Wilo-CronoNorm-NLG
Wilo-CronoNorm-NLG
Особености/предности на производот
- IE3/IE4-технологија на моторот за сигурна работа што штеди енергија
- Намалени трошоци за животните циклуси преку оптимизирана ефикасност
- Механичка заптивка со мев со присилно прелевање независна од насоката на вртење
- Потрочни прстени што може да се менуваат
- Трајно подмачкување, големи димензионирани валчести лежишта
- Ниски вредности на NPSH, најдобри својства на кавитација
Препорачани сервисни услуги
Еколошки својства
- Заштеда на енергија благодарение на севкупната ефикасност преку подобрена хидраулика и употреба на IE3/IE4-мотор
- Лесно заменливи и стандардизирани компоненти за подолг рок на траење на производот (на пр., спојка за проширување, разделен прстен од бронза)
nlg__bigdut_01
Изведба
Едностепена нископритисочна центрифугална пумпа со аксијално вшмукување, монтирана на основна плоча
Примена
- Транспорт на вода за греење (според VDI 2035), ладна вода и мешавини на вода-гликол без абразивни материи во системите за греење, ладна вода и ладење.
- Примена во наводнување, зградната техника, општа индустрија, фабрики итн.
Опрема/функција
Едностепена нископритисочна центрифугална пумпа во блок изведба со спојка и заштита на спојка, мотор и основна плоча
- Механичка заптивка или заптивно пакување
Означување на типот
Пример | NLG 200/315-75/4 |
NLG | Опис на серијата: Норм-пумпа |
200 | Номинален дијаметар DN на притисочен приклучок |
315 | Номинален дијаметар на работно коло [mm] |
75 | Номинална моќност на мотор P2 [kW] |
4 | Бр. на полови |
Технички податоци
- Дозволено температурно подрачје -20 °C до +120 °C
- Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
- Вид на заштита IP55
- Номинални дијаметри DN 150 до DN 300
- Макс. работен притисок 16 бара
Материјали
- Куќиште на пумпа и потисен капак: EN-GJS-500-7
- Носач на лежиште: EN-GJL-250
- Работно коло: EN-GJL-250(специјална изведба: G-CuSn10)
- Вратило: 1.4028
- Потрошни прстени: G-CuSn10
- Механичка заптивка: AQ1EGG;други механички заптивки на барање
Конструкција
- Едностепено хоризонтално спирално куќиште на пумпа, со носач на лежиште и заменлици потрошни прстени во процесна изведба
- Изолација на вратилото со помош на лизгачка механичка заптивка според EN 12756 или заптивно пакување
- Спирално куќиште со налиени ногалки. Лежиштење на вратилото на пумпата со помош на подмачкано зажлебено топчесто лежиште
- Спојка на вратилото со меѓуракавец
Опсег на испорака
- Пумпа
- Упатство за вградување и работа
- Пумпа со слободен крај на вратилото или
- Пумпа на основна плоча, со спојка и заштита на спојка, без мотор или
- целосно монтирана пумпа на основна плоча со електромотор
Опции
- Други материјали и изведби на барање
- Други напони и фреквенции на барање