Wilo-SiBoost Smart Helix VE
Особености/предности на производот
- Робусна постројка со високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, од серијата Helix VE, со вграден фреквентен конвертор со натпропорционално големо регулирано подрачје од 25 Hz до максимум 60 Hz
- Голема енергетска заштеда благодарение на хидраулика со оптимизирана загуба на притисок, како и оптимално нагодување на моќноста преку варијабилна регулација на притисокот (p-v) и паралелна регулација на синхронизиран број на вртежи
- Голема сигурност поради вградените заштитни функции, како заштитата од преоптоварување, заштитата од сув од и осигурувањето од недостаток на вода со автоматско исклучување, како и надгледување и препознавање на протекување преку опционален интерфејс за SCADA поврзување
- Максимален квалитет на регулација благодарение на применетиот контролен уред SCe со LC-екран и едноставна навигација и нагодување со помош на вртливо копче
- Приклучување во зградна автоматика преку Modbus RTU во стандардна изведба
- Одговара за вода за пиење за сите составни елементи што се во допир со медиум
Препорачани сервисни услуги
Изведба
Високопродуктивна постројка за водоснабдување подготвена за приклучување со 2 до 4 паралелно поврзани, вертикално подредени нормално вшмукувачки високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик од серијата Helix VE, при што секоја пумпа располага со вграден фреквентен конвертор со воздушно ладење. Постројка опремена со Smart Controller SCe.
Примена
Целосно автоматско водоснабдување во доводен режим, во полето на јавно водоснабдување, за зголемување на притисокот од резервоар или притисочна линија, за комунална, комерцијална, индустриска и приватна примена (пр. претпријатија за водоснабдување, преработувачки и индустриски компании, резиденцијални, канцелариски и јавни установи, административни згради, хотели, болници).
Содржи резервна пумпа според DIN 1988 и DIN EN 806.
Дозволените транспортирани медиуми во принцип се вода, кои не ги нагризуваат користените материјали, ниту хемиски ниту механички, и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки, како:
- Вода за пиење (одобрение за вода за пиење, проверете го делот за материјалот)
- Вода за ладење
- Процесна вода
- Вода за гасење (освен за постројка за гасење пожар во согласност со DIN 14462 и со дозвола на локалните противпожарни служби)
Опрема/функција
2-4 пумпи по постројка од сериите Helix VE 2 до Helix VE 52, со високопродуктивен норм-мотор еквивалентен на IE5 и регулација на бројот на вртежи преку вграден фреквентен конвертор на секоја пумпа.
SCe-приклучната табла ги прави автоматската регулацијата и управувањето на постројката за зголемување на притисокот посигурни.
Целосно се монтира на поцинкувана основна рамка од челик со висинско поместување.
Сите составни елементи што се во допир со медиумот се отпорни на корозија.
од притисочната страна:
- Затворачки вентил
- Неповратен вентил
- Неповратен вентил на секоја пумпа
- Мембрански притисочен сад 8 l, PN 16
- Сензор за притисок 4..20 mA
- Манометар
од вшмукателната страна:
- Затворачки вентил
- Сензор за притисок 4..20 mA
- Манометар
Означување на типот
Пример: | Wilo-SiBoost Smart 4 Helix VE 2204-ES |
SiBoost | Постројка за зголемување на притисокот во комерцијалното подрачје |
Smart | Контролен уред Smart Controller SCe за пумпи со фреквентен конвертор |
4 | Број на пумпи |
Helix VE | Серија на пумпи |
22 | Номинален проток [m3/h] на единечна пумпа |
04 | Број на степени на единечна пумпа |
ES | Изведба од нерѓосувачки челик на сериите 22.., 36.., 52.. |
Технички податоци
- Приклучоци за мрежа:
- 3~400 ±10 %, 50 Hz
- 3~380 ±10 %, 60 Hz
- Макс. температура на медиум +50 °C (+70 °C изборно)
- Температура на околина макс. 40 °C
- Работен притисок 16 бара (25 бара изборно)
- Приливен притисок 10 бара
- Приклучни номинални дијаметри:
- Од крајната притисочна страна R 1½" - DN 200
- Од приливната страна R 1½" - DN 200
- Опсег на број на вртежи 1500 – 3500 1/мин
- Вид на заштита IP54
- Осигурување од страната на мрежата A, AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
Материјали
Helix VE 6": 2-16 m³/h
- Куќиште на пумпа од 1.4301 [AISI 304]
- Хидраулика од 1.4307 [AISI 304L]
- EPDM заптивка
- без патрон, освен пумпи со мотори над 7,5 kW
Helix VE 8": 22-52 m³/h
- Куќиште на пумпа од EN-GJL-250 со KTL-облога од сиво леано железо со ACS/WRAS-одобрение
- Хидраулика од 1.4307 [AISI 304L]
- EPDM заптивка
- без патрон, освен пумпи со мотори над 15 kW
- ES-изведба: Конструкција од нерѓосувачки челик
- Куќиште на пумпа од 1.4301 [AISI 304]
- Хидраулика од 1.4307 [AISI 304L]
Други изведби на пумпата се испорачуваат на барање:
- со или без патрони
- PN 25
- FKM (Viton) заптивање
- Куќиште на пумпа од нерѓосувачки челик и хидраулика од 1.4404 [AISI 316L]
Конструкција
Основна рамка: Од поцинкуван челик, со придушувач на осцилациите со висинско поместување, за далекусежна изолација од вибрациона бучава, како и интегрирани точки за кревање и водење на кабелот.
