Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Stratos GIGA2.0-B 40/1-33/3,0-S1 | Wilo

Stratos GIGA2.0-B 40/1-33/3,0-S1

Број на производ: 2234437
НОВО
Технички податоци
Податоци за хидраулика
Минимален индекс на ефикасност (MEI) ≥0,7
Максимален работен притисок PN 16 bar
Напомена за димензионирање 16 bar до 120 °C, 13 bar до 140 °C
Мин. температура на медиум Tmin -20 °C
Макс. температура на медиум Tmax 140 °C
Мин. температура на околината Tmin 0 °C
Макс. температура на околината Tmax 50 °C
Погон
Приклучување на мрежа 3~400 V, 50/60 Hz
Број на полови 4
Класа на енергетска ефикасност на мотор IE5
Влезна моќност P1 max 3,40 kW
Номинална моќност на мотор P2 3 kW
Номинална струја IN 5,2 A
Емитирана интерференца EN 61800-3
Отпорност на интерференца EN 61800-3
Класа на изолација F
Вид на заштита на мотор IP55
Заштита на мотор Интегриран PTC
Материјали
Куќиште на пумпа 5.1301/EN-GJL-250, KTL-облога
Работно коло PPS-GF40
Вратило Не’рѓосувачки челик
Заптивање на вратило Q1Q1X4GG
Латерна 5.1301/EN-GJL-250, KTL-облога
Дозволени течности (други течности на барање)
Вода за греење (согласно VDI 2035) Да
Масло за пренос на топлина Специјална изведба како дополнителен трошок
Мешавини на вода-гликол (при 20 – 40 Vol.-% гликол и температура на медиум ≤ 40 °C) Да
Димензии на инсталација
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DN 65
Приклучок за цевка од притисочната страна DN 40

Stratos GIGA2.0-B 40/1-33/3,0-S1

Wilo-Stratos GIGA2.0

Назив Распоред Известување
Аналогно IN (AI 1)

+ 24 V

+ In 1 →

- GND

Вид на известување:

  • 0-10 V
  • 2-10 V
  • 0-20 mA
  • 4-20 mA

Диелектрична јачина:

  • 30 V DC / 24 v AC

Напонски извор:

  • 24 V DC: максимум 50 mA
Аналогно IN (AI 2) + In 2 →
  - GND
   
Аналогно IN (AI 3)

+24 V

+ In 3 →

- GND

Вид на известување:

  • 0-10 V
  • 2-10 V
  • 0-20 mA
  • 4-20 mA
  • PT1000

Диелектрична јачина:

  • 30 V DC / 24 v AC

Напонски извор:

  • 24 V DC: максимум 50 mA
Аналогно IN (AI 4) + In 4 →
  - GND
   
Дигитално IN (DI 1)

DI 1 →

+ 24 V

Дигитални влезови за безнапонски контакти:

  • Максимален напон:< 30 V DC / 24 V AC
  • Максимална струја на јамка:< 5 mA
  • Работен напон: 24 V DC
  • Работна струја на јамка: 2 mA од влез
Дигитално IN(DI 2)

DI 2 →

+ 24 V

   
Wilo Net

↔ H

↔ L

GND H/L

 
 SSM

COM

← NO

← NC

Безнапонски менувач на оптоварување на контакт:

  • Минимално дозволено: SELV 12 V AC / DC, 10 mA
  • Максимално дозволено: 250 V AC, 1 A,
    30 V DC, 1 A
   
SBM

COM

← NO

← NC

Безнапонски менувач на оптоварување на контакт:

  • Минимално дозволено: SELV 12 V AC / DC, 10 mA
  • Максимално дозволено: 250 V AC, 1 A,
    30 V DC, 1 A
   
Приклучување на мрежа

L1

L2

L3

 

 

Податоци за производ
Производ Wilo
Опис на производ Stratos GIGA2.0-B 40/1-33/3,0-S1
Број на производ 2234437
EAN број 4062679384580
Боја зелена/црна/сива
Минимална количина за нарачка 1
Достапност на пазарот 2024-12-01
Амбалажа
Вид на пакување Картон
Карактеристики на пакување Транспортна амбалажа
Број по палета 4
Број по слој 2
Димензии и тежина
Мерка за должина со амбалажа 800 mm
Должина L 551 mm
Мерка за висина со амбалажа 525 mm
Висина H 372 mm
Мерка за ширина со амбалажа 600 mm
Ширина W 317 mm
Бруто тежина прибл. m 49 kg
Нето тежина прибл. m 42 kg
Опис

Високоефикасна блок-пумпа со EC-мотор со класа на енергетска ефикасност IE5 според IEC 60034-30-2 и електронско прилагодување на моќноста при изведба на пумпа со сув ротор. Пумпата е изведена како едностепена нископритисочна центрифугална пумпа со прирабнички приклучок и лизгачка механичка заптивка. Stratos GIGA2.0-B има приоритет при транспорт на вода за греење (според VDI 2035), ладна вода и мешавини на вода-гликол без абразивни материи во системите за ладење, греење и климатизација.

