Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Експлоатација на необработена вода | Wilo

Експлоатација на необработена вода

Експлоатација на необработена вода: независно и економично

Експлоатација на необработена вода

Технологија
Тип на пумпа (број)
Клучен збор
Изведба
Број на пребарувања: 12

Да се има свое водоснабдување значи да се има огромен потенцијал за заштеда на трошоците и истовремено зголемена независност. Подводните пумпи од Wilo се совршено решение за тоа. Енергетски ефикасните постројки работат речиси без одржување и се исклучително трајни. Модерните пумпни системи на Wilo се соодветни за инсталација во бунари или шахти и може да се приспособат на индивидуалните потреби. Пумпите на соларна енергија не само што ги намалуваат трошоците за струја, туку и ја штитат климата.

Приватно снабдување со необработена вода:

како вие како сопственик на куќа можете да ги намалите трошоците и да го зголемите комфорот

Како сопственик на куќа за едно или повеќе семејства со сопствен професионално направен бунар ќе имате вода независно од скапата вода за пиење. Може да ја користите сопствената вода како потрошна вода зависно од типот на подвоодна пумпа и дури и да ја употребувате за ваше производство на вода за пиење.

Нашиот широк асортиман на подводни пумпи за снабдување со вода за пиење нуди голем комфор, голема безбедност при работа и оптимална искористеност на водата. Како опција, соларните пумпи исто така ги намалуваат вашите трошоци за електрична енергија.

Пумпни системи за експлоатација на необработена вода:

како вие како специјалист профитирате од решенијата на Wilo

Нашите Wilo подводни пумпи може да се приспособат на индивидуалните работни услови на вашите клиенти точно и без многу напор. Која пумпа ќе се примени се одредува според длабочината на вградување и нивото на вода во бунарот. Изберете ги соодветните материјали и најдобриот можен степен на ефикасност за минимизирање на енергетските трошоци на вашите клиенти.

Нашите пумпи гарантираат долга работа на пумпата без одржување. Како специјалист, може да извлечете придобивка од нашите решенија: од едноставна инсталација и безбедно пуштање во работа, до индивидуални опции за подесување.

Професионални совети и инсталација

Многу се важни сеопфатните познавања на хидрологијата, управувањето со водите, видовите градби и материјали, како и водените текови за да направите бунар и да го користите. Властите објавуваат хидролошки мапи со нивоата на вода во областите.

Обучениот специјалист може најдобро да ви одговори кој пумпен систем е правилниот избор за вашите потреби. Wilo работи само со квалификувани специјалисти. Тие ќе ве посоветуваат околу производите и ќе се погрижат за професионална инсталација и одржување.