Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Wilo-Flumen OPTI-RZP 50 ... 80 | Wilo

Wilo-Flumen OPTI-RZP 50 ... 80

Безбеден транспорт на отпадна вода во постројка за прочистување при голем проток и мал напор.

Вашите предности
НОВО
Пумпа за рециркулација (DN 500) - фиксна изведба за приклучок на цевки

Безбеден транспорт на отпадна вода во постројка за прочистување при голем проток и мал напор.

Високо ефикасните серии на Wilo-Flumen OPTI-RZP гарантираат сигурна и континуирана работа што не подлежи на таложење при транспорт на отпадна вода од базените за денитрификација назад во коритото за денитрификација. Пумпите за рециркулација од Wilo се идеални за работа со регулиран број на вртежи со фреквентен конвертор за да се постигне енергетски ефикасна регулација зависно од оптоварувањето на постројките за прочистување.

Препорачани сервисни услуги


Особености/предности на производот

  • Безбедна континуирана работа преку пропелери што не се заглавуваат и струјно куќиште што не подлежи на таложење.
  • Голема безбедност при работа преку примена на пропелери од фин нерѓосувачки челик
  • Намалување на енергетските трошоци благодарение на високиот степен на ефикасност на пумпата
  • Дизајн според димензионирање на клиентот земајќи ги предвид различните дијаметри на цевка и протоци на волумен
  • Едноставно приспособување на параметрите на постројката преку работа со фреквентен конвертор
  • Едноставна монтажа и демонтажа дури и ако коритото е полно преку уред за спуштање и спојки без завртки
  • Едноставна замена преку адаптација на постојната инсталација
Опис на серијата

Изведба

Пумпа за рециркулација: Мешалка со потопен мотор со едностепен планетен погон и вградено струјно куќиште.

Примена

  • Рециркулација помеѓу нитрификација и денитрификација во биолошки третирање на отпадна вода
  • Враќање на повратна мил, во корито за активирање или за обработка на мил
  • Циркулација на вода за аква култура (рибник)
  • Специјални примени

Течности

За спроведување течности во комерцијални услови:

  • Отпадна вода со фекалии
  • Повратна мил
  • Процесна вода

Опрема/функција

  • Термичко надгледување на моторот со биметален сензор
  • Систем со 3 комори
  • едностепен планетен погон
  • Струјно куќиште
  • Можна е работа со фреквентен конвертор

Означување на типот

Пример:

Wilo-Flumen OPTI-RZP 80-3.37-4/30Ex

Flumen

Мешалка со потопен мотор, хоризонтална

OPTI-RZP

Серија: Пумпа за рециркулација со стандарден асинхрон мотор

80

x10 = номинален пречник на пропелер во mm

3

Модел

37

Номинален број на вртежи на пропелер во 1/мин

4

Бр. на полови

30

x10 = должина на пакет на статор во mm

Ex

Дозволено за експлозивни подрачја

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Температура на медиум: 3 ... 40 °C (37 ... 104 °F)
  • Потопен работен режим: S1
  • Вид на заштита: IP68
  • Класа на изолација: H
  • Макс. зачестеност на вклучување: 15/ч
  • Макс. длабочина на потопување: 20 m (66 ft)

Материјали

  • Куќиште: EN-GJL-250 (ASTM A48 Class 35/40B)
  • Заптивање:
    • Мотор/заптивна комора: FPM (FKM)
    • Заптивна комора/комора за пренос: SiC/SiC
    • Комора за запчест преносник/преткомора: FPM (FKM)
    • На страна на медиумот: SiC/SiC
  • Пропелер: 1.4408 (ASTM A 351)
  • Струјно куќиште: 1.4571 (AISI 316TI)

Конструкција

Хидраулика

Пропелер од чист материјал со геометрија на пропелер без заплеткување. Струјно куќиште што не подлежи на таложење со водечка канџа и две прирабнички канџи. Водечката канџа помага за функција без триење при кревање и спуштање на рециркулирачката пумпа. Прирабничките канџи може да се подесуваат, гарантираат оптимално центрирање на притисочната цевка и ја стабилизираат рециркулирачката пумпа при висок работен притисок.

Алтернативно изведба со прирабничко поврзување за директно навртување на притисочната цевка.

Запчест преносник

Едностепен планетен погон со заменлив пренос. Вградено е големо димензионирано лежиште на запчестиот преносник за да ги апсорбира резултирачките повратни сили, а не да ги предава на лежиштето на моторот.

Мотор

Потопен мотор со пасивно ладење во трифазна изведба со наизменична струја со трајно подмачкување и големи димензионирани валчести лежишта. Намотката на моторот е опремена со надгледување на температурата. Топлината на моторот се предава од куќиштето директно на медиумот. Кабелот за поврзување е димензиониран за тешки механички оптоварувања, залиен е за да е отпорен на притисокот од медиумот и должински отпорен е на вода. Стандардно кабелот за поврзување има слободни краеви и должина од 10 m (33 ft).

Заптивање

Заптивањето се одвива преку 3-коморен систем:

  • Пред-комораПред-комората којашто има голем волумен е наполнета со масло за запчест преносник и го апсорбира протекувањето од заптивањето од страната на медиумот. Како заптивање од страна на медиумот се применува лизгачката механичка заптивка. Заптивањето на комората за пренос се прави со радијална заптивка на вратило.
  • Комора на трансмисијаКомората за пренос е исполнета со масло за запчест преносник и гарантира постојано подмачкување на планетниот погон и на запчестиот преносник. Заптивањето на заптивната комора се изведува со лизгачка механичка заптивка.
  • Заптивна комораЗаптивната комора којашто има голем волумен е наполнета со бело масло и го апсорбира протекувањето од комората за пренос. Заптивањето на моторот се прави со радијална заптивка на вратило.

Опсег на испорака

  • Рециркулирачка пумпа со вградено струјно куќиште и кабел за поврзување
  • Упатство за вградување и работа

Опции

  • Термичко надгледување на моторот како регуларот и ограничувач на температура
  • Термичко надгледување на моторот со PTC-сензор
  • Температура на медиумот до 60 °C (140 °F) независно од типот на мотор и оптоварувањето на моторот
  • Надгледување на заптивна комора
  • Дозволено за експлозивни подрачја според ATEX, FM и IEC-Ex
  • Ceram облога на куќиштето од сиво леано железо

Опрема

  • уред за спуштање
  • Помошен уред за подигање
  • Столб за сајла за осигурување на сајлата за подигнување
  • Дополнително закотвување на сајлата
  • Комплети за прицврстување со котва за поврзување
Документи

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)