Wilo-SiBoost Smart 1 Helix VE
Особености/предности на производот
- Робусен систем со високопритисочни центрифугални пумпи од не‘рѓосувачки челик, од серијата Helix VE, како и со вграден фреквентен изменувач со воздушно ладење
- Високо ефикасна хидраулика на пумпа
- Голема енергетска заштеда благодарение на оптималното нагодување на моќноста преку варијабилна регулација на притисокот (p-v)
- Натпропорционално голема широчина на регулирано подрачје на фреквентниот конвертор од 25 Hz до 60 Hz максимум (зависно од верзијата)
- Вградена целосна заштита на моторот преку PTC
Препорачани сервисни услуги
Изведба
Високоефикасна постројка за водоснабдување подготвена за приклучување со вертикално наредени, нормално вшмукувачки високопритисочни центрифугални пумпи од серијата Helix VE со интегриран фреквентен конвертор со воздушно ладење.
Примена
Целосно автоматска постројка за водоснабдување и зголемување на притисокот во приливен погон од отворена мрежа за вода или резервоар, за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (резервната пумпа е предвидена согласно барањата од DIN 1988 и DIN EN 806).
Дозволените транспортирани медиуми во принцип се вода, кои не ги нагризуваат користените материјали, ниту хемиски ниту механички, и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки, како:
- Вода за пиење (одобрение за вода за пиење, проверете го делот за материјалот)
- Вода за ладење
- Процесна вода
- Вода за гасење (освен за постројка за гасење пожар во согласност со DIN 14462 и со дозвола на локалните противпожарни служби)
Опрема/функција
1 пумпа од серијата Helix VE 2 до Helix VE 52, со норм-мотор еквивалентен на IE5 и регулација на бројот на вртежи со интегриран фреквентен конвертор монтиран на поцинкувана основна рамка од челик со висинско поместување.
Сите составни елементи што се во допир со медиумот се отпорни на корозија.
од притисочната страна:
- Затворачки вентил
- Неповратен вентил
- Неповратен вентил
- Мембрански притисочен сад 8 l, PN 16
- Сензор за притисок 4..20 mA
- Манометар
- Од вшмукателната страна
- Сензор за притисок 4..20 mA
- Манометар
Означување на типот
Пример: | Wilo-SiBoost Smart 1 Helix VE 2204-ES |
SiBoost Smart | Компактна постројка зголемување на притисокот со вградена регулација на број на вртежи |
1 | Број на пумпи |
Helix VE | Серија на пумпи |
22 | Номинален проток [m3/h] на единечна пумпа |
04 | Број на степени на единечна пумпа |
ES | Изведба од нерѓосувачки челик на сериите 22.., 36.., 52.. |
Технички податоци
- Приклучоци за мрежа:
- 3~400 ±10 %, 50 Hz
- 3~380 ±10 %, 60 Hz
- Макс. температура на медиум +50 °C (+70 °C изборно)
- Температура на околина макс. 40 °C
- Работен притисок 16 бара (25 бара изборно)
- Приливен притисок 10 бара
- Приклучни номинални дијаметри:
- Крајната притисочна страна R 1¼" – DN 80
- Приливната страна Rp 1¼" - Rp 3"
- Опсег на број на вртежи 1500 – 3500 1/мин
- Вид заштита IP54
Материјали
Helix VE 6": 2-16 m³/h
- Куќиште на пумпа во 1.4301 [AISI 304]
- Хидраулика во 1.4307 [AISI 304L]
- EPDM заптивка
- без патрон, освен пумпи со мотори над 7,5 kW
Helix VE 8": 22-52 m³/h
- Куќиште на пумпа од EN-GJL-250 со KTL-облога од сиво леано железо со ACS/WRAS-одобрение
- Хидраулика во 1.4307 [AISI 304L]
- EPDM заптивка
- без патрон, освен пумпи со мотори над 15 kW
- ES-изведба: Конструкција од нерѓосувачки челик
- Куќиште на пумпа во 1.4301 [AISI 304]
- Хидраулика во 1.4307 [AISI 304L]
Други изведби на пумпата се испорачуваат на барање:
- со или без патрони
- PN 25
- FKM (Viton) заптивање
- Куќиште на пумпа од нерѓосувачки челик и хидраулика во 1.4404 [AISI 316L]
Конструкција
Основна рамка: Од поцинкуван челик, со придушувач на осцилациите со висинско поместување, за далекусежна изолација од вибрациона бучава, како и интегрирани точки за кревање.
