

FG = надворешен пречник на собирен сад во mmFS = пречник на шахта во mmMG = длабочина на вградување под долно ниво на прилив во mmMS = внатрешен пречник на шахта во mm

Технички податоци

  • Макс. прилив: FTS M…: 35 m³/h; FTS F…: 600 m3/h
  • Макс. корисна зафатнина на резервоар: FTS M…: 700 l; FTS F…: 12000 l
  • Макс. напор: FTS M…: 50 m; FTS F…: 80 m
  • Длабочина на вградување под долно ниво Прилив: 400…2300 mm
  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz

Материјали

  • Собирен сад: PE-HD
  • Резервоар за издвојување на цврстите материи: PE-HD
  • Цевковод: PE-HD
  • Арматури: Сиво леано железо
  • Пумпи: Сиво леано железо
  • Шахта: PE-HD (кај системи FTS MS и FTS FS)

Конструкција

Целосно преплавлива постројка за одведување отпадна вода подготвена за приклучување со издвојувач на цврсти материи. Цобирен сад отпорен на гасови и вода без конструкција на заварени спојки, како и две одделни резервоари за издвојување на цврстите материи. Собирниот сад е заоблен и собирниот под е накривен. Со тоа е спречено таложење и потопување на цврстите материи. Со помош на предфилтерот во резервоарот за издвојување на цврстите материи се филтрираат цврстите материи од медиумот и само претходно филтрираната вода оди во собирен сад. Транспортот следува со помош на две целосни потопни пумпи за отпадна вода во изведба IP55 или IP68 во суво поставување. Пумпите се изведени како редундантна двојна пумпна постројка и работаат наизменично. Управувањето со нивото може да се изведува преку пливачки прекинувач или сонда за ниво.

Системот може да се опреми по желба со автоматско повратно плакнење во собирниот сад и директно да се вгради на шахта од PE-HD. За управување може да се одбере соодветна приклучна табла од SC-L- и CC-L како опрема.

Опсег на испорака

  • Монтирана постројка за одведување на отпадна вода
  • Две пумпи за отпадна вода
  • Единечно затворање на резервоарот за цврсти материи
  • Спојување на притисочни цевки со мазен крај на цевката
  • Арматури

Опции

  • Други големини на садот можат да се изработат по желба на клиентот, на пр. врз основа на локално монтажни отвори или димензии на вратите.
  • Индуктивен уред за мерење на проточната количина со лизгач
  • Контролен уред со регистрација на ниво
  • Осветление
  • Вентил за приливот
  • Прирабники испуст за доводна и потисна цевка
  • Приклучок за миење
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-EMUport FTS MG...., MS..., FG..., FS...

Број на производ 6046657
Издание 2013-09
Број на страници 156
Јазик cs, de, en, fr, pl, ro, ru, sl
PDF (5 MB)

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)