Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Wilo-CronoBloc-BL-E | Wilo
Вашите предности
Wilo-CronoBloc-BL-E

Особености/предности на производот

  • Штедење енергија со интегрирана електронско прилагодување на капацитетот
  • Изборни интерфејси за собирничка комуникација преку приклучливи IF-модули
  • Едноставно ракување благодарение на докажаната технологија на зелено копче и на дисплејот
  • Интегрирана целосна заштита на моторот (KLF) со електроника за активирање
  • Прилагодено кон корисникот со моќности и главни димензии според ЕN 733 (за стандардни пумпи)

Еколошки својства

  • Заштеда на енергијата благодарение на употребата на IE4-технологијата на моторот и хидрауликата со MEI ≥ 0,4
  • Одржлива и CO2-неутрална изработка и процеси во нашите европски фабрики
Опис на серијата

Изведба

Електронски регулирана единечна пумпа со сув ротор, во блок-изведба, со прирабничко поврзување и автоматско прилагодување на моќноста.

Примена

Транспорт на вода за греење (според VDI 2035), ладна вода и мешавини на вода-гликол без абразивни материи во системите за греење, ладна вода и ладење.

Опрема/функција

Начин на работа

  • Δp-c за константен диференцијален притисок
  • Δp-v за варијабилен диференцијален притисок
  • PID-Control
  • Регулациски режим (n=constant)

Панел за ракување

  • Зелено копче и дисплеј

Рачни функции

  • Подесување на баран диференцијален притисок
  • Подесување на број на вртежи (рачно управување)
  • Поставување на работен режим
  • Подесување на пумпа ON/OFF
  • Конфигурација на сите работни параметри
  • Квитирање грешка

Надворешни управувачки функции

  • Управувачки влез „Приоритетно искл.“
  • Аналоген влез 0-10 V, 0-20 mA за регулациски режим (DDC) и далечинско регулирање на зададена вредност
  • Аналоген влез 2–10 V, 4-20 mA за регулациски режим (DDC) и далечинско регулирање на зададена вредност
  • Аналоген влез 0-10 V за сигнал за вистинска вредност на сензорот за притисок
  • Аналоген влез 2–10 V, 0-20 mA, 4–20 mA за сигнал за вистинска вредност на сензорот за притисок

Функции на сигнализација и прикажување

  • Збирна сигнализација за грешка SSM
  • Сигнализација за збирна работа SBM

Размена на податоци

  • Инфрацрвен интерфејс за безжична размена на податоци со IR-монитор/IR-стик
  • Место на приклучување на Wilo IF-модули (Modbus, BACnet, CAN, PLR, LON) за поврѕување со зградна авоматика
  • Интерфејс за комуникација со двојна пумпа

Безбедносни функции

  • Целосна заштита на моторот со вградена електроника за исклучување
  • Блокада за зафаќање

Управување со двојни пумпи (2 единечни пумпи; само при примена на елемент за обединување)

  • Работа како главна/резервна пумпа (автоматска замена на работната пумпа при грешка)
  • Работа како главна/резервна пумпа, замена на пумпа по 24 часа
  • Паралелна работа
  • Паралелна работа (вклучување и исклучување на пумпата за врвно оптоварување со оптимизација на ефикасноста)

Означување на типот

Пример

BL-E 80/145-11/2-R1

BL-E

Блок-пумпа со електронска регулација

80

Номинален дијаметар DN на приклучок на цевка (потисен приклучок)

145

номинален пречник на работно коло во mm

11

Номинална моќност на мотор P2 во kW

2

Бр. на полови

-R1

Изведба без сензор за диференцијален притисок

Технички податоци

  • Дозволено температурно подрачје -20 °C до +140°C
  • Минимален индекс на ефикасност (MEI) ≥ 0,4
  • Лизгачка механичка заптивка за транспорт на вода до Tmax. = +140 °C. До T ≤ +40 °C дозволена е примеса од гликол од 20 % до 40 % од волуменот. Кај мешавини на вода-гликол, со волуменски удел на гликол од > 40 % до макс. 50 % и температура на медиумот од > +40 °C до макс. +120 °C или други медиуми различни од водата треба да се предвиди алтернативна лизгачка механичка заптивка. При користење мешавини на вода-гликол, генерално препорачуваме користење варијанта S1 со соодветна механичка заптивка.
  • Приклучување на мрежа
    • 3~440 V -5 % +10 %, 50/60 Hz
    • 3~400 V ±10 %, 50/60 Hz
    • 3~380 V -5 % +10 %, 50/60 Hz
  • Исполнување на електромагнетна подносливост без дополнителни мерки:
    • Емитирана интерференца за станбена област според EN 61800-3:2018
    • Отпорност на интерференца за индустријална област според EN 61800-3:2018
  • Вид на заштита IP55
  • Номинален дијаметар DN 32 до DN 150
  • Макс. работен притисок 16 бара до +120 °C, 13 бара до +140 °C

Материјали

  • Куќиште на пумпа и фенер: Стандард: EN-GJL-250
  • Работно коло: Стандард: EN-GJL-200; изборно: Бронза CuSn 10, не’рѓосувачки челик 1.4408
  • Вратило: 1.4122
  • Механичка заптивка: AQEGG, други механички заптивки на барање

Конструкција

Едностепена нископритисочна центрифугална пумпа во моноблок изведба со аксијална вшмукателна наставка и радијално поставена притисочна наставка со

  • Механичка заптивка
  • прирабничка врска со приклучок за мерење на притисокот R 1/8
  • Латерна
  • Спојка
  • Погон со интегрирана електронска регулација на бројот на вртежи

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Упатство за вградување и работа

Опции

  • Варијанта ...-R1 без сензор за диференцијален притисок
  • Варијанта ...-L1 со работно коло од бронза (со доплата)
  • Варијанта …-L4 со работно коло од нерѓосувачки челик (со доплата)

Опрема

  • Блок како база за темелот
  • IR-модул, IR-стик
  • IF-модул PLR за приклучување на PLR/интерфејс-конвертор
  • IF-модул LON за приклучување на мрежата LONWORKS
  • IF-модул BACnet
  • IF-модул Modbus
  • IF-модул CAN
  • Контролен систем VR-HVAC
  • Контролен систем CCe-HVAC
  • Контролен систем SCe-HVAC
  • Сензор за диференцијалниот притисок (DDG)
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-CronoLine-IL-E (11-22 kW), Wilo-CronoTwin-DL-E (11-22 kW), Wilo-CronoBloc-BL-E (1,5-22 kW)

Број на производ 2234255
Издание 2024-02
Број на страници 88
Јазик en
PDF (13 MB)

Wilo-CronoLine-IL-E, Wilo-CronoTwin-DL-E, Wilo-CronoBloc-BL-E

Број на производ 2234256
Издание 2024-02
Број на страници 328
Јазик de, en, fr, nl
PDF (21 MB)

Прирачник за проектирање

Glanded pumps, single-stage, single-volute

Број на производ Wilo515021
Издание 2021-12
Број на страници 24
Јазик en
PDF (7 MB)

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)
Избор на производ
Број на пребарувања: 312
Приклучок за цевка од вшмукателната страна
Приклучок за цевка од притисочната страна
Број на полови
Механичка заптивка