Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Wilo-HiMulti 3 C | Wilo

Wilo-HiMulti 3 C

Високо ефикасен систем за водоснабдување што работи автоматски.

Вашите предности
Wilo-HiMulti 3C

Високо ефикасен систем за водоснабдување што работи автоматски.

Препорачани сервисни услуги


Особености/предности на производот

  • Едноставно: Plug & Pump систем
  • Ефикасно: Високо ефикасна хидраулика, помала потрошувачка на струја и голема компактност благодарение на моторната оптимизираност
  • Систем за автоматска работа и заштита од сува работа благодарение на Wilo-HiControl 1
  • Тивка: Ниво на бучава помеѓу 56 dB(A) и 64 dB(A)
  • За 360° вртливо електронско управување на пумпа HiControl 1 за едноставна инсталација
Опис на серијата
Wilo-HiMulti 3 C

Изведба

Систем за водоснабдување со автоматски систем за регулирање пумпи во нормално вшмукувачка (HiMulti 3 C) или самовшмукувачка изведба (HiMulti 3 C P)

Примена

  • Водоснабдување (одобрение за вода за пиење според ACS)
  • Наводнување со вештачки дожд
  • Наводнување и вештачко оросување
  • Искористување дождовница

Опрема/функција

  • Директно прирабнички монтиран мотор
  • Приклучен кабел со утикач
  • термичка заштитна склопка на моторот
  • Автоматско управување на пумпа
  • Прекинувач за недостаток на вода

Означување на типот

Пример:

HiMulti 3 C1-24 P

HiMulti

Повеќестепена хоризонтална центрифугална пумпа за приватно водоснабдување (Hi = Home Intelligence)

3

Ниво на производ (1 = почетно, 3 = стандардно, 5 = премиум)

C1

Изведба со автоматски систем за управување на пумпи Wilo-HiControl 1

2

Номинален проток во m³/h

4

Број на работни кола

P

P = самовшмукувачка изведба (без податок = нормално вшмукувачка изведба)

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 1~230 V, 50 Hz
  • Температура на медиум: 0 °C до +40 °C (+55 °C за 10 min)
  • Дозв. температура на околината: -15 °C до +40 °C
  • Дозв. температура на лежиштето: -30 °C до +60 °C
  • Макс. прил. работен притисок: 8 bar
  • Макс. дозв. приливен притисок: 3 bar
  • Притисок при вклучување: 1,5 бара
  • Исклучување-проток: 95l/h
  • Вид на заштита: IP54
  • Приклучок на вшмукателна страна: Rp1
  • Приклучок притисочна страна: Rp1
  • Информации за автоматиката се содржат во документацијата за Wilo-HiControl 1

Материјали

  • Куќиште на пумпа од технополимер со одобрение за пиење вода според ACS, WRAS и KTW
  • Работни кола и наметка од Noryl GF30 со одобрение за вода за пиење според ACS, WRAS и KTW
  • Капак на пумпа и вратило од не’рѓосувачки челик
  • Механичка заптивка од керамика/јаглен
  • Куќиште за надгледување на притисокот од Nylon PA6 со одобрение за вода за пиење според ACS

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Управување со пумпата Wilo-HiControl 1
  • Пластично поврзување со заптивка од 1 парче за рачен приклучок на приливната цевка
  • Wilo-Connector (електронски брз поврзувач)
  • Упатство за вградување и работа
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-HiControl1

Број на производ 4196363
Издание 2024-07
Број на страници 88
Јазик de, el, en, fr, it, nl, ru, tr
PDF (1 MB)

Wilo-HiMulti 3

Број на производ 4192793
Издание 2021-03
Број на страници 100
Јазик de, el, en, es, fr, it, nl, pl, pt, ro, ru, sv, tr, uk
PDF (7 MB)

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)