Цевковод: Комплетен цевковод од нерѓосувачки челик од притисочната страна, погоден за приклучување на сите конвенционални материјали што се користат во цевководите. Цевководот е направен според вкупната хидраулична моќност на постројката за зголемување на притисокот
Пумпи: Се користи 1 пумпа од сериите Helix VE 2 до Helix VE 52.
Фреквентниот конвертор, монтиран на пумпниот мотор со воздушно ладење, овозможува континуиран режим на регулација со помеѓу 25 Hz и макс. 60 Hz на сите пумпи од овие серии.
- За 6" пумпи Helix VE 2, 4, 6, 8, 10, 16: Сите делови на пумпата што се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик; KTW/WRAS/ACS-одобрение.
- За 8" пумпи: Helix VE 22, 36, 52: Сите делови што се во допир со медиумот се во стандардна изведба од нерѓосувачки челик и сиво леано железо, имат KTL-облога и ACS/WRAS-одобрение. Нерѓосувачки челик во ES-изведба со KTW/WRAS/ACS-одобрение
Вентили: Пумпата во стандардна изведба е опремена од притисочната страна со затворачки вентил со ознака за DVGW одобрение, како и со неповратен вентил со одобрение за DVGW/KTW од притисочната страна.
Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 на крајната притисочна страна со мембрана од бутил гума, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи; заради проверка и ревизија, опремена со затворачка куглеста славина со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807.
Надгледување притисок: 2 сензори за притисок: 4..20 mA, од притисочната и од вшмукателната страна.
Приказ на притисокот: Манометар поставен од вшмукателната и крајната притисочна страна.
Други изведби на барање
Опсег на испорака
- Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
- Упатство за вградување и работа
Опции
Други приклучоци за мрежата на барање
Водич за проектирање
Приливен притисок
При димензионирање на постројката треба да се внимава на макс. приливен притисок (в. Технички податоци). Макс. дозволен приливен притисок се добива од макс. работен притисок на постројката без макс. напор на пумпата приi Q = 0
При примената и работата на постројка зголемување на притисокот, во принцип треба да се внимава на прописите од DIN 1988 (EN 806).
Редуктор на притисок
Променливиот приливен притисок се компримира преку уредот за регулирање на бројот на вртежи, вграден во пумпата, доколку променливоста на притисокот не е поголема од разликата помеѓу зададената вредност на притисокт и на напорот на единечната пумпа при мин. број на вртежи (работа со 20 Hz или 25 Hz). Доколку променливоста на притисокот е поголема, пред постројката треба да се монтира вентил за намалување на притисокот.
Заштитен прекинувач за резидуална струја
При инсталација на заштитен прекинувач за резидуална струја поврзан со фреквентни конвертори, треба да се земат предвид само заштитни прекинувачи за резидуална струја за сите струи, според DIN/VDE 0664.
Уред за осигурување од недостаток на вода Wilo-WMS
Употребената пумпа од серијата Helix VE веќе располага со вграден уред за препознавање на сув од, како сигурносен уред за пумпата.
Податоци за електрониката/електромагнетната подносливост
Единечни пумпни постројки до заклучно 7,5 kW моќност на мотор:
- Емитирана интерференца во согласност EN 61000-6-3
- Отпорност на интерференца во согласност EN 6100-6-1
Известување: При примена во стамбени објекти, инсталацијата мора да сеизведе од страна на персонал кој е обучен за електромагнетна подносливост.