Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Wilo-SiBoost2.0 Smart 1 Helix VE | Wilo

Wilo-SiBoost2.0 Smart 1 Helix VE

Оптимално зголемување на притисокот. Интуитивно ракување.

Вашите предности
Wilo-SiBoost2.0 Smart 1 Helix VE

Оптимално зголемување на притисокот. Интуитивно ракување.

Wilo-SiBoost2.0 Smart 1 Helix VE обезбедува сигурно водоснабдување во големи згради во секое време благодарение на интегрираните заштитни функции. Тие вклучуваат заштита од преоптоварување, заштита од сув од и осигурување од недостаток на вода со автоматско исклучување. ​

Дополнително, се постигнува висока заштеда на енергија преку хидрауликата за оптимизирање на загубата на притисок и оптимално подесување на моќноста. ​

Екранот во боја нуди оптимална лесна употреба со прикажување визуелизации и јасен текст.

Препорачани сервисни услуги



Особености/предности на производот

  • Робусна постројка со високопритисочни центрифугални пумпи од не’рѓосувачки челик, од серијата Helix2.0 VE, со вграден фреквентен конвертор со големо регулирано подрачје ​
  • Заштеда на енергија со IE5 технологија на EC-мотор и со оптимизирана загуба на притисок на целокупниот систем ​
  • Едноставно ракување благодарение на прегледното водење во менито на екранот во боја и копчето на вртење​
  • Потребно зголемување на притисокот со дополнителниот режим на управување p-v​
  • Голема сигурност поради вградените заштитни функции и препознавање на недостаток на вода (WMS)​
  • Подготвена за приклучување во зградна автоматика преку опционални CIF-модули и опционална проширена комуникација преку Wilo-Gateway​
  • Одговара за вода за пиење за сите составни елементи што се во допир со медиумот

Еколошки својства

  • Високоефикасен пумпен систем со EC-мотор од класа на енергетска ефикасност IE5
  • Заштеди на енергија со синхрона работа на пумпата и варијабилен режим на регулација на притисокот
  • Робустен материјал на пумпата од не’рѓосувачки челик за долг работен век
  • Модуларна изведба со намален вариетет на компоненти што лесно се заменуваат, за уште подолг работен век на производството
Опис на серијата
SiBoost2.0 Smart 1 Helix VE 204-5202

Изведба

Високоефикасна постројка за водоснабдување подготвена за приклучување со вертикално наредени, нормално вшмукувачки високопритисочни центрифугални пумпи од не’рѓосувачки челик од серијата Helix2.0 VE со интегриран фреквентен конвертор со воздушно ладење.

Примена

  • Целосно автоматска постројка за водоснабдување и зголемување на притисокот во приливен погон од отворена мрежа за вода или резервоар, за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (резервната пумпа е предвидена согласно барањата од DIN 1988 и DIN EN 806).
  • Дозволените транспортирани медиуми се вода, кои не ги нагризуваат користените материјали, ниту хемиски ниту механички, и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки.

Течности

  • Вода за пиење (одобрение за вода за пиење, проверете го делот за материјалот)
  • Вода за ладење
  • Процесна вода
  • Вода за гасење (освен за постројка за гасење пожар во согласност со DIN 14462 и со дозвола на локалните противпожарни служби)

Опрема/функција

  • 1 пумпа од серијата Helix VE 2 до Helix VE 52, со IE5-EC-погон на мотор и регулација на бројот на вртежи со интегриран фреквентен конвертор монтиран на поцинкувана основна рамка од челик со висинско поместување.
  • Сите составни елементи што се во допир со медиумот се отпорни на корозија.

