Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
SiFire-EN-100/315-302-160E | Wilo
Слично на сликата

SiFire-EN-100/315-302-160E

Број на производ: 4241450
Технички податоци
Податоци за хидраулика
Приливен притисок 6 bar
Максимален работен притисок PN 16 bar
Број на пумпи 1
Мин. температура на медиум Tmin 3 °C
Макс. температура на медиум Tmax 25 °C
Мин. температура на околината Tmin 4 °C
Макс. температура на околината Tmax 40 °C
Податоци за мотор
Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
Номинална моќност на мотор P2 160 kW
Номинална струја IN 269,45 A
Фактор на моќност 0,89
Номинален број на вртежи n 2980 1/min
Класа на заштита на расклопен уред IP54
Материјали
Куќиште на пумпа Нодуларно сиво леано железо
Работно коло
Вратило Не’рѓосувачки челик
Материјал на заптивање EPDM
Материјал на цевковод Челик
Димензии на инсталација
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs DN 125
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd DN 150
Податоци за производ
Производ Wilo
Опис на производ SiFire-EN-100/315-302-160E
Број на производ 4241450
EAN број 4062679081960
Боја црвена/црна/сребро
Минимална количина за нарачка 1
Достапност на пазарот 2020-09-20
Амбалажа
Вид на пакување Специјална палета
Карактеристики на пакување Комерцијална амбалажа
Број по палета 1
Број по слој 1
Димензии и тежина
Мерка за должина со амбалажа 1226 mm
Должина L 1026 mm
Мерка за висина со амбалажа 2575 mm
Висина H 2445 mm
Мерка за ширина со амбалажа 2878 mm
Ширина W 2678 mm
Бруто тежина прибл. m 1712 kg
Нето тежина прибл. m 1682 kg
Опис

Постројка за зголемување на притисокот како автоматска компактна постројка за гаснење пожар според EN 12845.

Составена од 1 главна пумпа со хоризонтална основна рамка – EN 733 – со спојка за проширување, електро мотор и мембрански притисочен сад (Содржина: 20 l) како и една разводна кутија, фиксирана на робусна држечка конструкција.

Модел SC-Fire E за електро мотор, опремен со Smart контролер, солидна конструкција од специјални профилни делови со кружни жлебови за виљушкар и кука, така што е овозможен безбеден транспорт без проблеми. Разводна кутија која може да се нагодува во висина и специјална основна рамка, со што преносот на вибрации се намалува значително и се зголемува сигурноста и животниот век.

Циркулационен круг со двоен притисочен прекинувач, манометар, повратен вентил, вентил за главната пумпа за автоматско стартување (осигуран од делување на неовластени лица). Каблите се позајмуваат во конструкцијата и се заштитени од потрес и засекување. Стандардна изведба опремена со мембрана инсталирана директно на главната пумпа, за да се спречи прекумерно вжештување при нула-прилив.

Разводен уред SC Fire Е за противпожарни постројки во согласност со EN 12845.

Приклучна табла интегрирана во куќиште од челичен плех, според вид на заштита IP54.

Многу висок квалитет на управување и особено едноставна работа благодарение на SC-Fire управувањето, со ЛЦД екран базиран на симболи, лесно упатство за корисници со едноставно мени, притисочен и вртлив прекинувач за брзо поставување на параметри. Комуникациски контролен и управувачки механизам за надгледување на работата на постројката.

Постројката е монтирана на основна рамка со поврзани кабли и цевки, подготвена за приклучување.

Приливен притисок:

При планирањето на системската конфигурација мора да се земе предвид максималниот приливен притисок (види ги техничките податоци). Макс. дозволен приливен притисок се добива од макс. работен притисок на системот, соодветно намален за предвидениот максимален напор на пумпата при Q = 0. Кај постројките за распрскување според EN 12845, максималната вредност на притисокот на водата треба да биде 12 бари. Во постројките за распрскување со силен пораст, во кои разликата во висината помеѓу највисокиот и најнискиот распрскувач изнесува повеќе од 45 m, притисокот на водата на излезот на пумпата или во цевките може да биде повисок од 12 бари, доколку се дизајнирани сите компоненти на постројката за ова ниво на притисок.

Инсталација на пумпа за зголемување на притисокот според можностите за вшмукување.

За главната пумпа треба да се инсталира приливен резервоар со приклучок на потисната цевка над пумпата.

Проток

До 750 m³/h (208 l/s) системска конфигурација за главната пумпа.

