Wilo-Rexa SUPRA
Транспортирајте ја отпадната вода ефикасно и економично. Со Wilo-DDI подготвени за вмрежување во дигитално управување со отпадни води.
Транспортирајте ја отпадната вода ефикасно и економично. Со Wilo-DDI подготвени за вмрежување во дигитално управување со отпадни води.
„Без разлика дали се работи за сирова отпадна вода или претходно третирана отпадна вода - потопните пумпи од серијата Wilo-Rexa SUPRA се развиени за различни потреби во современото управување со води.
Работното коло со слободно струење, едноканалното работно коло или повеќеканалното работно коло, Wilo-Rexa SUPRA секогаш нуди комбинација на заштита од блокирање и енергетска ефикасност. Ова го прави Rexa SUPRA идеален за безбеден и економичен транспорт на отпадна вода.
Во комбинација со опционално достапните мотори IE3 (базирани на IEC 60034-30-1), Wilo-Rexa SUPRA-M дополнително ги намалува работните трошоци.
Wilo-DDI може да се интегрира за да ги исполни барањата на дигиталното вмрежување. Wilo-Rexa SUPRA на тој начин ги нуди сите можности за модерно поврзување за комуникација и со тоа вистинско поедноставување на секојдневната работа.“
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Голема работна сигурност благодарение на хидрауличниот дизајн кој не е подложен на затнување и со ниски вибрации
- Ниски работни трошоци благодарение на високата хидраулична ефикасност и опционалната моторна технологија IE3 (врз основа на IEC 60034-30-1)
- Решенија приспособени за клиентите благодарение на многубројните опции за конфигурација
- Долг работен век во абразивни и корозивни медиуми благодарение на различните Ceram-облоги
- Едноставна интеграција во контролата на постројката и надгледување на пумпата со опционалниот Wilo-DDI:
- Едноставно вмрежување преку Ethernet-интерфејс
- Едноставна интеграција во постоечна контролна технологија преку употреба на стандардизирани протоколи
- Заштеда на време и олеснување на работното секојдневие преку удобно надгледување од далечина на работната состојба и дигитални алатки, како натписна плочка, дневник за одржување и прирачник за корисници
Изведба
Потопна пумпа за стационарно и за преносливо водено поставување како и за стационарно суво поставување во режим на континуирана работа.
Течности
За спроведување течности во комерцијални услови:
- Сирова отпадна вода
- Отпадна вода со фекалии
- Обработена отпадна вода
- Нечиста вода (со мала количина песок и шљунак)
Опрема/функција
- Робустна изведба од сиво леано железо
- Заптивната комора за апсорпција на протекување преку лизгачката механичка заптивка од страната на медиумот
- Комора за протекување за апсорпција на протекување преку лизгачка механичка заптивка од страната на моторот (зависно од моторот)
- Уреди за надгледување зависни од моторот:
- Температура на намотки со биметален сензор или PTC-сензор
- Надгледување на заптивањето за заптивната комора и комората за протекување и просторијата на моторот/комората на приклучоци
Означување на типот
Пример: | Wilo-Rexa SUPRA-M30-418A + T 34-6/50KEx-E3 |
Хидраулика: | Rexa SUPRA-M30-418A |
Rexa | Потопна пумпа за отпадна вода |
SUPRA | Серија |
M | Форма на работното коло:
|
30 | Номинален дијаметар на притисочна врска, на пример DN 300 |
41 | Коефициент на моќноста |
8 | Број на карактеристика |
A | Изведба на материјали: Стандардна изведба |
Мотор: | T 34-6/50KEx-E3 |
T | Модел на мотор:
|
34 | Монтажна големина |
6 | Бр. на полови |
50 | x10 = должина на пакет во mm |
K | Изведба на заптивањето:
|
Ex | Дозволено за експлозивни подрачја |
E3 | IE-класа на енергетска ефикасност на мотор (врз основа на IEC 60034-30)
|
Технички податоци
- Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
- Потопен работен режим: S1
- Работен режим непотопено:
- T-мотор: S2
- FK-мотор: S1
- FKT-мотор: S1
- Вид на заштита: IP68
- Класа на изолација: H
- Температура на медиум: 3 … 40 °C (37 … 104 °F)
- Макс. длабочина на потопување: 20 m (66 ft)
Материјали
- Хидраулика и куќиште на мотор: EN-GJL-250 (ASTM A48 Class 35/40B) или EN-GJS-500-7 (ASTM A536 70-50-05)
- Работно коло: EN-GJL-250 (ASTM A48 Class 35/40B) или EN-GJS-500-7 (ASTM A536 70-50-05)
- Заптивања:
- Статичка: NBR (нитрил)
- Од страна на медиумот: SiC/SiC
- Од страната на моторот: SiC/SiC или C/Cr
- Вратило: 1.4021 (AISI 420)
Конструкција
Хидраулика
Спуштањето од притисочната страна е изведено со хоризонтална прирабничка врска. Можната сува материја изнесува максимално 8 %. На располагање стојат следните форми на работно коло:
- Работно коло со слободно струење
- Едноканално работно коло
- Повеќеканално работно коло
T-мотор
Потопен мотор со пасивно ладење без систем за ладење за водено поставување. Вишокот на топлина од моторот се одведува преку деловите од куќиштето директно во околниот медиум. Самиот мотор е сув. Како лежишта на моторот се користат трајно подмачкани валчести лежишта. Кабелот за поврзување е должински отпорен на вода и има и слободни краеви. Во зависност од монтажната големината и моќноста на моторот, моторите може да се постават суви за краткотрајна работа.