од притисочната страна:

  • Затворачки вентил
  • Неповратен вентил
  • Неповратен вентил
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN 16
  • Сензор за притисок 4..20 mA
  • Манометар

Од вшмукателната страна:

  • Сензор за притисок 4..20 mA
  • Манометар

Означување на типот

Пример:

Wilo-SiBoost2.0 Smart 1Helix VE606-HS

SiBoost2.0 Smart

Компактна постројка зголемување на притисокот со вградена регулација на број на вртежи

1

Број на пумпи

Helix VE

Серија пумпи Helix2.0 VE

6

Номинален проток [m³/h] на единечна пумпа

06

Број на степени на единечна пумпа

-HS

Со главен прекинувач

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 ± 10 %, 50 Hz; 3~380 ± 10 %, 60 Hz
  • Макс. температура на медиум: +50 °C (+70 °C изборно)
  • Макс. температура на околина: 40 °C
  • Работен притисок: 16 бара (25 бара изборно)
  • Приливен притисок: 10 бари
  • Приклучни номинални дијаметри:
    • Крајна притисочна страна: R 1¼” – DN 80
    • Приливна страна: Rp 1¼” – Rp 3”
  • Опсег на бројот на вртежи: 1 500 – 3 500 1/мин.
  • Вид на заштита: IP54

Материјали

  • Куќиште на пумпа во 1.4301 [AISI 304]
  • Хидраулика во 1.4307 [AISI 304L]
  • EPDM заптивка
  • без патрон

Други изведби на пумпата се испорачуваат на барање:

  • со патрон
  • PN 25
  • FKM (Viton) заптивање
  • Куќиште на пумпа од нерѓосувачки челик и хидраулика во 1.4404 [AISI 316L]

Конструкција

Основна рамка: Од поцинкуван челик, со придушувач на осцилациите со висинско поместување, за далекусежна изолација од вибрациона бучава, како и интегрирани точки за кревање.

Цевковод: Комплетен цевковод од нерѓосувачки челик од притисочната страна, погоден за приклучување на сите конвенционални материјали што се користат во цевководите. Цевководот е направен според вкупната хидраулична моќност на постројката за зголемување на притисокот

Пумпи: Се користи 1 пумпа од сериите Helix2.0 VE 2 до Helix2.0 VE 52.

Фреквентниот конвертор, монтиран на пумпниот мотор со воздушно ладење, овозможува континуиран режим на регулација со помеѓу 25 Hz и макс. 60 Hz на сите пумпи од овие серии.

  • Сите делови на пумпата што се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик; KTW/WRAS/ACS-одобрение.

Вентили: Пумпата во стандардна изведба е опремена од притисочната страна со затворачки вентил, како и со неповратен вентил со одобрение за DVGW/KTW од притисочната страна.

Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 на крајната притисочна страна со мембрана од бутил гума, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи; заради проверка и ревизија, опремена со затворачка куглеста славина со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807.

Надгледување притисок: 2 сензори за притисок: 4..20 mA, од притисочната и од вшмукателната страна.

Приказ на притисокот: Манометар поставен од вшмукателната и крајната притисочна страна.

Други изведби на барање.

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
  • Упатство за вградување и работа
  • Фабрички нагоден протокол за проверка
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-SiBoost 2.0 Smart 1, Wilo-SiBoost Smart 1, Wilo-Comfort-Vario COR-1...-GE, Wilo-Comfort-Vario COR/T-1…-GE

Број на производ 2535459
Издание 2023-08
Број на страници 72
Јазик en
PDF (31 MB)

Wilo-Helix V, .. FIRST V, ..2.0-VE 2-4-6-10-16

Број на производ 4143727
Издание 2023-03
Број на страници 24
Јазик en
PDF (5 MB)

Drive for Wilo-Helix2.0-VE / Wilo-Medana CH3-LE

Број на производ 4254674
Издание 2024-02
Број на страници 100
Јазик en
PDF (8 MB)

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)

Standard Conformity

MAN-D 2223516-02

Број на страници 1
Јазик Јазично неутрално
PDF (199 KB)
Избор на производ
Број на пребарувања: 68
Главен прекинувач
Количина на проток Q
2 … 52 m³/h
[68]
Номинална моќност на мотор P2
0.55 … 7.5 kW
[68]