Цевковод: Комплетен цевковод од нерѓосувачки челик, погоден за приклучување на сите конвенционални материјали што се користат во цевководите. Цевководот е направен според вкупната хидраулична моќност на постројката за зголемување на притисокот
Пумпи: Користи 2 до 4 паралелно поврзани пумпи од сериите Helix VE 2 до Helix VE 52. Фреквентниот конвертор, монтиран на пумпниот мотор со воздушно ладење, овозможува континуиран режим на регулација со помеѓу 25 Hz и макс. 60 Hz на сите пумпи од овие серии.
- За 6" пумпи Helix VE 2, 4, 6, 8, 10, 16: Сите делови на пумпата што се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик; KTW/WRAS/ACS-одобрение.
- За 8" пумпи: Helix VE 22, 36, 52: Сите делови што се во допир со медиумот се во стандардна изведба од нерѓосувачки челик и сиво леано железо, имат KTL-облога и ACS/WRAS-одобрение. Нерѓосувачки челик во ES-изведба со KTW/WRAS/ACS-одобрение.
Вентили: Секоја пумпа во стандардна изведба е опремена од вшмукателната и од притисочната страна со затворачки вентил со ознака за DVGW одобрение, како и со неповратен вентил со одобрение за DVGW/KTW од притисочната страна.
Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 на крајната притисочна страна со мембрана од бутил гума, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи; заради проверка и ревизија, опремена со затворачка куглеста славина со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807.
Надгледување притисок: 2 сензори за притисок: 4..20 mA, од притисочната и од вшмукателната страна.
Приказ на притисокот: Манометар поставен од вшмукателната и крајната притисочна страна.
Контролен панел: Smart Controller SCe во стандардна изведба со LC-дисплеј.
Други изведби на барање
Опсег на испорака
- Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
- Упатство за вградување и работа
Опции
Други приклучоци за мрежата на барање
Опрема
Accessories must be ordered separately as required. The accessories from the Wilo range include the following:
Larger diaphragm pressure vessel
Safety valve
Dry-running protection system:
Float switch
Compensators
Threaded flanges and caps
Пуштање во работа
General preparations and control measures
Check that all on-site wiring has been performed correctly, in particular the earthing, prior to the initial start-up.
Check that the pipes joints are not under stress.
Fill the system and subject it to a visual inspection for leakages.
Open the shut-off devices at the pumps and in the suction and pressure piping.
Open the pump venting screws and fill the pumps slowly with water to allow the air to escape completely.
Commissioning the system
After all the preparations and checks have been made, switch on the main switch and set the control system to automatic mode. The pressure sensor measures the pressure at hand and transmits a corresponding current signal to the control device. If the pressure is less than the set start-up pressure, depending on the parameter settings and the control mode, it first switches on the base-load pump and, as required, the peak-load pump(s) until the consumer pipes
are filled with water and the set pressure has built up.
Decommissioning the system
If the pressure-boosting system has to be taken out of service for maintenance, repairs or other measures, proceed as follows:
Switch off the voltage supply and secure it against being switched on again by unauthorised persons.
Close the shut-off devices upstream and downstream of the system.
Shut off the diaphragm pressure vessel at the throughflow fitting and drain it.
Drain the system completely if necessary.
Водич за проектирање
Приливен притисок
При димензионирање на постројката треба да се внимава на макс. приливен притисок (в. Технички податоци). Макс. дозволен приливен притисок се добива од макс. работен притисок на постројката без макс. напор на пумпата приi Q = 0.
Редуктор на притисок
Променливиот приливен притисок се компримира преку уредот за регулирање на бројот на вртежи, вграден во секоја единечна пумпа, доколку колебањето на притисокот не е поголемо од разликата помеѓу зададената вредност на притисокт и на нултата вредност на напорот на единечната пумпа при мин. број на вртежи (работа со 20 Hz или 25 Hz). Доколку променливоста на притисокот е поголема, пред постројката треба да се монтира вентил за намалување на притисокот.
Проток
До 240 m3/h (66 l/s) димензионирање на постројка според DIN 1988 (EN 806); со резервна пумпа до 320 m3/h (88 l/s), при работа на резервните пумпи како дополнителен агрегат за врвно оптоварување
Заштитен прекинувач за резидуална струја
При инсталација на заштитен прекинувач за резидуална струја поврзан со фреквентни конвертори, треба да се земат предвид само заштитни прекинувачи за резидуална струја за сите струи, според DIN/VDE 0664.
Уред за осигурување од недостаток на вода Wilo-WMS
Употребената пумпа од серијата Helix VE веќе располага со вграден уред за препознавање на сув од, како сигурносен уред за пумпата. Кога постројките за зголемување на притисокот се приклучени директно на јавна мрежа за снабдување, треба да се вгради уред за осигурување од недостаток на вода; со тоа се спречува евентуални опаѓање на приливниот притисок во водот за снабдување на вредности под 1,0 бара. Додадете го во налогот при порачка на постројката за зголемување на притисокот. WMS тогаш се вргадува од страна на Wilo во постројката зголемување на притисокот, се поврзува со кабли и при завршната проверка на функционирањето се проверува и неговото функционирањето.
Стандарди/директиви
Целиот систем одговара на сите барања на
- DIN 1988 дел 5
- DIN 1988 дел 6* (**)
* Треба да се внимава на напомените на DIN 1988 (EN 806) и на претпријатието за водоснабдување. Во однос на електричните состевни елементи постројката одговара на барањата на
- VDE 0100 дел 430/дел 540
- VDE 0110 дел 1/дел 2
- VDE 0660 дел 101/дел 107 и
- DIN 40719/IEC 754
При примената и работата на постројка зголемување на притисокот, во принцип треба да се внимава на прописите од DIN 1988 (EN 806).(**)Ова не важи за постројки за гасење пожар во согласност со DIN 14462. За нив е потребна специјална порачка!