Wilo-Flumen EXCEL-RZPE 20 ... 40
Безбеден транспорт на отпадна вода во постројка за прочистување при голем проток и мал напор.
Безбеден транспорт на отпадна вода во постројка за прочистување при голем проток и мал напор.
Високо ефикасните серии на Wilo-Flumen EXCEL-RZPE гарантираат сигурна и континуирана работа што не подлежи на таложење при транспорт на отпадна вода од базените за денитрификација назад во коритото за денитрификација. Рециркулирачките пумпи од Wilo се идеални за работа со регулиран број на вртежи со фреквентен конвертор за да се постигне енергетски ефикасна регулација зависно од оптоварувањето на постројките за прочистување.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Безбедна континуирана работа преку пропелери што не се заглавуваат и струјно куќиште што не подлежи на таложење.
- Голема безбедност при работа преку примена на пропелери од фин нерѓосувачки челик
- Намалување на енергетските трошоци благодарение на високиот степен на ефикасност на пумпата и IE3 мотор во стандардна изведба
- Дизајн според димензионирање на клиентот земајќи ги предвид различните дијаметри на цевка и протоци на волумен
- Едноставно приспособување на параметрите на постројката преку работа со фреквентен конвертор
- Едноставна монтажа и демонтажа дури и ако коритото е полно преку уред за спуштање и спојки без завртки
- Едноставна замена преку адаптација на постојната инсталација
Изведба
Рециркулирачка пумпа: Мешалка со потопен мотор, со директен погон со вградено струјно куќиште.
Примена
- Рециркулација помеѓу нитрификација и денитрификација во биолошки третирање на отпадна вода
- Враќање на повратна мил, во корито за активирање или за обработка на мил
- Циркулација на вода за аква култура (рибник)
- Специјални примени
Течности
За спроведување течности во комерцијални услови:
- Отпадна вода со фекалии
- Повратна мил
- Процесна вода
Опрема/функција
- Термичко надгледување на моторот со биметален сензор
- Потопен мотор IE3(со поддршка на IEC 60034-30)
- Струјно куќиште
- Можна е работа со фреквентен конвертор
Означување на типот
Пример: | Wilo-Flumen EXCEL-RZPE 40-1.95-6/24Ex S8 |
Flumen | Мешалка со потопен мотор, хоризонтална |
EXCEL-RZPE | Серија: Пумпа за рециркулација со асинхрон мотор IE3 |
40 | x10 = номинален пречник на пропелер во mm |
1 | Модел |
95 | x10 = номинален број на вртежи на пропелер во 1/мин |
6 | Бр. на полови |
24 | x10 = должина на пакет на статор во mm |
Ex | Дозволено за експлозивни подрачја |
S8 | Код на пропелер за специјален пропелер (отпаѓа кај стандардни пропелери) |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
- Температура на медиум: 3 ... 40 °C (37 ... 104 °F)
- Потопен работен режим: S1
- Вид на заштита: IP68
- Класа на изолација: H
- Макс. зачестеност на вклучување: 15/ч
- Макс. длабочина на потопување: 20 m (66 ft)
Материјали
- Куќиште на мотор: 1.4408 (ASTM A 351) или EN-GJL-250 (ASTM A48 Class 35/40B)
- Заптивно куќиште: 1.4408 (ASTM A 351)
- Заптивање:
- Од страната на моторот: SiC/SiC или NBR (Nitril)
- На страна на медиумот: SiC/SiC
- Пропелер: 1.4408 (ASTM A 351)
- Струјно куќиште: 1.4571 (AISI 316TI)
Конструкција
Хидраулика
Пропелер од чист материјал со геометрија на пропелер без заплеткување. Струјно куќиште што не подлежи на таложење со водечка канџа и две прирабнички канџи. Водечката канџа помага за функција без триење при кревање и спуштање на рециркулирачката пумпа. Прирабничките канџи може да се подесуваат, гарантираат оптимално центрирање на притисочната цевка и ја стабилизираат рециркулирачката пумпа при висок работен притисок.
Алтернативно изведба со прирабничко поврзување за директно навртување на притисочната цевка.
Мотор
Потопен мотор со пасивно ладење во трифазна изведба со наизменична струја со трајно подмачкување и големи димензионирани валчести лежишта. Намотката на моторот е опремена со надгледување на температурата. Топлината на моторот се предава од куќиштето директно на медиумот. Кабелот за поврзување е димензиониран за тешки механички оптоварувања, залиен е за да е отпорен на притисокот од медиумот и должински отпорен е на вода. Стандардно кабелот за поврзување има слободни краеви и должина од 10 m (33 ft).
Потопниот мотор ја исполнува класата на енергетска ефикасност IE3 (со поддршка на IEC 60034-30).
Заптивање
Заптивна комора со голем волумен со двоен заптивен прстен на вратило. Заптивната комора е исполнета со бело масло и го презема протекувањето од заптивањето од страна на медиумот. Од страна на медиумот е вметната лизгачка механичка заптивка отпорна на корозија и на абење. Заптивањето од страната на моторот се прави со радијална заптивка на вратило или механичка заптивка.
Опсег на испорака
- Рециркулирачка пумпа со вградено струјно куќиште и кабел за поврзување
- Упатство за вградување и работа
Опции
- Термичко надгледување на моторот како регуларот и ограничувач на температура
- Термичко надгледување на моторот со PTC-сензор
- Температура на медиумот до 60 °C (140 °F) независно од типот на мотор и оптоварувањето на моторот
- Надгледување на заптивна комора
- Дозволено за експлозивни подрачја според ATEX, FM и IEC-Ex
- Ceram облога на куќиштето од сиво леано железо
Опрема
- уред за спуштање
- Помошен уред за подигање
- Столб за сајла за осигурување на сајлата за подигнување
- Дополнително закотвување на сајлата
- Комплети за прицврстување со котва за поврзување