Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Нечиста и отпадна вода | Wilo

Нечиста и отпадна вода

Одведување на нечиста и отпадна вода: системски решенија за сигурна обработка и заштеда на енергија

Нечиста и отпадна вода

Изберете под-апликација од апликацијата Нечиста и отпадна вода во рамките на сегментот Индустрија.

Отклонувањето течности и целосното повторно искористување на водата е средишна точка во индустријата кога се работи за одржливоста. Соочени со ова, производните компании се насочени кон предизвикот да понудат решенија за различни типови на нечиста вода од различни индустриски процеси.

Wilo ви нуди интегрирани решенија за собирање и транспорт на отпадна вода, кои поставуваат стандарди за технички перформанси и ефикасност, како и безбедносни стандарди и долготрајност. Така ја пренесувате отпадната вода, калта и калливата вода, абразивните и цврсти медиуми сигурно и енергетски ефикасно при различен проток и напор.

Поставете насока кон иднината со модерно третирање на отпадна вода

Недостатокот од ресурси и постојано растечката потреба од свежа вода нуди ефикасни и сигурни решенија за сигурна подготовка на вода. Користете ги високо ефикасните производи на Wilo за повторната обработка на потрошна вода, рециклирање на водата и во постројки за прочистување.

Без разлика дали се работи за ново планирање или надградување на вашата постоечка постројка за прочистување: Машинската технологија што се употребува е скроена по мерка според изведбата на вашата постројка за прочистување и соодветниот процес што го употребувате. Со своите производи, Wilo ги опфаќа сите поединечни потреби за ефикасна и сигурна работа на постројката.