Приклучна табла/управувачки уред за вода за гаснење- систем за снабдување

Wilo-Control SC-Fire E (главна пумпа со електро мотор)

Хардвер:

Електронска централна управувачка единица, вградена во челично куќиште, вид на заштита IP54, управувачки и екранизирани уреди на предната врата

Својства и функции:

Дизајнот на управувачкиот уред зависи од моќноста на приклучената пумпа (стартување преку DOL или поврзување ѕвезда-триаголник). Уредот ги опфаќа следните компоненти:

  • Главен прекинувач: За вклучување и исклучување на приклучна табла. (При неовластено користење во случај на пожар)
  • Дисплеј: Вграден екран на вратата од разводната кутија за ракување и прикажување. Ги покажува податоците за работата и работната состојба на пумпата и функција за управување и контролирање преку комбинација на симболи и нумерички кодови. Изборот на менито и внесувањето параметри се изведува преку црвеното копче
  • Микропроцесор со Soft-SPS: Микропроцесор -SPS (Soft-SPS), реализиран преку програмирање, мрежен дел и E/A- ожичување. Конфигурацијата на програмирањето зависи од системот и од постројката за распрскување
  • Индикатори: Долговечни светилки-индикатори кои ја покажуваат подготвеноста и работата на пумпата, активирањето на потисниот прекинувач и на пливачкиот прекинувач, погрешно стартување, збирна грешка, рачно стартување и запирање
  • Копчиња: Копчиња на притискање за рачно стартување и запирање, тестирање на ламби и потврдување на аларми и сигнали за внимание
  • Осигурувач: Заштитни осигурувачи, кои го толерираат почетниот тек најмалку 20 секунди
  • Стартување на моторот: Контактор за директно вклучување, до 22 kW, при поголема моќност, стартување преку поврзување ѕвезда-триаголник
  • Заштита на мотор: Само за сигнализирање
  • Надгледување на водоснабдувањето: Преку пливачки прекинувач, со цел нивото на водата да биде секогаш најмалку 2/3 од приливниот резервоар
  • Контрола на моќност: Довод на вода и моќност на пумпа
  • Сеопфатна сигнализација: Грешки од секаков вид се прикажуваат на зеднички индикатор за грешки
  • Индивидуална сигнализација: Преку индивидуален индикатор за грешки се прикажува битната сигнализација - грешка при стартување
  • Приказ за грешка и ресетирање: Сите сигнали за грешка се прикажуваат на лед диоди, на екран се прикажани како код за грешка и мора да се рестартира

Софтвер:

  • Фабрички програмиран за автоматска работа
  • Информации за напон, јачина на струја и моќност на пумпа
  • Навигација на менито со помош на симболи

Одговара на следните норми:

  • Фиксирани уреди за гаснење пожар- автоматски постројки за распрскување (EN 12845), дел за пумпи со електромотор
  • Електрична опрема на машини (EN 60204-1)
  • Низок напон-комбинации на приклучни табли (EN 61439-1 и EN 61439-2)
  • Електромагнетна подносливост, отпорност на интерференца за индустриски подрачја (EN 61000-6-2)
  • Електромагнетна подносливост, емитирана интерференца за станбено подрачје, деловни и трговски подрачја, како и во малите погони (EN 61000-6-3)

Опис на функцијата:

Со Wilo SC-Fire E управувачките уреди, можат да се контролираат пумпи со електромотор, сензори за управување со пумпите како и нивото на информации. SC- уредот се контролира преку микропроцесор со Soft-SPS. Тој служи за управување и регулација на потребните функции на уредите за зголемување на притисокот за снабдувањето со вода за геснење пожари спред EN 12845, за тестирање и при работа на постројката за распрскување.

Работната логика на делот за гасењето пожари се базира на каскадно калибрирање на притисочниот прекинувач за стартување на пумпата.

Доколку е потребно поголемо количество на вода поради отворање на еден или повеќе циркуларни кругови или поради расипан распрскувач, прекинете го притисокот во системот. Како резултат на тоа SC-Fire Controller регулаторот предизвикува стартување на главната пумпа. Штом се затвори циркуларниот круг на распрскувачот или засунот, со што се врши снабдување на главите за распрскување, во системот се` повеќе се зголемува притисокот во мирување. Тогаш мора да се притиснат копчињата за запирање на SC-Fire, за да запре главната пумпа.

Дополнителни информации:

Битна предност на Smart Controller SC-Fire е лесното управување на докажаната Wilo технологија-црвено-копче. Основа на SC е можноста за зачувување на програмираното управување Soft SPS, кое се базира исклучиво на големото искуство на Wilo. Целото програмирање се прави интерно. Со тоа овие управувачки уреди можат флексибилно да се употребуваат во нова генерација и во согласност со сите специфични побарувања на купувачите и на пазарите.

