Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Водоснабдување и зголемување на притисокот | Wilo

Водоснабдување и зголемување на притисокот

Дистрибуција на вода и зголемување на притисокот: одржлива употреба на скапоцената вода

Водоснабдување и зголемување на притисокот

Технологија
Тип на пумпа (број)
Клучен збор
Изведба
Број на пребарувања: 8

Користењето дождовница и екстракцијата на необработена вода од приватните бунари и бушотини се во тренд. Така се заштедува скапоцена вода за пиење и претставува важен придонес за поголема одржливост. Wilo ви нуди и комфорни системи за дистрибуција и користење на водата со постојан притисок во куќата и градината – дури и на подалечни места на имотот или на повисок кат.

Дистрибуција на вода: приватното водоснабдување може да биде толку лесно и ефикасно

Сопственото приватно водоснабдување како дополнение на јавното снабдување како сопственик на дом ве прави повеќе независни, ги намалува трошоците за вода и претставува важен придонес кон животната средина. Може да ја користите водата што самите ја пумпате или што ја чувате како дождовница за да ја чистите надворешноста или за наводнување на градината. За да го направите тоа, изберете една од самовсисните пумпи. Не само што работат сигуррно, туку и тивко за да не пречат. Едноставно поставете ги покрај потокот или вашите резервоари за дождовница и секогаш ќе имате на располагање доволно вода.

Пумпни системи за зголемување на притисокот:

со решенијата на Wilo според примената, вие како специјалист гарантирате оптимален притисок на водата

Јавното водоснабдување во основа гарантира снабдувањето со вода дека ќе биде со доволен притисок до куќата. Во нормални случаи, водата може рамномерно да се дистрибуира во куќата и градината без какви било проблеми и да се користи на секоја славина без загуба на притисокот.

Се појавува проблем само ако притисокот на водата не може да се одржува поради, на пример, потрошни места коишто се над или директно под резервоарот на вода. Тоа може да е случај кај растечките станбени области или во случај на додавање нови катови на објектот.

Тука е потребна вашата експертиза како специјалист. Поради локалните барања, можеби ќе треба да се стави дополнителен акумулационен резервоар помеѓу јавната водоводна мрежа и цевководот на куќата. Во сите овие случаи, постројка зголемување на притисокот од Wilo е правилното решение прилагодено за соодветната примена. Поради многу прецизното производство и висококвалитетни материјали, нашите производи се направени за најдолг можен работен век.

Како специјалист овозможувате поединечни решенија

Потребата за зголемување и одржување на притисокот варира многу со индивидуалните потреби на заедницата и бројот и оддалеченоста на соодветните потрошни места.

Во екстремен случај, може да се појави и низок или променлив притисок, на пример, кога работи тушот и се пушта вода во тоалетот истовремено, додека пак машината за перење работи. Токму во такви случаи е потребна постројка зголемување на притисокот која испорачува оптимален притисок на водата дури и кога има врвно оптоварување за хидраулично најнеповолната потрошна точка.

Како специјалист на располагање имате широк опсег на решенија. Даваме голема важност на лесната употреба. Благодарение на нашиот „Plug & Pump“ концепт, пуштањето во работа е многу едноставно и може да се изведе за кратко време. Портфолиото вклучува производи со рачно ракување, полуавтоматски и целосно автоматски производи што може да се контролираат.

Професионални совети и инсталација

Специјалист може најдобро да ви одговори кој начин на водоснабдување и зголемување на притисокот се правилни за вашите потреби. Wilo работи само со квалификувани специјалисти. Тие ќе ве посоветуваат околу производите и ќе се погрижат за професионална инсталација и одржување.