Wilo-Rexa SOLID-Q
Wilo-Rexa SOLID-Q со Nexos Intelligence – интелигентно системско решение за паметна станица за пумпа за отпадна вода
Wilo-Rexa SOLID-Q со Nexos Intelligence – интелигентно системско решение за паметна станица за пумпа за отпадна вода
Транспортот на непрочистена отпадна вода станува сè потежок поради зголемените појави на цврсти и влакнести материјали и според тоа води кон зголемени работни трошоци. Новата Wilo-Rexa SOLID-Q со Nexos интелигенција се истакнува со безбедноста при работа, енергетската ефикасност и највисокото ниво на дигитално вмрежување. Паметна комбинација за висока економичност со поголем комфор низ секојдневието.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Најголема безбедност при работа и намалени трошоци за сервисирање, особено при транспорт на сирова отпадна вода благодарение на својствата на самостојно чистење
- Намалување на енергетските трошоци благодарение на високата хидраулична ефикасност и до технологијата на мотори IE5 во водено и суво поставување (во согласност со IEC TS 60034-30-2)
- Заштита од корозија од изборно Ceram-внесување слоеви за долг работен век во агресивни медиуми
- Digital Data Interface (DDI) со интегрирано надгледување на вибрациите, записник на податоци, мрежен сервер и дигитална натписна плочка за лесно надгледување и поврзување на систем
- Интегрирачка Nexos интелигенција за оптимизирање на пумпи и постројки
Еколошки својства
- Високоефикасен пумпен систем со IE5-технологија на мотор (заснована на IEC TS 60034-30-2) со висока хидраулична ефикасност
- Заштита од корозија со изборна Ceram-облога за долг работен век
- Интегрирачка Nexos интелигенција за оптимизирање на пумпи и постројки
- Одржлива и CO2-неутрална изработка и процеси во нашите европски фабрики
Изведба
Потопна пумпа за отпадна вода без и со активен систем за разладување за транспорт на сирова отпадна вода за континуирана работа во стационарно и преносливо водено поставување, како и за стационарно суво поставување.
Примена
Транспорт на
- отпадна вода со фекалии и долговлакнести состојки
- Отпадна вода со фекалии
- Процесна вода
Опрема/функција
- Саморазладувачки мотор или мотор со пасивно ладење со активен систем за ладење
- Асинхрони мотори до класа на ефикасност IE3
- Мотор со траен магнет до класа на ефикасност IE5
- Воведување на кабел со должинска непропустливост на вода
Означување на типот
Пр.: | Wilo-Rexa SOLID-Q15-98A + FKT 20.2M-4/32GX-P4 |
Хидраулика: | SOLID-Q15-98A |
SOLID | Потопна пумпа за отпадна вода со SOLID хидраулика |
15 | x10 = номинален дијаметар на притисочна наставка, на пр. DN 150 |
98 | Коефициент на моќноста |
A | Изведба на материјали
|
T | SOLID работно коло
|
Мотор: | FKT 20.2M-4/32GX-P4 |
FKT | Тип на мотор: T = мотор со пасивно ладење без систем за ладење FK, FKT, HC = саморазладувачки мотор со активен систем за ладење |
20 | Монтажна големина |
2 | Број за диференцијација |
M | Изведба на вратило M = стандардна изведба L = зајакната изведба |
4 | Бр. на полови |
32 | x10 = должина на пакет во mm |
G | Изведба на заптивањето: G = две одделни лизгачки механички заптивки K = касета блок-заптивки со две лизгачки механички заптивки |
X | Дозволено за експлозивни подрачја |
P4 | Вид мотор
|
Технички податоци
- Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
- Потопен работен режим: S1
- Работен режим непотопено: S1 (FK-, FKT-, HC-мотор) и/или S2 (T-мотор, зависно од перформансот)
- Вид на заштита: IP68
- Температура на медиум: 3…40 °C, повисоки температури на барање
- Слободен куглест премин:
- Т-работно коло: 78x105…150x150 mm
- G-работно коло: 80 односно 90 mm
- Q-работно коло: 78 mm
- Макс. длабочина на потопување: 20 m
Материјали
- Делови на куќиштето: EN-GJL-250 односно EN-GJS-500-7
- Работно коло: EN-GJL-250 односно EN-GJS-500-7
- Статички заптивки: FPM
- Заптивање од страната на пумпата: SiC/SiC
- Заптивање од страната на моторот: FPM, јаглен/керамика или SiC/SiC
- Вратило: Нерѓосувачки челик 1.4021
Конструкција
Потопна пумпа за отпадна вода како преплавлив блок-агрегат за стационарно и за преносливо водено и суво поставување. Транспортабилното поставување е можно зависно од типот.