Конструкција ...-S1:

  • Едностепена нископритисочна центрифугална пумпа со неподелено вратило во изведба со блокови вклучително ногалка на куќиштето од пумпата
  • Димензии на прирабница и куќиште според EN 733
  • Прирабница PN 16 - издупчена според EN 1092-2
  • Приклучоци за мерење притисок (R 1/8) за инсталиран сензор за диференцијален притисок (изведба ...-R1 без сензор за диференцијалниот притисок)
  • Куќиште на пумпа и прирабница на моторот во стандардна изведба со катодно електробоење
  • Лизгачка механичка заптивка S1 е препорачана кај мешавини на вода-гликол, со волуменски удел на гликол до макс. 50 % и температура на медиумот од -20 °C до макс. +90 °C+110 °C и кај удели на масло во мешавина вода-гликол.
  • Приклучни напони:
    • 3~440 V ±10 % 50/60 Hz; 3~400 V ±10 % 50/60 Hz; 3~380 V -5 % +10 % 50/60 Hz
  • Исполнување на електромагнетна подносливост без дополнителни мерки
    • Емитирана интерференца за станбена област според EN 61800-3:2018
    • Отпорност на интерференца за индустријална област според EN 61800-3:2018

Начини на регулирање:

  • Трајна, автоматско прилагодување на моќноста на потребите на постројката без внесување зададена вредност Wilo-Dynamic Adapt plus (фабричко нагодување).
  • Константна температура (T-const.)
  • Константна диференцијална температура (dT-const.)
  • Соодветно оптимизирање проток на напојната пумпа преку вмрежување и комуникација со повеќе секундарни пумпи (Multi-Flow Adaptation).
  • Константен проток (Q-const.)
  • Варијабилен диференцијален притисок (dp-v) со опција за внесување номинална работна точка Q и H
  • Константен диференцијален притисок (dp-c)
  • Регулација на диференцијалниот притисок dp-c на оддалечена точка во мрежата цевки (контрола на лоша точка)
  • Константен број на вртежи (n-const.)
  • PID регулација што ја дефинира корисникот

Функции:

  • Избор на подрачје на примена во асистентот за подесување
  • Регистрирање на мерата на греење
  • Регистрирање на мерата на ладење
  • Ограничување на протокот што може да се подесува преку функцијата Q-Limit (Qmin. и Qmax.)
  • Начини на работа на двојна пумпа: Главна/резервна работа, со оптимизација на ефикасноста паралелна работа за dp-c и dp-v
  • Автоматско исклучување на пумпа при препознавање нула проток (No-Flow Stop)
  • Менување меѓу греење и ладење (автоматски, надворешно или рачно)
  • Меморирање и повторно поставување на конфигурацијата за пумпите (3 точки на повторно поставување)
  • Приказ на тековната работна точка во хидрауличен вкупен дијаграм
  • Корекција на вискозните транспортирани медиуми со прилагодување на вискозноста и густината
  • Сигнализација за грешка/приказ на предупредување со јасен текст, вклучително и препораката за решение
  • Интегрирана целосна заштита на моторот

Приказ во „Почетен екран“ на графичкиот дисплеј:

  • Актуелно нагоден режим на управување
  • Актуелна зададена вредност
  • Актуелен проток (само при приклучен сензор за диференцијалниот притисок)
  • Актуелна температура на медиум (само при приклучен сензор за температура)
  • Актуелна влезна моќност
  • Кумулирана потрошувачка на струја

Изведба:

  • 4 конфигурирачки аналогни влезови: 0-10 V, 2-10 V, 0-20 mA, 4-20 mA и вообичаен PT1000 (само два аналогни влеза); напонски извор од +24 V DC
  • 2 дитигални влезови што може да се конфигурираат (Ext. Off, Ext. Min, Ext. Max, греење/ладење, рачно премостување (одвоена зградна автоматика), заклучување на контролите (заклучување на копчињата и конфигурација за заштита при далечинско ракување))
  • 2 контролни релеа за известувања за работа и сигнализација за грешка со можност за конфигурирање
  • Приклучно место за Wilo CIF-модул со интерфејси за зградна автоматика (изборна опрема: CIF-Module Modbus RTU, BACnet MS/TP, LON, PLR, CAN)
  • Wilo Net како Wilo-постројка за меѓусебна комуникација на Wilo-производи, пр. Multi-Flow Adaptation; работа со двојна пумпа
  • Автоматска ургентна работа при посебни состојби (може да се дефинира бројот на вртежи на пумпата), на пример, при пад на бус-комуникацијата или на вредностите на сензорот
  • Ротирачки графички дисплеј (4,3 цоли) во боја со ракување преку панел за управување со едно копче
  • Bluetooth интерфејс преку Wilo-Smart Connect модул BT
  • Отчитување и поставување на работните податоци, како на пример создавање протокол за пуштање во работа преку Bluetooth-интерфејс со помош на апликацијата Wilo-Assistant
  • Интегрирано управување со двојна пумпа (двојните пумпи се веќе поврзани), при упореба на 2 единечни пумпи како двојни, поврзување преку WILO Net
  • Препознавање на прекин на кабел при аналоген сигнал (во поврзаност со 2-10 V или 4-20 mA)
  • Временски печат за грешки/предупредувања и историски работни податоци
  • Постојано регистрирање на работните податоци
  • Во стандардна изведба кондензирачки дренажни отвори во куќиштето на моторот (вклучени во испораката)
  • Вентил за обезвоздушување на латерна

Опсег на испорака:

  • Пумпа
  • Wilo-Smart Connect модул BT
  • Навртувања на каблите со заптивки
  • Упатство за вградување и работа и изјава за сообразност

Опрема (мора да биде посебно нарачана по потреба):

  • Помош за инсталација на механичка заптивка (вкл. монтажни клинови)
  • За приклучување на зградна автоматика:
    • CIF-модул PLR
    • CIF-модул LON
    • CIF-модул BACnet MS/TP
    • CIF-модул Modbus RTU
    • CIF-модул CANopen
    • CIF-модул Ethernet Multiprotocol (Modbus TCP, BACnet/ IP)
    • Приклучување M12 RJ45 CIF Ethernet
  • Сензор за диференцијалниот притисок DDG 2…10 V
  • Сензор за диференцијалниот притисок DDG 4…20 mA
  • Сензор за температура PT1000 AA
  • Муф за филтер за инсталација на сензори за температура во цевковод
Работни податоци
Мин. температура на медиум Tmin -20 °C
Макс. температура на медиум Tmax 140 °C
Мин. температура на околината Tmin 0 °C
Макс. температура на околината Tmax 50 °C
Максимален работен притисок PN 16 bar
Напомена за димензионирање 16 bar до 120 °C, 13 bar до 140 °C
Минимален индекс на ефикасност (MEI) ≥0,7
Погон
Приклучување на мрежа 3~400 V, 50/60 Hz
Класа на енергетска ефикасност на мотор IE5
Влезна моќност P1 max 3400 W
Номинална моќност на мотор P2 3 kW
Номинална струја IN 5,2 A
Макс. број на вртежи nmax 4230 1/min
Емитирана интерференца EN 61800-3
Отпорност на интерференца EN 61800-3
Класа на изолација F
Вид на заштита на мотор IP55
Заштита на мотор Интегриран PTC
Материјали
Куќиште на пумпа 5.1301/EN-GJL-250, KTL-облога
Работно коло PPS-GF40
Вратило Не’рѓосувачки челик
Заптивање на вратило Q1Q1X4GG
Латерна 5.1301/EN-GJL-250, KTL-облога
Димензии на инсталација
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DN 65
Приклучок за цевка од притисочната страна DN 40
Информации за нарачувања
Производ Wilo
Опис на производ Stratos GIGA2.0-B 40/1-33/3,0-S1
Нето тежина прибл. m 42 kg
Број на производ 2234437
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-Stratos GIGA2.0-I/-D/-B

Број на производ 2222520
Издание 2024-08
Број на страници 128
Јазик en
PDF (10 MB)

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)

UN38.3

Lithium Battery UN38.3 Test UN38.3-187

Број на страници 6
Јазик Јазично неутрално
PDF (517 KB)
Опрема

Континуирана регулација зависно од диференцијалниот притисок на постројката CCe-HVAC (31)

Континуирана регулација во зависност од температурата на постројката CCe-HVAC (24)

Континуирана регулација зависно од диференцијалниот притисок на постројката SCe-HVAC (23)

Континуирана регулација зависно од температурата на постројката SCe-HVAC (14)

Монтажа на цевки/елементи за израмнување (7)

Монтажа на ѕид/основа (39)

Управување со пумпи/опрема (25)

Управување со пумпи/Comfort-систем за регулација (6)

Управување со пумпи/Smart-систем за регулација (4)

Управување со пумпи/интерфејс модул (6)

Регистрирање на диференцијален притисок (8)

Уред за ракување и сервис (1)

Услуги

Wilo има долга традиција на работа со инсталатери и производители на системи. Важен дел од нашата филозофија за партнерство е фабричката корисничка служба на Wilo. Заедно сите развиваме концепт на сервис кој најдобро одговара на вашите барања, а со нашите практични знаења и лично советување, се грижиме вашите постројки да се енергетски ефикасни, сигурни за работа и економични што е можно најдобро. Нашите компетентни сервисни техничари на Wilo ве поддржуваат брзо, сигурно и навремено.

