Wilo-SiBoost Smart 1 MVISE
Особености/предности на производот
- Постројка што работи речиси бесшумно благодарение на високопритисочни центрифугални пумпи со воден ротор, од нерѓосувачки челик, со вграден фреквентен конвертор
- До 20 dB [А] потивок од конвенционалните постројки со споредлива хидраулична моќност
- Голема енергетска заштеда благодарение на оптималното нагодување на моќноста преку варијабилна регулација на притисокот (p-v)
- Лесно нагодување и сигурна работа преку применетата серија на пумпи MVISE со вградено препознавање сув од и автоматско исклучување при недостаток на вода
Препорачани сервисни услуги
Изведба
Постројка за водоснабдување со ниска бучава и подготвена за приклучување со вертикално наредена, нормално вшмукувачка високопритисна центрифугална пумпа од нерѓосувачки челик од серијата MVISE во изведба со пумпа со воден ротор со интегриран фреквентен конвертор со ладење со вода.
Примена
Целосно автоматска постројка за водоснабдување и зголемување на притисокот во приливен погон од отворена мрежа за вода или резервоар на височина од најмалку 0,5 m преку пумпа за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (резервната пумпа е предвидена согласно барањата од DIN 1988 и DIN EN 806).
Дозволените транспортирани медиуми во принцип се вода, кои не ги нагризуваат користените материјали, ниту хемиски ниту механички, и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки, како:
- Вода за пиење
- Вода за ладење
- Процесна вода
- Вода за гасење (освен за постројка за гасење пожар во согласност со DIN 14462 и со дозвола на локалните противпожарни служби)
Опрема/функција
1 пумпа од серијата MVISE со мотор со воден ротор и регулација на бројот на вртежи преку интегриран фреквентен конвертор монтирана на поцинкувана основна рамка од челик со висинско поместување.
Сите составни елементи што се во допир со медиумот се отпорни на корозија.
од притисочната страна:
- Затворачки вентил
- Неповратен вентил
- Мембрански притисочен сад 8 l, PN 16
- Сензор за притисок 4..20 mA
- Манометар
од вшмукателната страна:
- Сензор за притисок 4..20 mA
- Манометар
Означување на типот
Пример: | Wilo-SiBoost Smart 1 MVISE 206 |
SiBoost Smart | Компактна постројка зголемување на притисокот со вградена регулација на број на вртежи |
1 | Број на пумпи |
MVISE | Серија на пумпи |
2 | Номинален проток/[m³/h] на единечна пумпа |
06 | Број на нивоа на единечна пумпа |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
- Макс. температура на медиум +50 °C
- Температура на околина макс. 40 °C
- Работен притисок 16 бара
- Приливен притисок 6 бара
- Приклучни номинални дијаметри Rp 1¼ - Rp 1½
- Опсег на бројот на вртежи 1100 - 2750 1/мин
- Вид на заштита IP44
Материјали
MVISE 2-8 m³/h
- Куќиште на пумпа од 1.4301 [AISI 304]
- Хидраулика од 1.4301 [AISI 304]
- EPDM заптивка
Конструкција
Основна рамка: Од поцинкуван челик, со придушувач на осцилациите со висинско поместување, за далекусежна изолација од вибрациона бучава, како и интегрирани точки за кревање
Цевковод: Комплетен цевковод од нерѓосувачки челик, од притисочната страна, погоден за приклучување на сите материјали што се користат во цевководите во зградната техника. Цевководот е направен според вкупната хидраулична моќност на постројката за зголемување на притисокот.
Пумпи: Се користи 1 пумпа од серијата MVISE 2, 4, 8. Фреквентниот конвертор, монтиран на пумпниот мотор со ладење со вода, овозможува континуирана регулација помеѓу 20 Hz и макс. 50 Hz на сите пумпи од оваа серија. Сите делови на пумпата што се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик.
Арматури: пумпата е опремена од притисочната страна со затворачка арматура, со DVGW-контролна ознака и со неповратен вентил со DVGW-одобрение
Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 на крајната притисочна страна со мембрана од бутил гума, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи; заради проверка и ревизија, опремена со затворачка куглеста славина со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807.
Надгледување притисок: 2 сензори за притисок: 4..20 mA, од притисочната и од вшмукателната страна.
Приказ на притисокот: Манометар поставен од вшмукателната и крајната притисочна страна
Други изведби на барање
Опсег на испорака
- Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
- Упатство за вградување и работа
Опции
Други приклучоци за мрежата на барање
Водич за проектирање
Приливен притисок
При димензионирање на постројката треба да се внимава на макс. приливен притисок (в. Технички податоци). Макс. дозволен приливен притисок се добива од макс. работен притисок на постројката без макс. напор на пумпата приi Q = 0
При примената и работата на постројка зголемување на притисокот, во принцип треба да се внимава на прописите од DIN 1988 (EN 806).
Редуктор на притисок
Променливиот приливен притисок се компримира преку уредот за регулирање на бројот на вртежи, вграден во пумпата, доколку променливоста на притисокот не е поголема од разликата помеѓу зададената вредност на притисокт и на напорот на единечната пумпа при мин. број на вртежи (работа со 20 Hz или 25 Hz). Доколку променливоста на притисокот е поголема, пред постројката треба да се монтира вентил за намалување на притисокот.
Заштитен прекинувач за резидуална струја
При инсталација на заштитен прекинувач за резидуална струја поврзан со фреквентни конвертори, треба да се земат предвид само заштитни прекинувачи за резидуална струја за сите струи, според DIN/VDE 0664.
Уред за осигурување од недостаток на вода Wilo-WMS
Употребената пумпа од серијата Helix VE веќе располага со вграден уред за препознавање на сув од, како сигурносен уред за пумпата.
Податоци за електрониката/електромагнетната подносливост
Единечни пумпни постројки до заклучно 7,5 kW моќност на мотор:
- Емитирана интерференца во согласност EN 61000-6-3
- Отпорност на интерференца во согласност EN 6100-6-1
Известување: При примена во стамбени објекти, инсталацијата мора да сеизведе од страна на персонал кој е обучен за електромагнетна подносливост.
Упатство за вградување и работа
Опис на производ | Приклучок за цевка од вшмукателната страна | Приклучок за цевка од притисочната страна | Број на пумпи Q | Максимален работен притисок PN | Бруто тежина прибл. m | Број на производ | |
---|---|---|---|---|---|---|---|
SiBoost Smart 1MVISE206 | G 1 | G 1 | 4 m³/h | 16 bar | 71 kg | 2550736 | |
SiBoost Smart 1MVISE210 | G 1 | G 1 | 4 m³/h | 16 bar | 77 kg | 2550737 | |
SiBoost Smart 1MVISE404 | G 1¼ | G 1¼ | 8 m³/h | 16 bar | 71 kg | 2550738 | |
SiBoost Smart 1MVISE406 | G 1¼ | G 1¼ | 8 m³/h | 16 bar | 72 kg | 2550739 | |
SiBoost Smart 1MVISE410 | G 1¼ | G 1¼ | 8 m³/h | 16 bar | 78 kg | 2550740 | |
SiBoost Smart 1MVISE803 | G 1½ | G 1½ | 14 m³/h | 16 bar | 74 kg | 2550741 | |
SiBoost Smart 1MVISE806 | G 1½ | G 1½ | 14 m³/h | 16 bar | 79 kg | 2550742 |