Wilo-Isar 1ECH1-L
Робусната и целосно автоматската постројка за водоснабдување за примена во едносемејни и двосемејни куќи, како и мали комерцијални објекти.
Робусната и целосно автоматската постројка за водоснабдување за примена во едносемејни и двосемејни куќи, како и мали комерцијални објекти.
Wilo-Isar 1ECH1-L комбинира удобност, хигиена и работна сигурност. Како повеќестепена постројка за водоснабдување со хидраулика од не’рѓосувачки челик, истата нуди целосно автоматско управување и заштитни функции преку контролниот уред со фреквентен конвертор „ElectronicControl“. Големиот екран со содржини со чист текст и водење во менито лесно за користење од корисникот обезбедува едноставно ракување и нагодување.
Вградената пумпа од серијата Wilo-Medana CH1-L овозможува хигиенски транспорт на чиста вода за пиење, додека моторот со регулиран број на вртежи обезбедува големи заштеди на енергијата.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Долготрајност благодарение на хидрауликата од не’рѓосувачки челик што е отпорна на корозија
- Висока работна сигурност благодарение на автоматското управување преку контролниот уред со фреквентен конвертор „ElectronicControl“, како и целосно автоматската заштита, меѓу другото од наднапон, прекумерна температура, сув од и многу повеќе.
- Едноставно ракување и нагодување благодарение на екранот со приказ на чист текст
- Енергетски ефикасна работа благодарение на моторот со регулиран број на вртежи
- Ги исполнува високите барања за хигиена за чиста потрошна вода и вода за пиење; компатибилно со UBA и сертификат според ACS
- Едноставно пуштање во работа благодарение на претходно монтираната изведба
Изведба
Нормално вшмукувачка постројка за водоснабдување со хоризонтално поставена високопритисна центрифугална пумпи во изведба на пумпа со сув ротор од серијата Medana CH1-L, опремена со фреквентен конвертор.
Примена
- Водоснабдување и зголемување на притисокот (одобрение за вода за пиење според ACS, усогласено со UBA)
- Транспорт на вода за пиење и чиста потрошна вода
- Наводнување и вештачко оросување
- Повторно користење на дождовница
Опрема/функција
- За секоја постројка има една пумпа од серијата Medana CH1-L со IE3-норм мотор за 3~ мотори од 0,75 kW
- Приклучна табла ElectronicControl
- со кабел за приклучување на мрежа од 1,3 m и утикач
- заедно со EMC-филтер
- со вграден надгледувач на притисокот и струењето
Означување на типот
Пример: | Wilo-Isar 1ECH1-L-404 |
Isar | Постројка за зголемување на притисокот |
1 | Број на пумпи |
E | со фреквентен конвертор |
CH1-L | Серија на пумпи Medana CH1-L |
4 | Номинален проток [m³/h] на единечна пумпа |
04 | Број на степени на единечна пумпа |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа: 1~230, 50/60 Hz
- Макс. температура на медиум: +40 °C
- Макс. температура на околина: 50 °C
- Работен притисок: 10 бари
Материјали
За сериите Medana CH1-L:
- Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од нерѓосувачки челик 1.4301
- Куќиште на пумпа од не‘рѓосувачки челик 1.4301
- Вратило од не’рѓосувачки челик 1.4301
- Лизгачка механичка заптивка од силициум карбид/јаглен
- Заптивки на O-прстен од EPDM
- Вртлива врска: месинг
- Затворачки вентил: POM
Конструкција
Пумпа: Серија Medana CH1-L; сите компоненти на оваа пумпа што се во допир со медиумот се од не’рѓосувачки челик. Одобрение ACS за сите составни елементи коишто се во допир со медиумот.
Со поврзани кабли и со монтирани вртливи врски и затворачки вентил
Автоматска заштита од:
- прекумерна-струја
- Сув од
- поднапон и наднапон
- прекумерна температура
- куса врска
Опсег на испорака
- 1 пумпа од серијата Medana CH1-L со 1 ElectronicControl (кабел за приклучување на мрежа од 1,3 m, интегриран неповратен вентил)
- 1 вртлива врска
- По едно упатство за вградување и работа за пумпа и контролен уред
Упатство за вградување и работа
Group Statement
Опис на производ | Приклучок за цевка од вшмукателната страна | Приклучок за цевка од притисочната страна | Максимален работен притисок PN | Бруто тежина прибл. m | Број на производ | |
---|---|---|---|---|---|---|
Isar 1ECH1-L-205 | Rp 1 | Rp 1 | 10 bar | 17 kg | 4264969 | |
Isar 1ECH1-L-207 | Rp 1 | Rp 1 | 10 bar | 18 kg | 4264970 | |
Isar 1ECH1-L-404 | Rp 1 | Rp 1 | 10 bar | 15 kg | 4264971 | |
Isar 1ECH1-L-406 | Rp 1 | Rp 1 | 10 bar | 19 kg | 4264972 | |
Isar 1ECH1-L-407 | Rp 1 | Rp 1 | 10 bar | 20 kg | 4264973 | |
Isar 1ECH1-L-602 | Rp 1 | Rp 1 | 10 bar | 15 kg | 4264974 | |
Isar 1ECH1-L-604 | Rp 1 | Rp 1 | 10 bar | 19 kg | 4264975 | |
Isar 1ECH1-L-605 | Rp 1 | Rp 1 | 10 bar | 23 kg | 4264976 |