Хидраулика
Спуштањето од притисочната страна е изведено со хоризонтални прирабнички врски. Можната сува материја изнесува максимално 8 %. Се употребуваат следните формни на работни кола:
- T = затворено двоканално коло
- G = полуотворено едноканално работно коло
- Q = полуотворено двоканално коло
Кај SOLID-G и SOLID-Q работно коло, процепот меѓу вшмукателната наставка и работното коло може подоцна да се нагодат. Ова гарантира конзистентна ефикасност на хидрауликата.
Мотор
За погонот се применуваат потопени мотори со пасивно и активно ладење:
- Т-мотори (мотори со ладење на горната површина) имаат пасивно ладење. Го предаваат вишокот топлина преку деловите од куќиштето директно во околниот медиум. Оттаму, овие мотори можат да се применуваат потопени при трајна работа (Ѕ1), како и непотопени при краткотрајна работа (Ѕ2).
- FK-, FKT- и HC моторите се саморазладувачки и имаат активен систем на разладување. Вишокот топлина се спроведува преку разладно средство (бело масло или мешавина од вода и гликол) до интегриран топлински изменувач и така вишокот топлина се носи до медиум. Оттаму овие мотори се погодни за континуирана работа (S1) и во потопена и непотопена состојба.
За заштита на моторот од продирање на медиумот кај сите мотори е безбедена е заптивна комора. На неа може да и’ се пристапи и од надвор, а по избор може да се надгледува и со електрода за заптивна комора. Сите употребени медиуми за полнење се потенцијално биолошки разградливи и не ја загрозуваат животната средина.
Дополнително на тоа достапни се и високо ефикасните мотори:
- Асинхрони мотори со класа на ефикасност IE3*
- Мотори со траен магнет со класа на ефикасност IE4/5*
* (IE3/4 = во согласност со IEC 60034-30, IE5 = во согласност со IEC TS 60034-30-2)
Воведувањето на кабелот кај моторите е должински отпорно на вода, а должините на кабелот се конфигурираат индивидуално.
Заптивање
Во зависност од типот на моторот, заптивањето од страната на медиумот и на моторот е достапно во следните варијанти:
- Варијанта G: две лизгачки механички заптивки со независно дејство
- варијанта K: касета блок-заптивки со две лизгачки механички заптивки со независно дејство
Опсег на испорака
- Потопна пумпа за отпадна вода
- приклучен кабел со слободен крај
- Вградена опрема
- Прирачник за работа и одржување
Опции
- Специјални напони
- Уреди за надгледување за
- Надгледување на намотките со PTC-термисторски сензор или Pt100
- Заптивна комора
- Просторија на моторот/комора на приклучоци
- Температура на чување
- Ceram внесување слоеви C0 до C3 за абразивни и корозивни медиуми
- Одобрение за експлозивни средини според ATEX или FM
- Nexos интелигенција:
- Помало времетраење при неработење и сервисирање благодарение на можноста за препознавање и отстранување на затнувања
- Намалување на енергетските трошоци преку интегрирана автоматска контрола за оптимален начин на работа специфичен за постројката
- Пригодно управување и вмрежување со мрежата на станицата преку интегриран мрежен сервер и Ethernet интерфејс со стандардни протоколи на мрежа за пумпата
- Зголемена безбедност при работа во случај на дефект благодарение на редундантно изведеното и интегрирано управување на пумпа
- Системско решение со приспособливи дигитални функции и интерфејси специфични за примената
Опрема
- Синџири
- Уред за прикачување или ногалка
- Комплети за прицврстување со котва за поврзување
- Приклучни табли, релеи и утикачи
Пуштање во работа
Работа во водено поставување со непотопен мотор:
Кај самоладечките мотори (FK-, FKT-, HC-мотор) дозволено е вадење на моторот.
Кај моторите со ладење на горната површина (Т-мотор) работата со непотопен мотор е можна само краткотрајна S2 работа независно од перформансот. Максималното време на работа со непотопен мотор зависи од температура на медиумот и околината. Точните поидатоци за работниот режим и времето (на пр. S2-15) ќе ги најдете натписната плочка за дадената пумпа!
Заштита од сув од:
Куќиштето на хидрауликата мора секогаш да биде потопено. Кога нивото на водата варира, мода да има обезбедено автоматско исклучување штом се постигне минималната покриеност со вода. Таа е наведена во цртежите со димензии.
Хоризонтално поставување:
Не е возможно хоризонтално поставување со овие агрегати!