Wilo-Isar MODH1-1
Ефикасен компактен систем за примени за вода за пиење.
Ефикасен компактен систем за примени за вода за пиење.
Wilo-Isar MODH1 е систем за зголемување на притисокот со повеќестепени, хоризонтални пумпи со постојан број на вртежи, кои со својата компактна изведба која штеди простор може да се применат за дистрибуција на вода и зголемување на притисокот во мали комерцијални објекти. Има модуларна структура и може на барање да се опреми со една, две или три пумпи од типот Wilo-Medana CH1-L. Компонентите кои доаѓаат во допир со медиум се наменети и за примена кај вода за пиење. Флексибилните приклучоци, мала потреба за простор, лесно сервисирачките хидраулични компоненти и Easy Controller ги поедноставуваат инсталацијата, пуштањето во работа и одржувањето.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Голема безбедност при работа преку постројка со една, две или три хоризонтални повеќестепени CH1-L-пумпи со хидраулика од нерѓосувачки челик
- Едноставна инсталација и одржување благодарение на специјални, флексибилно нагодувачки приклучоци и собирни цевководи
- Едноставно пуштање во работа и работа со Easy Controller
- Одобрение за вода за пиење (ACS и KTW) за пумпи со составни елементи во допир со медиумот од нерѓосувачки челик
Изведба
Систем за зголемување на притисокот со 1 нормалновшмукувачка високопритисочна центрифугална пумпа од нерѓосувачки челик
Примена
- Полуавтоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во приливен погон од јавната водоводна мрежа или од резервоар, за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (пр. резиденцијални, админстративни и деловни објекти, хотели, болници, трговски, индустриски претпријатија и за водоснабдување).
- Транспорт на вода за пиење, процесна вода, вода за ладење или друга потрошна вода, која ниту хемиски, ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки
Опрема/функција
- 1 CH1-L-пумпа од постројка
- Составните елементи што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
- Галвански поцинкувана основна рамка со висинско поместување и придушувачи на осцилации за изолација од вибрациона бучава
- Затворачки вентил од вшмукателната и притисочната страна на секоја пумпа
- Неповратен вентил, од притисочната страна
- Сензор за притисок, од крајната притисочна страна
- Манометар изборно, од вшмукателната страна
- Манометар, од крајната притисочна страна
- Осигурување од недостаток на вода, изборно
- EC-регулација со куќиште IP54 од пластика составено од внатрешен мрежен дел, микропроцесор, аналогни и дигитални влезни и излезни модули
Означување на типот
Пример: | Wilo-Isar MODH1-1CH1-L-202/EC |
Wilo | Марка |
Isar | Повеќестепена постројка зголемување на притисокот |
MOD | Комерцијална серија |
H | Систем за зголемување на притисокот со хоризонтални пумпи |
1 | Ниво на производ (1 = почетно, 3 = стандардно, 5 = премиум) |
1 | Број на пумпи |
CH1-L | Серија на пумпи |
2 | Номинален проток на единечна пумпа [m3/h] |
02 | Број на нивоа на единечна пумпа |
EC | Контролен панел (Easy Controller) |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа 3~400 V ± 10 %, 50 Hz; 3~380/440 V ±10 %, 60 Hz, зависно од типот и 1~230 V, 50/60 Hz (други изведби на барање)
- Макс. температура на медиум 50 °C (70 °C изборно)
- Макс. температура на околината од 40 °C
- Работен притисок 10 бара
- Приливен притисок од 6 бара
- Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна R 2"/DN 100
- Приклучни номинални дијаметри од приливната страна R 2"/DN 100
- Вид заштита IP54
- Осигурување од страна на мрежата A, AC 3 согласно моќноста на моторот и на EVU-прописите
- Дозволени медиуми (други медиуми на барање). Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки
- Вода за ладење
- Вода за пиење и процесна вода
Материјали
Единечна пумпа:
- Работни кола, степенести комори и куќиште на пумпата од нерѓосувачки челик 1.4301/1.4404
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4404
- Заптивки EPDM (EP851)/FKM (Витон)
- Механичка заптивка од волфрамкарбид/јаглен
- Лежиште од волфрамкарбид
- Пумпна ногалка од алуминиум
Конструкција
- Основна рамка: галвански поцинкувана и опремена со придушувач на осцилации со висинско поместување, за опфатна изолација од вибрациона бучава; други изведби на барање
- Цевковод: комплетен цевковод од нерѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат; цевководот мора да е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
- Пумпа: 1 пумпа од сериите CH1-L 2.., 4.., 6.., 10.., 16..; сите составни елементи на пумпите што се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик, 1.4301/1.4404
- Арматури: секоја пумпа е опремена со по еден затворачки вентил од вшмукателната и од притисочната страна или со прстенест затворачки вентил и неповратен вентил на притисочната страна
- Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 10 на крајната притисочна страна со мембрана од бутил гума потполно безбедна согласно прописите за безбедност на храна; за тест и инспекции со затворачка куглеста славина, како и празнење и проточна арматура согласно DIN 4807
- Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на крајната притисочна страна за активирање централен EC-контролор
- Приказ на притисокот: Манометар (ø 63 mm) на крајната притисочна страна; дополнителен дигитален приказ на крајниот притисок на алфанумеричкиот дисплеј на EC-контролор
- Регулатор: постројката е опремена со EC-контролор во стандардна изведба
Опсег на испорака
- Фабрички нагодена и монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
- Упатство за вградување и работа
Опции
Други приклучоци за мрежата на барање