Работни податоци
Макс. напор Hmax 118,5 m
Број на пумпи 1
температура на медиум T 3 °C
температура на околината T 4 °C
Максимален работен притисок PN 16 bar
Приливен притисок 6 bar
Податоци за мотор
Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
Номинална моќност на мотор P2 160 kW
Номинална струја IN 269,45 A
Фактор на моќност 0,89
Номинален број на вртежи n 2980 1/min
Класа на заштита на расклопен уред IP54
Материјали
Куќиште на пумпа Нодуларно сиво леано железо
Работно коло
Вратило Не’рѓосувачки челик
Заптивање на вратило BVEGG
Материјал на заптивање EPDM
Материјал на цевковод Челик
Димензии на инсталација
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs DN 125
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd DN 150
Информации за нарачувања
Производ Wilo
Опис на производ SiFire-EN-100/315-302-160E
Нето тежина прибл. m 1682 kg
Број на производ 4241450
Документи

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)
BIM/CAD
Опрема

Акумулационен резервоар (1)

Арматури (10)

Заштита од бучава (6)

Монтажа на цевки (8)

Монтажа на цевки/елементи за израмнување (3)

Арматури/опрема (1)

Алармен сигнал (1)

Уред за ракување и сервис (1)

Одржување/замена (15)

Услуги

Wilo има долга традиција на работа со инсталатери и производители на системи. Важен дел од нашата филозофија за партнерство е фабричката корисничка служба на Wilo. Заедно сите развиваме концепт на сервис кој најдобро одговара на вашите барања, а со нашите практични знаења и лично советување, се грижиме вашите постројки да се енергетски ефикасни, сигурни за работа и економични што е можно најдобро. Нашите компетентни сервисни техничари на Wilo ве поддржуваат брзо, сигурно и навремено.

Дознајте повеќе

Препорачани сервисни услуги

Одржување
COMFORT одржување на SiFire E
    
2219502

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка и евентуално полнење на евентуално достапните притисочни резервоари
  • Проверка и, доколку е потребно, прилагодување на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошниот материјал е вклучен во цената на договорот
  • Без надомест и патни трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време на нормални часови за сервис)
  • Планирањето и организацијата ги врши WILO. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување
PREMIUM одржување на SiFire E
    
2219555

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка и евентуално полнење на евентуално достапните притисочни резервоари
  • Проверка на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошниот материјал е вклучен во цената на договорот
  • Без надомест и патни трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време и надвор од вообичаените часови за сервис)
  • Надградба на софтвер
  • Вклучувајќи ги и потрошните делови
  • Планирањето и организацијата ги врши WILO. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување
Пуштање во работа
Пуштање во работа на SiFire E
    
2219400

За да се осигуриме дека пумпата(ите)/постројката (ите) функционираат беспрекорно, препорачуваме пуштањето во работа да го изврши сопствената служба за односи со корисниците на Wilo. Ова овозможува оптимално нагодување и ефикасно работење на системот. Пуштањето во работа ги вклучува следните точки:

  • Пуштање во работа на постројката(ите) според контролната листа
  • Параметрирање и нагодување на разводната опрема
  • Тестирање и прилагодување на предкомпресија на притисочните резервоари (полнење до 80 литри вкл.)
  • Функционално тестирање на склопени системи
  • Упатство за вградување и работа ориентирани кон пракса
  • Протокол за пуштање во работа на Wilo

Цената за пуштање во работа се однесува само на постројки кои се инсталирани во согласност со упатството за вградување и работа, како и според актуелната состојба на технологијата. Нема трошоци за материјали што може евентуално да бидат потребни.

Други сервисни услуги

Сервисни пакети
Пакет за сервис L за SiFire E
    
2219712

Сервисот на Wilo нуди однапред дефинирани пакети на услуги во три големини за полесно да се комбинираат поединечните услуги.

Сервисниот пакет L од Wilo вклучува:

  • Проверка на инсталацијата
  • Поддршка за проекти
  • Пуштање во работа
  • Одржување
  • Energy Solutions
  • WiloCare Premium
  • Wilo-Live Assistant

Опционални дополнителни услуги:

  • Оптимизација на постројките
  • Поправка
  • Продолжена гаранција
Пакет за сервис M за SiFire E
    
2219683

Сервисот на Wilo нуди однапред дефинирани пакети на услуги во три големини за полесно да се комбинираат поединечните услуги.

Сервисниот пакет M од Wilo вклучува:

  • Проверка на инсталацијата
  • Поддршка за проекти
  • Пуштање во работа
  • Одржување
  • WiloCare Comfort
  • Wilo-Live Assistant

Опционални дополнителни услуги:

  • Оптимизација на постројките
  • Energy Solutions
  • Поправка
  • Продолжена гаранција
Пакет за сервис S за SiFire E
    
2219654

Сервисот на Wilo нуди однапред дефинирани пакети на услуги во три големини за полесно да се комбинираат поединечните услуги.