FK-мотор
Потопен мотор со самостојно ладење со активен систем за ладење за водено и суво поставување. За ладење, моторот е наполнет со медицинско бело масло. Работно коло на вратилото на моторот овозможува разладното средство да циркулира континуирано. Разладната прирабницата ја предава топлина кон пумпаниот медиум. Системот за ладење не е под притисок. Како лежишта на моторот се користат трајно подмачкани валчести лежишта. Кабелот за поврзување е должински отпорен на вода и има и слободни краеви.
FKT-мотор
Потопен мотор со самостојно ладење со активен систем за ладење за водено и суво поставување. Посебниот систем за ладење е наполнет со мешавина на вода-гликол. Работно коло овозможува разладното средство да циркулира континуирано. Разладната прирабницата ја предава топлина кон пумпаниот медиум. Просторијата на моторот е сува, системот за ладење не е под притисок. Како лежишта на моторот се користат трајно подмачкани валчести лежишта. Кабелот за поврзување е должински отпорен на вода и има и слободни краеви.
Заптивање
Сите мотори имаат безбедна заптивна комора за да се заштити моторот од навлегување на медиумот преку заптивањето од страната на медиумот. На заптивната комора може да ѝ се пристапи и од надвор. Заптивната комора може да се надгледува по желба со стапчеста електрода. Во зависност од типот на моторот, заптивањето од страната на медиумот и на моторот е достапно во следните варијанти:
- Варијанта H: од страната на медиумот со лизгачка механичка заптивка, а од страната на моторот со една радијална прстенеста заптивка
- Варијанта G: две лизгачки механички заптивки со независно дејство
- варијанта K: касета блок-заптивки со две лизгачки механички заптивки со независно дејство
Работен материјал
Сите работни материјали се потенцијално биолошки разградливи и не ја загрозуваат животната средина:
- Бело масло
- Мешавини на вода-гликол (Класа на ризик за вода 1 според VwVwS)
Класи на енергетска ефикасност на моторот (врз основа на IEC 60034-30)
Покрај стандардните мотори достапни се и IE3-мотори. Моторите се конструираат на иста основа како и стандардните мотори. Затоа, моторите се исти во однос на опремата и функцијата.
Опсег на испорака
- Пумпа
- Вградена опрема по нарачка
- Упатство за вградување и работа
Опции
- Стандардни напони и специјални напони
- Работа во медиуми до 60 °C (140 °F)
- Уреди за надгледување зависни од моторот:
- Следење на намотките со PTC-сензор
- Заптивна комора
- Просторија на моторот/комора на приклучоци
- Макс. температура на лежиште на мотор
- Сензор за осцилации
- Ceram-облога за абразивни и корозивни медиуми
- Digital Data Interface за едноставна интеграција во контролата на постројката и надгледување на пумпата:
- Едноставно вмрежување преку Ethernet-интерфејс
- Едноставна интеграција во постоечна контролна технологија преку употреба на стандардизирани протоколи
- Заштеда на време и олеснување на работното секојдневие преку удобно надгледување од далечина на работната состојба и
- Дозвола за експлозивни средини според
- ATEX
- FM
- CSA-Ex
- IECEx
Опрема
- Уред за прикачување за водено поставување
- Ногалки на пумпа за преносливо поставување
- Ножно колено за суво поставување
- Управување со нивото
- Надворешна стапчеста електрода за надгледување на заптивната комора
- Комплети за прицврстување со котва за поврзување
- Опрема за прицврстување и синџири
- Приклучни табли, релеи и утикачи