Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Собирање и транспорт на отпадна вода | Wilo

Собирање и транспорт на отпадна вода

Собирање и транспорт на отпадна вода: за сигурни и енергетски ефикасни процеси

Собирање и транспорт на отпадна вода

Технологија
Тип на пумпа (број)
Клучен збор
Изведба
Регулација на пумпата
алат за сечење
Начин на поставување
Преплавлива
Облога
Број на пребарувања: 9

Сигурната и безбедна мрежа за отпадна вода е сè поголем предизвик. Wilo овозможува сеопфатни практични знаења, услуги и, пред сè, енергетски ефикасни пумпни системи со кои се исполнуваат барањата и се карактеризираат со сигурни процеси, долготрајност и интелигентно управување и вмрежување.

Дизајнирање и имплементирање на одведување на отпадната вода со поглед во иднината

Без разлика дали се работи за содржина на цврсти материи, подолги времиња на задржување во мрежата или поагресивен и проблематичен медиум што треба да се пумпа – барањата за пумпи и системи за одведување на отпадна вода, постројки за прочистување, како и системи за одделување на цврстите материи и одводнување под притисок се зголемуваат се повеќе. Отпадната вода, калта и калливата вода, абразивните и цврсти медиуми мора сигурно и енергетски ефикасно да се транспортираат при различни протоци и напори со пумпна станица за отпадна вода. Истовремено, сигурноста на процесот, енергетската ефикасност како и планирањето и сигурноста на трошоците мора да се исполнат долгорочно. Со Wilo овие барања може да се зрешат на одржлив начин за иднината.

За компаниите што одведуваат, пумпните станици за отпадна вода играат клучна улога во одведувањето на отпадната вода. Ја транспортираат отпадната вода од зградите преку мрежа на канали до постројката за прочистување. Ако изградбата на новите системи на канали не е можна или неекономична, системите за одводнување под притисок нудат исто така одржливи решенија.

Сигурните и енергетски ефикасни решенија за пумпи за пумпни станици за отпадна вода и мрежата на отпадна вода се суштински за безбеден транспорт на отпадна вода. Wilo им нуди на компаниите за отстранување отпадна вода, операторите и проектантите широко портфолио на високо ефикасни и интелигентни потопни пумпи за отпадна вода со ефективен алат за сечење за комплетни системи на шахти и системи за одведување отпадна вода со систем за отстранување цврсти материи.

Системски решенија за пумпи и системи за одведување на отпадна вода, како и постројки за прочистување

Зголемената содржина на цврсти материи во отпадната вода, на пример, поради влажни марамчиња, како и целокупно понизок проток поради рестрикција на вода, на пример, при пуштање вода во тоалет со економичното копче, води кон непосакувано таложење и предизвикува формирање на хидроген сулфид. За вашите пумпни станици ова значи: работата станува сѐ повеќе интензивна во поглед на трошоците и одржувањето. Пумпите се затнуваат сѐ почесто, не работат и бараат сервисирање. Кај постројките за одводнување под притисок, нерегуларниот проток води кон зголемени енергетски трошоци, непосакувани превисоки притисоци и предизвикува таложење или дури и блокирање на цевководот, чиешто отстранување предизвикува огромни трошоци.

Wilo гарантира сигурна работа на вашите пумпни станици за отпадна вода

Освен тоа, со нашите системски решенија што се состојат од најмодерни пумпи и управување за вашите индивидуални потреби, секогаш обрнуваме внимание на економичната примена и работа со ниски трошоци.

За таа цел, се потпираме на интегрирани системи за управување и најпоследната технологија на мотори и комуникација во нашите најмодерни пумпни системи за да се искомбинира максималната безбедност при работа со најголемата можна ефикасност. Преку примена на различни работни кола со најдобра хидраулична ефикасност и високо ефикасните мотори ги намалуваме вашите енергетски трошоци дури и со класичните пумпни системи со максимална безбедност при работа.

Затоа секогаш ви го нудиме соодветниот тип на хидраулика за сите примени, од малку нечиста вода до медиуми што содржат гасови или влакнести материи за да се минимизираат вашите енергетски трошоци и потребните сервисирања.

Нашата компетентност за отстранување цврсти материи

Дали барате сигурни и финансиски атрактивни решенија за дренажа на цели градови или големи индустриски и комерцијални комплекси? Одговорот е: системи за отстранување цврсти материи од Wilo. Ова е единствено решение кое функционира крајно ефикасно, има ниски работни трошоци и е исклучително едноставно за одржување.

Преку одвојување на цврстите материи, само прочистената отпадна вода поминува низ хидрауликата на пумпата, така што се избегнуваат блокирањата дури и при високи содржини на цврсти материи и поефикасните пумпи може да се користат со максимална безбедност при работа. За да се минимизира напорот при планирање, можеме и да испорачаме и целосно однапред изработена пумпна станица за отпадна вода во шахта како ретрофит решение.

Ваше решение за руралните региони: одводнување под притисок

Секаде каде што нема канализација или не е возможна изградба на истата, односно не е економски исплатлива, се препорачува користење на одводнување под притисок со помош на цевковод со мал пречник. Ви нудиме беспрекорни системи за одводнување под притисок вклучително сеопфатно, дигитално вмрежување, управување и надгледување. Со нашите однапред изработени целосни системи и иновативна техника на управување може да имплементирате одведување на отпадната вода во рурални и широко распространети региони со помош на одводнување под притисок со мала инвестиција и работни трошоци.

Wilo ве поддржува со единствени решенија за собирање и транспорт на отпадна вода. Заедно со нас, може да поставите стандарди во поглед на квалитетот, техничката изведба и ефикасноста, во поглед на трошоците, како и стандарди за безбедност и долготрајност. Комбинацијата од висококвалитетни материјали со иновативни технологии и меѓународна експертиза води кон решенија кои водат кон вмрежување на технологијата на отпадна вода во иднината. На тој начин реализирате уште побрз и попригоден и многу сигурен транспорт на вода. Радувајте се на интелигентните дигитални технологии. Ги користиме за вас на иновативен начин и ги комбинираме со нашата експертиза за планирање и дизајн и иновативни концепти за одржување. Така можеме да го направиме вашето секојдневие уште попрактично и поефикасно во иднината.