Одводнување (вкл. заштита од поплави)
Комунална отпадна вода, задржување на дождовница, дренажа на ископи и заштита од поплави – барањата за безбедно собирање и транспорт на водата и заштитата на инфраструктурата е голем. Wilo ви овозможува конкренти решенија кои се карактеризираат со висока енергетска ефикасност и робустност.
Иновативната заштита од поплави ги намалува ризиците за луѓето и природата
Одговорните лица во градовите и општините, како проектантите и градителите на постројки треба да совладаат уште поголеми предизвици при пумпањето на отпадна вода, задржување на дождовница, заштита од поплави или преплавување. Истото се однесува и на дренажа на ископи. Портфолиото на производи на Wilo за дренажа, заштита од поплави, задржување на дождовница и за дренажа на ископи опфаќа постројки за одведување на отпадна вода, пумпи за дренажа на подрумски простории, пумпи за нечиста вода и постројки за одведување на фекалии.
Поголема заштита со истовремено зголемување на ефикасноста
Зависно од барањата, корисниците и операторите може да изберат помеѓу водено и суво поставување за нашите пумпи за нечиста вода. Нашите системи се карактеризираат со високо ефикасна хидраулика, големи топчести премини, како и потопни мотори (вид на заштита IP68, класа на топлина F). Тоа значи: најдобра енергетска ефикасност и заштеда на трошоците за електрична енергија со највисоко ниво на ефикасност, сигурност и долготрајност.
Како оптимално да ја опремите вашата пумпна станица за заштита од поплави
Како општина, може да се потпрете на безбедни и варијабилни системски решенија со пумпите за дренажа на Wilo и да бидете безбедни во случај на преплавување. Нашите најмодерни пумпи против преплавување и за дренажа стартуваат веднаш дури и по подолги периоди на мирување и овозможуваат најголем проток.
Тоа значи дека може да движите големи количини на вода при помал напор во многу краток период. На пример, може да транспортирате дождовна вода преку јами или брани и да обезбедите оптимална дренажа. Со нашите системи направени да ги исполнат вашите барања, оптимално сте подготвени за променливите количини на вода (во зависност од количината на врнежи или нивоа на вода, на пример, при висок водостој). Покрај сигурноста и изведбата, имате придобивка и од високата енергетска ефикасност на нашите постројки.
Дизајнирајте модерен систем за задржување дождовница
Задржувањето на дождовница во т.н. базен за дождовница (RÜB) станува се поважно во текот на натамошниот развој на управувањето со води. Се користат базени за задржување или привремени резервоари за привремено складирање на големи количини дождовница која се акумулира краткотрајно за да може да се забави или насочи низводно (канал за дренажа).
Така се избегнува врвното оптоварување на системот од канали, а со тоа и преплавување. Важно за ефективното користење на вашиот базен е цврстите материи содржани во водата да не формираат талози со кое би се влошила функцијата на базенот.
Дренажа на ископи
За вас како градежник или одговорно лице во јавниот сектор, дренажата на вашите ископи е од елементарно значење за успехот на вашиот проект. Водата што навлегува на градежната локација или за време на ископување може значително да ја одложи работата. Во најлош случај, градежниот процес може да дојде до целосно мирување, а тоа да предизвика огромни трошоци. Затоа трајното и сигурно одводнување е важен предуслов за да се гарантира изведбата на проектот според планот. Користете потопна пумпа за нечиста вода од Wilo за дренажа на ископи. Нашите пумпни системи се карактеризираат со голема сигурност за континуирана работа со абразивни медиуми. Ова се обезбедува со комбинација на материјали отпорни на абразија, активно ладење за континурана работа – особено во работа со сркање – и интегрирана заштита. Благодарение на нивната мала тежина и флексибилен потисен приклучок, пумпите можат брзо да се стават во работа на различен начин. Резултат: нашите пумпи ги чуваат вашите јами суви и со тоа гарантираат вашиот процес да се одвива непречено.
При проектирањето, можете да се потпрете на деталното техничко практично знаење и експертските решенија на Wilo. Ве поддржуваме во сите фази од вашето планирање на системот, при имплементацијата и понатаму со нашите сеопфатни услуги. Со нас реализирате оптимална, енергетски ефикасна постројка со поглед кон иднината. За да го направиме тоа, ја користиме сета наша експертиза, нашето широко искуство и последните дигитални алатки за мерење и технологија на управување. Искористете ги нашите широки познавања за технологијата на комунална отпадна вода за вашето решение.