Сервисниот пакет S од Wilo вклучува:

  • Проверка на инсталацијата
  • Пуштање во работа
  • Одржување
  • WiloCare Basic
  • Wilo-Live Assistant

Опционални дополнителни услуги:

  • Оптимизација на постројките
  • Energy Solutions
  • Поддршка за проекти
  • Поправка
  • Продолжена гаранција
Асистент на Wilo во живо
Сервис со Wilo-Live Assistant
    
2216415

Wilo-Live Assistant е покрај вас како технички советник за време на сервисирањето на пумпата. Со Wilo-Live Assistant, нашите стручни советници ве поддржуваат во котларата или во просторијата на постројката преку видео пренос - во живо и во реално време. Ја прикажувате поставката за инсталација со вашиот паметен телефон додека експертот на Wilo следи сè на екранот. Може да ги гледате и компонентите и другите детали за да одредите од каде настанал дефектот или испадот. Ние спречуваме испади и обезбедуваме безбедност при работа на вашите пумпи и системи!

Wilo-Live Assistant вклучува:

  • Интерактивна поддршка во живо преку видео разговор
  • Директен контакт со експерти
  • Just-in-Time решение за обезбедување на максимална безбедност при работа на вашите пумпи и системи
Продолжена гаранција
Продолжување на гаранција за SiFire E
    
2219602

Во комбинација со нова пумпа или нов систем, Wilo нуди продолжена гаранција до пет години во комбинација со пуштање во работа и одржување од страна на сервисот на Wilo.

Продолжената гаранција вклучува:

  • Целосна заштита и предвидливи оптимални трошоци
  • Редовни работи за одржување од страна на сервисот на Wilo
Поддршка за проекти
Поддршка за проекти со SiFire E
    
2219336

Wilo обезбедува поддршка во фазата на планирање за да обезбеди квалитет и економичност. Нашиот компетентен и квалификуван сервис Wilo ќе ве поддржува со препораки и технички совети во текот на целото времетраење на проектот.

Поддршката на проектот ги вклучува следните услуги:

  • Редовни посети на локацијата за да се осигура квалитетот на информациите и советите
  • Технички совети, достапни и на локација
  • Извештај за состојбата со препораки по посетата
  • Обемна поддршка за планирање од експерт на Wilo
Инсталација
Инсталација на SiFire E
    
2219371

Сервисот на Wilo нуди инсталација на нашите пумпи или пумпни системи. Ние нудиме End-to-End процес, од собирање информации на лице место до инсталирање на нашиот производ во објектот. Оптималната поставка за инсталација и интеракцијата на различни индивидуални фактори ја поставуваат основата за долгорочна безбедност при работа.

Инсталирањето вклучува:

  • Стручна инспекција
  • Обезбедување на компоненти/материјали од Wilo и трети понудувачи
  • Инсталација на цевковод и електрика
  • Пробно работење
Оптимизација на постројките
Оптимизација на постројки на SiFire E
    
2219266

Wilo-Service нуди проактивна оптимизација на постројката преку нагодување на поставките и правење мали корекции за да се обезбеди безбедност при работа. Оптимизацијата на постројките меѓу другото вклучува:

  • Ремонт на пумпи/постројки за враќање на целосната моќност
  • Надградба на постари постројки со нови технологии или функции за да се заштедат капитални трошоци (осовременување)
Energy Solutions
Energy Solutions SiFire E
    
2219301

Сервисот на Wilo нуди проактивна поддршка за планирање за да се утврдат можните заштеди на енергија. Нашиот сервис создава преглед на инсталираните пумпи или постројки за да покаже како може да се намали потрошувачката на енергија. Ние нудиме таргетирани консултации и анализи, вклучително и интеграција на систем за транспорт, како и обемна поддршка во планирањето при префрлување на технологии со висока ефикасност. Wilo-Energy Solutions ги вклучува следните услуги:

  • Детална проценка на трошоците во животните циклуси (LCC-анализа)
  • Енергетска ревизија вклучувајќи информации за потенцијалот за заштеда на енергија
  • Проактивна препорака за опции за замена
  • Подобрување на еколошката рамнотежа на вашата постројка
  • Поддршка во планирање при префрлување на високоефикасни пумпи на Wilo
Поправка
Поправка на SiFire E
    
2219625

За време на проверката на лице место, компетентниот и искусен сервисер на Wilo одлучува дали пумпата може да се поправи на лице место или дали треба да се испрати во фабриката на поправка. Wilo исто така обезбедува резервни делови или пумпа за замена за враќање на безбедноста при работа на постројката.

Поправката вклучува:

  • Проверка и отстранување на причините за дефект од искусни експерти на Wilo
  • Необврзувачка проценка на трошоците за поправки
  • Електрохидраулично пробно работење за да се обезбедат точни податоци во однос на функцијата, квалитетот и моќноста на пумпата или постројката
  • Обложување на разни компоненти на пумпата или постројката за оптимизирана ефикасност
  • Употреба исклучиво на оригинални резервни делови
  • Документација за поправката во извештајот за сервис