Дознајте повеќе

Други сервисни услуги

Сервисни пакети
Пакет за сервис L за пумпи со сув ротор
    
2219697

Сервисот на Wilo нуди однапред дефинирани пакети на услуги во три големини за полесно да се комбинираат поединечните услуги.

Сервисниот пакет L од Wilo вклучува:

  • Проверка на инсталацијата
  • Поддршка за проекти
  • Пуштање во работа
  • Одржување
  • Energy Solutions
  • WiloCare Premium
  • Wilo-Live Assistant

Опционални дополнителни услуги:

  • Оптимизација на постројките
  • Поправка
  • Продолжена гаранција
Пакет за сервис M за пумпи со сув ротор
    
2219668

Сервисот на Wilo нуди однапред дефинирани пакети на услуги во три големини за полесно да се комбинираат поединечните услуги.

Сервисниот пакет M од Wilo вклучува:

  • Проверка на инсталацијата
  • Поддршка за проекти
  • Пуштање во работа
  • Одржување
  • WiloCare Comfort
  • Wilo-Live Assistant

Опционални дополнителни услуги:

  • Оптимизација на постројките
  • Energy Solutions
  • Поправка
  • Продолжена гаранција
Пакет за сервис S за пумпи со сув ротор
    
2219639

Сервисот на Wilo нуди однапред дефинирани пакети на услуги во три големини за полесно да се комбинираат поединечните услуги.

Сервисниот пакет S од Wilo вклучува:

  • Проверка на инсталацијата
  • Пуштање во работа
  • Одржување
  • WiloCare Basic
  • Wilo-Live Assistant

Опционални дополнителни услуги:

  • Оптимизација на постројките
  • Energy Solutions
  • Поддршка за проекти
  • Поправка
  • Продолжена гаранција
Асистент на Wilo во живо
Сервис со Wilo-Live Assistant
    
2216415

Wilo-Live Assistant е покрај вас како технички советник за време на сервисирањето на пумпата. Со Wilo-Live Assistant, нашите стручни советници ве поддржуваат во котларата или во просторијата на постројката преку видео пренос - во живо и во реално време. Ја прикажувате поставката за инсталација со вашиот паметен телефон додека експертот на Wilo следи сè на екранот. Може да ги гледате и компонентите и другите детали за да одредите од каде настанал дефектот или испадот. Ние спречуваме испади и обезбедуваме безбедност при работа на вашите пумпи и системи!

Wilo-Live Assistant вклучува:

  • Интерактивна поддршка во живо преку видео разговор
  • Директен контакт со експерти
  • Just-in-Time решение за обезбедување на максимална безбедност при работа на вашите пумпи и системи
Продолжена гаранција
Продолжување на гаранција за пумпи со сув ротор
    
2219590

Во комбинација со нова пумпа или нов систем, Wilo нуди продолжена гаранција до пет години во комбинација со пуштање во работа и одржување од страна на сервисот на Wilo.

Продолжената гаранција вклучува:

  • Целосна заштита и предвидливи оптимални трошоци
  • Редовни работи за одржување од страна на сервисот на Wilo
Поддршка за проекти
Поддршка за проекти со пумпи со сув ротор
    
2219321

Wilo обезбедува поддршка во фазата на планирање за да обезбеди квалитет и економичност. Нашиот компетентен и квалификуван сервис Wilo ќе ве поддржува со препораки и технички совети во текот на целото времетраење на проектот.

Поддршката на проектот ги вклучува следните услуги:

  • Редовни посети на локацијата за да се осигура квалитетот на информациите и советите
  • Технички совети, достапни и на локација
  • Извештај за состојбата со препораки по посетата
  • Обемна поддршка за планирање од експерт на Wilo
Инсталација
Инсталација на пумпи со сув ротор
    
2219356

Сервисот на Wilo нуди инсталација на нашите пумпи или пумпни системи. Ние нудиме End-to-End процес, од собирање информации на лице место до инсталирање на нашиот производ во објектот. Оптималната поставка за инсталација и интеракцијата на различни индивидуални фактори ја поставуваат основата за долгорочна безбедност при работа.

