Wilo-Multivert MVI..G
Висока ефикасност и висок проток за различни примени.
Висока ефикасност и висок проток за различни примени.
Повеќестепената вертикална високопритисна центрифугална пумпа Wilo-Multivert MVI..G со Inline-приклучоци со одликува со компактната конструкција и е особено ефикасна, робусна и лесно се одржува. Лиената хидраулика од нерѓосувачки челик обезбедува долг работен век, а материјалите што може да се избираат за компоненти во допир со медиумот ја гарантираат примената во различни области на примена. Со големата компатибилност при приклучување, пумпата е соодветна за брза замена на пумпи во веќе постоечките цевководи. На тој начин, пумпата ја поврзува големата моќност со сигурност и различни можности за примена.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Енергетски ефикасен IE3/IE4-мотор (IE4 од 75 kW)
- Инсталација што штеди место благодарение на компактната конструкција
- Голема работна сигурност и долг работен век со хидраулика од нерѓосувачки челик што е отпорна на корозија и зајакнато валчесто лежиште во моторот
- Брза инсталација благодарение на лабавата прирабница
- Големата компатибилност при приклучување овозможува едноставна замена во веќе постоечките цевководи
- Лесно се одржува благодарение на лесно пристапната патронска прстенеста заптивка
- Соодветно за најразлични примени благодарение на изборот на материјал од сиво леано железо или нерѓосувачки челик (AISI 304/AISI 316L)
- Соодветно за вода за пиење, во зависност од регионалните прописи
- Висок номинален проток (150 m3/h)
Изведба
Нормално вшмукувачка повеќестепена високопритисна центрифугална пумпа. Вертикална изведба со Inline-приклучоци.
Примена
- Водоснабдување, дистрибуција на вода и зголемување на притисокот
- Напојување на котли
- Индустриски циркулациони постројки
- Производна технологија
- Кружни системи за вода за ладење
- Постројки за перење
- Наводнување
Опрема/функција
- Изведба PN 25 и PN 40 со кружна прирабница
- IEC-норм-мотор
- IE3-мотори ≤ 55 kW
- IE4-мотори ≥ 75 kW
Означување на типот
Пример: | MVI15008/2G-1/40/E/K/3-400-50-2 |
MVI | Фамилија на производи на повеќестепени вертикални високопритисни центрифугални пумпи |
150 | Номинален проток во m3/h |
08 | Број на работни кола |
/2 | Број на исклучени работни кола |
G | Опис на серијата |
-1 | Материјал (1 = не’рѓосувачки челик AISI 304, 2 = не’рѓосувачки челик AISI 316L, 3 = леано железо) |
/40 | Номинален притисок |
E | Вид заптивање (E = EPDM) |
/K | Вид заптивање (K = патронска прстенеста заптивка) |
/3 | 3~ (Трифазна наизменична струја) |
400 | Напон на приклучување во V |
50 | Фреквенција во Hz |
2 | Бр. на полови |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа: 3~400 V (± 10 %), 50 Hz
- Температура на медиум: -15…+120 °C
- Работен притисок макс.: 25/40 бари
- Макс. приливен притисок 10 бари
- Вид на заштита IP55
- Прирабнички приклучоци: PN 25/PN 40, кружна прирабница (DN 150)
Материјали
Шифра на материјал 1 (AISI 304):
- Работни кола: Нерѓосувачки челик 1.4301
- Степенести комори: Нерѓосувачки челик 1.4301
- Куќиште на пумпа: Нерѓосувачки челик 1.4301
- Вратило: Нерѓосувачки челик 1.4301
- Заптивка: EPDM
- Механичка заптивка: Графит/волфрамкарбид
Шифра на материјал 2 (AISI 316L):
- Работни кола: Нерѓосувачки челик 1.4401
- Степенести комори: Нерѓосувачки челик 1.4401
- Куќиште на пумпа: Нерѓосувачки челик 1.4401
- Вратило: Нерѓосувачки челик 1.4401
- Заптивка: EPDM
- Механичка заптивка: Графит/волфрамкарбид
Шифра на материјал 3 (леано железо):
- Работни кола: Нерѓосувачки челик 1.4301
- Степенести комори: Нерѓосувачки челик 1.4301
- Куќиште на пумпа: Нодуларно сиво леано железо EN-GJS 500
- Вратило: Нерѓосувачки челик 1.4301
- Заптивка: EPDM
- Механичка заптивка: Графит/волфрамкарбид
Опсег на испорака
- Повеќестепена високопритисна центрифугална пумпа MVI..G
- Упатство за вградување и работа