Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Водоснабдување | Wilo

Водоснабдување

Сè за вашето сигурно водоснабдување и подготовка на вода

Водоснабдување

Изберете под-апликација од апликацијата Водоснабдување во рамките на сегментот Индустрија.

Експлоатација на необработена вода

Wilo приспособени системски решенија – сеопфатни и од еден извор. Тие гарантираат највисоко ниво на безбедност и економичност на сите нивоа на проектирање. Решенија за вашиот производствен процес – со најдобра ефикасност на водата. Без разлика дали се работи за длабок бунар или екстракција на површинска вода, решението ќе биде конфигурирано според вашите потреби.

Строгите регулативи за вода со кои се забранува користење на комуналната вода за индустриски процеси, претставуваат голем предизвик за управување со достапните ресурси. Целосни решенија се потребни за екстракција на вода, подготовка на вода и искористување на вода. Целта е да се користи ресурсов интелигентно и да се следи дигитално за да се избегнат протекувања во системот, а со тоа и загуба на вода.

Затоа постои побарувачка за решенија за систем за екстракција на вода кои можат оптимално да се приспособат на вашите конкретни работни услови.

Wilo ви нуди висококвалитетни решенија ориентирани кон иднината за оваа област на примена, кои активно ве поддржуваат за да се гарантира економично водоснабдување.

Зголемување на притисокот

За добро да се искористи секоја капка вода, водата мора да биде во правилна количина и со правилен притисок.

Нашите напредни производи имаат примена секаде каде што треба да се пренесуваат големи количини на вода со правилен притисок и каде што сигурноста и постојаната ефикасност се задолжителни.

Гаснење пожар

Заштитата од пожар е важен аспект за индустријата. Wilo нуди решенија за постројките за гасење пожар на основа на вода.