Wilo-FLA-2
Wilo-FLA 2 Helix V 3604
Особености/предности на производот
- Робусна постројка со 2 повеќестепени високопритисни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик од сериите Helix FIRST V или MVI, коишто ги исполнуваат сите барања на DIN 1988 и DIN 14462:2012
- Апсолутна работна сигурност при работа кај системи со 2-пумпи преку 100 % редунданса
- Едноставно регулирање и работна сигурност благодарение на уредот за ракување FLA
- Однапред дефинирани поставки на придушен вентил од притисочната страна на пумпата за заштита на пумпата при слаб проток
FLA
Изведба
Постројка за зголемување на притисокот за противпожарни системи со посредно приклучување во согласност со DIN 14462:2012.
Со 2 вертикални високопритисочни центрифугални пумпи од не’рѓосувачки челик во изведба со сув ротор
Примена
Автоматско водоснабдување за противпожарни системи со ѕиден хидрант од типот „F“ во станбени, деловни и јавни објекти, хотели, болници, трговски центри, како и во канцелариски и индустриски објекти
Опрема/функција
- 2 пумпи од серијата Helix FIRST V 16, 22, 36, 52 или MVI 70, опремени со мотори IE2
- Автоматско управување со пумпи преку уред за ракување FLA
- Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
- Основна рамка од поцинкуван челик, со висинско поместување на придушувачите на осцилации, за изолација од вибрациона бучава
- Цевковод од племенит челик 1.4301
- Погонски топчест вентил или прстенест зтворачки вентил на секоја пумпа, од вшмукателната и од притисочната страна
- Неповратен вентил, од притисочната страна
- Придушен вентил од не’рѓосувачки челик 1.4571 од притисочната страна на секоја пумпа
- Притисочен прекинувач, од притисочната страна
- Манометар, од притисочната страна
- Мембрански притисочен сад 8 l, PN 16, поставен на притисочната страна
- Опрема: Атмосферски проветрен акумулационен раезервоар во согласност со DIN 14462:2012 со слободно истекување во согласност со EN 13077, тип AB во согласност со DIN EN 1717
Означување на типот
Пример: | Wilo- FLA – 2 Helix V 2204 PN10 |
FLA | Постројка за гасење пожар |
2 | Број на пумпи |
Helix V | Серија на пумпи |
22 | Номинален проток [m3/h] |
04 | Број на степени на пумпата |
PN10 | Регулирање на притисок до 10 бари (зависно од типот на пумпата) |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
- Температура на медиум макс. 50 °C
- Работен притисок 10 или 16 бара
- Приливен притисок од акумулационен резервоар < 1 бар
- Номинален приклучен дијаметар од притисочната страна R 2" - DN 125
- Номинален приклучен дијаметар од вшмукателната страна Rp 2"- DN 125
- Степен на заштита, уред за ракување IP 54
Материјали
- Ротор, погонски кола, степенесто куќиште од нерѓосувачки челик 1.4307
- Куќиште на пумпа од EN-GJL-250 со KTL-облога
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
- 1.4404 заштитен муф на вратило
- Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
- Цевковод од племенит челик 1.4301
Конструкција
- Основна рамка: Произведена од галвански поцинкуван челик и опремена со придушувачи на осцилации со висинско поместување, за опсежна изолација од вибрационата бучава; други изведби на барање
- Цевковод: Комплетен цевковод од нерѓосувачки челик 1.4301, наменет за приклучување на цевки од сите вообичаени материјали; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на FLA- системот за зголемување на притисокот
- Пумпи: Пумпи од серијата Helix FIRST V 16, 22, 36, 52 и MVI 70; сите делови на оваа пумпа кои се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик/EN-GJL-250 KTL-облога. Дополнителни информации за пумпата се наведени во делот од каталогот „Високопритисна центрифугална пумпа“
- Арматури: На секоја пумпа, на неповратниот вентил постои иглест вентил од 1.4571, за враќање на протокот за бајпас до предрезервоарот. Сите вентили и арматури се запечатени и обезбедени од неовластено менување на поставките. Пумпите се опремени со автоматски вентил за обезвоздушување на горната страна на хидрауликата.
- Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 поставен од крајната притисочна страна. Заради ревизија и проверка, опремен со специјална проточна арматура, која го овозможува затворањето и празнењето на мембранскиот притисочен сад
- Притисочен прекинувач: Притисочен прекинувач, поставен од крајната притисочна страна, за активирање на централниот регулатор на постројката за гасење пожар
- Приказ на притисокот: Манометар (ø 63 mm) од крајната притисочна страна; дополнителен дигитален приказ на работниот притисок и на параметрите за нагодување во регулаторот на постројката за гасење пожар
- Управувачки уред/регулатор: Постројката е опремена со специфичен регулатор на постројката за гасење пожар во стандардна изведба
Опсег на испорака
- Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
- Амбалажа
- Упатство за вградување и работа