Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Wilo-Sub TWU 3 HS | Wilo
Вашите предности
Wilo-Sub TWU 3 HS

Особености/предности на производот

  • Константен, регулиран притисок, благодарение на екстерен конвертор на фреквенција (TWU 3 HS-ECP)
  • Лесна инсталација, а корисникот не треба обезбедува сензори за регулација на притисокот (TWU 3 HS-ECP)
  • Голема проточна стапка, благодарение на интегриран конвертор на фреквенција со фиксен број вртежи на моторот од 8.400 врт/мин (TWU 3 HS-I)
  • Намалени трошоци за ископ на бунар и инсталација, благодарение на помали пречници и помала градежна зафатнина
  • Голем број функции на надгледување и заштита, за апсолутна работната безбедност

Препорачани сервисни услуги

Опис на серијата
Sub TWU 3 HS

Изведба

Повеќестепена, 3" фреквентно регулирана потопна пумпа во изведба со обвивка, за вертикална или хоризонтална инсталација

Примена

За транспорт на дождовница и потрошна вода од бушотини и бунари за наводнување со вештачки дожд, наводнување и снабдување со вода.

Опрема/функција

TWU 3-...-HS-I

  • Вграден неповратен вентил
  • Интегриран фреквентен конвертор со следните функции:
    • Меко стартување
    • Заштита од поднапон, наднапон и куса врска
    • Термичка заштита од преоптовар на моторот и на фреквентниот конвертор
    • Заштита од работа на суво

TWU 3-...-HS-ECP-B

  • Вграден неповратен вентил
  • Надворешен фреквентен конвертор со следните функции:
    • Меко стартување
    • Заштита од поднапон, наднапон и куса врска
    • Термичка заштита од преоптовар на моторот и на фреквентниот конвертор
    • Константна регулација на притисок
    • Надгледување на заптивањето за да се избегнат високи циклуси на префрлување (тактирање)
    • Заштита од работа на суво со автоматско ресетирање (Reset)
    • Промена на насока на вртење
    • Подесување за максимална струја и зададен притисок
    • Приказ на притисокот на дисплејот
    • Приказ на подесувањата, работните состојби и сигнализациите за грешка преку LED-сијалички и дисплејот

Функција за регулација на постојан притисок

Фреквентниот конвертор го регулира бројот на вртежи на пумпата според поставениот зададен притисок. Ова значи дека потопната моторна пумпа секогаш дава постојан притисок.

Означување на типот

Пример:

Wilo-Sub TWU 3-0305-HS-E-CP-B

TWU

Серија

3

Пречник на хидрауликата во цоли ["]

03

Номинален проток [m3/h]

05

Број на степени на хидрауликата

HS

High Speed изведба

E

Изведба на фреквентен конвертор

  • E = надворешен фреквентен конвертор
  • I = внатрешен фреквентен конвертор

CP

Регулација на постојан притисок

B

Изведба со мотор со траен магнет

Технички податоци

Потопна пумпа:

  • Напон на снабдување: HS-E…: 1~230 V, 50/60 Hz (приклучување преку фреквентен конвертор на наизменична струја) HS-I…: 1~230 V, 50/60 Hz (директно приклучување на наизменична струја)
  • Потопен работен режим: S1
  • Температура на медиум: 3 - 35 °C
  • Минимално струење кај моторот: 0,08 m/s
  • Макс. содржина на песок: 50 g/m3
  • Макс. број стартувања: 30 /h
  • Макс. длабочина на потопување: 150 m
  • Вид на заштита: IP 58
  • Потисен приклучок: Rp 1/Rp 1¼

Фреквентен конвертор за изведба „HS-E…“:

  • Приклучување на мрежа: 1~230 V, 50/60 Hz
  • Излез: 3~230 V/макс. 140 Hz/макс. 2,2 kW
  • Температура на медиум: 3 - 50 °C
  • Макс. притисок: 8 бари
  • Вид на заштита: IP X5
  • Приклучување: G 1¼

Материјали

  • Хидраулично куќиште: 1.4301
  • Работни кола: поликарбонат
  • Вратило хидраулика: 1.4104
  • Куќиште на мотор: 1.4301
  • Вратило мотор: 1.4305

Конструкција

Потопна пумпа за вертикална или за хоризонтална монтажа.

Хидраулика

Повеќестепена потопна пумпа со радијални работни кола во членковидна конструкција и вграден неповратен вентил. Потисен приклучок со навојна прирабница и внатрешен навој. Сите делови што се во допир со медиумот се од материјали што се отпорни на корозија.

Мотор (...HS-E...-B)

Мотор со траен магнет заштитен од корозија за приклучување на испорачаниот фреквентен конвертор. Мотор наполнет со масло со самоподмачкувачки лежишта, димензиониран за голем број на вртежи до 8400 1/мин.

Фреквентен конвертор е вграден директно во притисочната линија надвор од медиумот (со заштита од преплавување). Ладењето се изведува преку транспортираниот медиум.

Мотор (...HS-I)

Асинхрон мотор заштитен од корозија со вграден фреквентен конвертор за директно приклучување со електричната мрежа. Мотор кој може повторно да се намотува, наполнет со масло со самоподмачкувачки лежишта, димензиониран за голем број на вртежи од 8400 1/мин.

Ладење

  • Ладењето на моторот се изведува преку транспортираниот медиум. Работете ја пумпата секогаш потопена.
  • Вертикалното поставување може по избор да се изведе со или без обвивка за млазно ладење.
  • Хоризонталното поставување мора да се изведе заедно со обвивка за млазно ладење.

Опсег на испорака

  • Хидрауликата е веќе монтирана заедно со моторот
  • Фреквентен конвертор (...HS-ECP)
  • 1,75 m кабел за поврзување
  • Упатство за вградување и работа

Опрема

  • Цевка со разладна обвивка
  • Мембрански притисочен сад
  • Засун
  • Пливачки прекинувач
  • Притисочен прекинувач
  • Електрода
  • Приклучна табла
  • Алармна приклучна табла
  • Комплет изработен од смола за леење
  • Кабел за поврзување
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-Sub TWU 3-...-HS (High Speed)

Број на производ 6063546
Издание 2019-05
Број на страници 192
Јазик de, el, en, fr, it, nl, pl, sl
PDF (7 MB)

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)

Сертификат

Wilo-Sub TWU 3

Број на производ 6080452
Издание 1608
Број на страници 11
Јазик Јазично неутрално
PDF (502 KB)
Избор на производ
Број на пребарувања: 18
Номинална моќност на мотор P2