Инсталирањето вклучува:

  • Стручна инспекција
  • Обезбедување на компоненти/материјали од Wilo и трети понудувачи
  • Инсталација на цевковод и електрика
  • Пробно работење
Пуштање во работа
Пуштање во работа на пумпа со сув ротор
    
2219391

За да се осигуриме дека пумпата(ите)/постројката (ите) функционираат беспрекорно, препорачуваме пуштањето во работа да го изврши сопствената служба за односи со корисниците на Wilo. Ова овозможува оптимално нагодување и ефикасно работење на системот. Пуштањето во работа ги вклучува следните точки:

  • Пуштање во работа на постројката(ите) според контролната листа
  • Параметрирање и нагодување на разводната опрема
  • Тестирање и прилагодување на предкомпресија на притисочните резервоари (полнење до 80 литри вкл.)
  • Функционално тестирање на склопени системи
  • Упатство за вградување и работа ориентирани кон пракса
  • Протокол за пуштање во работа на Wilo

Цената за пуштање во работа се однесува само на постројки кои се инсталирани во согласност со упатството за вградување и работа, како и според актуелната состојба на технологијата. Нема трошоци за материјали што може евентуално да бидат потребни.

Одржување
BASIC одржување на пумпи со сув ротор
    
2219531

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка на достапните притисочни резервоари
  • Проверка и, доколку е потребно, прилагодување на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Планирањето и организацијата ги врши Wilo. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување
COMFORT одржување на пумпи со сув ротор
    
2219493

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка и евентуално полнење на евентуално достапните притисочни резервоари
  • Проверка и, доколку е потребно, прилагодување на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошниот материјал е вклучен во цената на договорот
  • Без надомест и патни трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време на нормални часови за сервис)
  • Планирањето и организацијата ги врши WILO. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување
PREMIUM одржување на пумпи со сув ротор
    
2219546

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка и евентуално полнење на евентуално достапните притисочни резервоари
  • Проверка на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошниот материјал е вклучен во цената на договорот
  • Без надомест и патни трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време и надвор од вообичаените часови за сервис)
  • Надградба на софтвер
  • Вклучувајќи ги и потрошните делови
  • Планирањето и организацијата ги врши WILO. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување
Оптимизација на постројките
Оптимизација на постројки на пумпи со сув ротор
    
2219251

Wilo-Service нуди проактивна оптимизација на постројката преку нагодување на поставките и правење мали корекции за да се обезбеди безбедност при работа. Оптимизацијата на постројките меѓу другото вклучува:

  • Ремонт на пумпи/постројки за враќање на целосната моќност
  • Надградба на постари постројки со нови технологии или функции за да се заштедат капитални трошоци (осовременување)
Energy Solutions
Energy Solutions за пумпи со сув ротор
    
2219240

Сервисот на Wilo нуди проактивна поддршка за планирање за да се утврдат можните заштеди на енергија. Нашиот сервис создава преглед на инсталираните пумпи или постројки за да покаже како може да се намали потрошувачката на енергија. Ние нудиме таргетирани консултации и анализи, вклучително и интеграција на систем за транспорт, како и обемна поддршка во планирањето при префрлување на технологии со висока ефикасност. Wilo-Energy Solutions ги вклучува следните услуги:

  • Детална проценка на трошоците во животните циклуси (LCC-анализа)
  • Енергетска ревизија вклучувајќи информации за потенцијалот за заштеда на енергија
  • Проактивна препорака за опции за замена
  • Подобрување на еколошката рамнотежа на вашата постројка
  • Поддршка во планирање при префрлување на високоефикасни пумпи на Wilo
Поправка
Поправка на пумпи со сув ротор
    
2219610

За време на проверката на лице место, компетентниот и искусен сервисер на Wilo одлучува дали пумпата може да се поправи на лице место или дали треба да се испрати во фабриката на поправка. Wilo исто така обезбедува резервни делови или пумпа за замена за враќање на безбедноста при работа на постројката.

Поправката вклучува:

  • Проверка и отстранување на причините за дефект од искусни експерти на Wilo
  • Необврзувачка проценка на трошоците за поправки
  • Електрохидраулично пробно работење за да се обезбедат точни податоци во однос на функцијата, квалитетот и моќноста на пумпата или постројката
  • Обложување на разни компоненти на пумпата или постројката за оптимизирана ефикасност
  • Употреба исклучиво на оригинални резервни делови
  • Документација за поправката во извештајот за сервис