Wilo-Isar MODH1-E-1
Висококвалитетна постројка за зголемување на притисокот во компактен дизајн
Висококвалитетна постројка за зголемување на притисокот во компактен дизајн
Wilo-Isar MODH1E обезбедува сигурно водоснабдување во различни примени благодарение на интегрираните заштитни функции. Освен тоа, тие вклучуваат заштита од преоптоварување, заштита од сув од и осигурување од недостаток на вода со автоматско исклучување.
Дополнително, се постигнува висока заштеда на енергија преку хидрауликата за оптимизирање на загубата на притисок и оптимално подесување на моќноста.
Екранот во боја нуди оптимална лесна употреба со прикажување јасни текстови.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Компактна постројка со повеќестепена високопритисочна центрифугална пумпа од не’рѓосувачки челик, од серијата Medana CH3-LE со вграден фреквентен конвертор со воздушно ладење со големо контролно подрачје
- Високоефикасен благодарение на класата на енергетска ефикасност IE5 и варијабилен диференцијален притисок Δp-v
- Едноставна инсталација и ракување со екран во боја со јасен текст, едноставна навигација и подесување со помош на копче на вртење
- Високо ниво на работна сигурност со интегрирани безбедносни функции како што е интегрираното препознавање на недостаток на вода (WMS)
- Брза интеграција во зградната автоматика со опционални CIF-модули
- Сите составни елементи што се во допир со медиумот одговараат за примена кај вода за пиење.
Изведба
Систем за зголемување на притисокот со 1 нормалновшмукувачка високопритисочна центрифугална пумпа од нерѓосувачки челик
Примена
- Полуавтоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во приливен погон од јавната водоводна мрежа или од резервоар, за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (пр. резиденцијални, админстративни и деловни објекти, хотели, болници, трговски, индустриски претпријатија и за водоснабдување).
- Транспорт на вода за пиење, процесна вода, вода за ладење или друга потрошна вода, која ниту хемиски, ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки.
Опрема/функција
- 1 Medana CH3-LE-пумпа од постројка
- Составните елементи што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
- Галвански поцинкувана основна рамка со висинско поместување и придушувачи на осцилации за изолација од вибрациона бучава
- Затворачки вентил од вшмукателната и притисочната страна на секоја пумпа
- Неповратен вентил, од притисочната страна
- Сензор за притисок, од крајната притисочна страна
- Манометар изборно, од вшмукателната страна
- Манометар, од крајната притисочна страна
- Осигурување од недостаток на вода
- Регулација со интегриран фреквентен конвертор
Означување на типот
Пример: | Wilo-Isar MODH1-E-1-CH3-LE-204-EM-HS |
Isar | Повеќестепена постројка зголемување на притисокот |
MOD | Комерцијална серија |
H | Систем за зголемување на притисокот со хоризонтални пумпи |
1 | Ниво на производ (1 = почетно, 3 = стандардно, 5 = премиум) |
E | Електронско регулирање фреквенција |
1 | Број на пумпи |
CH3-L | Серија на пумпи |
2 | Номинален проток [m3/h] на единечна пумпа |
04 | Број на нивоа на единечна пумпа |
EM | Монофазна верзија |
HS | Со главен прекинувач |
Технички податоци
- Приклучоци за мрежа:
- 3~400 V ±10 %, 50 Hz;
- 3~380/440 V ±10 %, 60 Hz;
- зависно од типот и 1~230 V, 50/60 Hz (други изведби на барање)
- Температура на медиум макс.: 50 °C (70 °C изборно)
- Макс. температура на околината: 40 °C
- Работен притисок: 10 бари
- Приливен притисок: 6 бари
- Приклучен номинален дијаметар од крајната притисочна страна: R 2"/DN 100
- Приклучен номинален дијаметар од приливна страна: R 2"/DN 100
- Вид на заштита: IP54
- Осигурувач од страна на мрежата: A, AC 3 согласно моќноста на моторот и на EVU-прописите
- Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање): Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки.
- Вода за ладење
- Вода за пиење и процесна вода
Материјали
Единечна пумпа:
- Работни кола, степенести комори и куќиште на пумпата од нерѓосувачки челик 1.4301/1.4404
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4404
- Заптивки EPDM (EP851)/FKM (Витон)
- Механичка заптивка од волфрамкарбид/јаглен
- Лежиште од волфрамкарбид
- Пумпна ногалка од алуминиум
Конструкција
- Основна рамка: галвански поцинкувана и опремена со придушувач на осцилации со висинско поместување, за опфатна изолација од вибрациона бучава; други изведби на барање
- Цевковод: комплетен цевковод од не’рѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат; цевководот мора да е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот.
- Пумпа: 1 пумпа од серијата Medana CH3-LE 2.., 4.., 6.., 10.., 16..; сите составни елементи на пумпите што се во допир со медиумот се од не’рѓосувачки челик, 1.4301/1.4404.
- Арматури: секоја пумпа е опремена со по еден затворачки вентил од вшмукателната и од притисочната страна или со прстенест затворачки вентил и неповратен вентил на притисочната страна.
- Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 10 на крајната притисочна страна со мембрана од бутил гума потполно безбедна согласно прописите за безбедност на храна; за тест и инспекции со затворачка куглеста славина, како и празнење и проточна арматура согласно DIN 4807
- Сензори за притисок: 4 до 20 mA, секој на вшмукателната и крајната притисочна страна за управување со притисок со интегрираниот фреквентен конвертор.
- Приказ на притисокот: Манометар (ø 63 mm) на крајната притисочна страна; дополнителен дигитален приказ на крајниот притисок на графичкиот дисплеј на пумпата
- Регулатор: регулација на постројката се регулира од фреквентниот конвертор интегриран во пумпата
Опсег на испорака
- Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
- Упатство за вградување и работа
- Фабрички нагоден протокол за проверка