FireSet-.. D
Податоци за хидраулика | |
---|---|
Максимален работен притисок PN | 16 bar |
Мин. температура на медиум Tmin | 0 °C |
Макс. температура на медиум Tmax | 50 °C |
Мин. температура на околината Tmin | 4 °C |
Макс. температура на околината Tmax | 40 °C |
Материјали | |
---|---|
Куќиште на пумпа | Бронза |
Работно коло | Бронза |
Податоци за производ | |
---|---|
Производ | Wilo |
Опис на производ | FireSet-.. D |
Број на производ | on request |
Достапност на пазарот | 2019-06-04 |
Постројката со пумпа за зголемување на притисокот како целосно автоматска компактна постројка со единечна пумпа за гаснење пожар согласно стандардите NFPA и со UL-сертификат се состои од: Една пумпа со хоризонтална основна плоча – пумпа со поделено куќиште – со спојка за проширување, електро или дизел мотор и пумпа со приклучна табла од цврста држечка конструкција Модел Е за електромотор и D за дизел мотор, обата опремени со Tornatech Controller, полна структура од специјални профилни делови со куки за проширување и осигурување на транспортот, специјални опции за основна плоча за дизел мотор, димензионирано за примање големи количини бетон, при што се намалува преносот на вибрации, а се зголемува сигурноста и работниот век на производот, циркулационен круг со двоен притисочен прекинувач, манометар, неповратен вентил, вентил (против работа на неовластени лица) за главна и резервна пумпа за автоматски старт. Кабел поставен во конструкцијата и заштитен од потрес и засекување. Во стандардна изведба со директно вградено обезвоздушување на куќиштето на главниот мотор. Само за дизел модели: Ладење на мотор со вода/топлински изменувач за вода, резервоар за гориво со сензор за ниво и доволен волумен за 8-часовна автономна работа и 2 батерии на основната плоча и уѕреди за полнење во приклучна табла FireSet.
Приклучна табла за постројка за гасење пожар согласно податоците од NFPA20. Сертифицирано со UL (UL218 и CSA C22.2 бр. 14).
Во IP54 куќиште од челичен плех и вградена приклучна табла. Висококвалитетно управување и многу едноставна работа преку регулатор „WiZiTouch“ со 7“ LCD приказ, едноставно водење во менито со едноставно мени, екран на допир и копчиња за притискање со цел брзо подесување параметри. Подготвено за комуникација меѓу надгледувањето на регулаторот и системот за откривање.
Пумпната постројка е монтирана на основна рамка со поврзани кабли и подготвена е за приклучување.
Приливен притисок
При планирањето на системската конфигурација мора да се земе предвид максималниот приливен притисок (видете ги техничките податоци). Макс. дозволен приливен притисок се добива од макс. работен притисок на постројката, намален за максимален напор на пумпата при Q = 0.
Согласно стандардот NFPA не е дозволено инсталира постројка за зголемување на притисокот според условите на вшмукување. Мора да има приливна висина.
Проток: Димензионирање на постројка до 3.000 gpm (681 m3/h – 189 l/s) за секоја главна пумпа.
Работа
Работната логика на делот за гасењето пожари се базира на калибрирање на сензорот за притисок за вклучување на пумпата.
Преку опционалната џокеј пумпа со автоматско вклучување и исклучување преку притисочен прекинувач, којашто е така димензионирана што единечниот распрскувач не предизвикува струење и притисок, а со тоа се спречува вклучување на главната пумпа и постројката се задржува под притисок. При понизок притисок на водата поради побарувачката што не се компензира со џокеј пумпата, се вклучува главната пумпа. Пумпата работи автоматски и може да се исклучи рачно преку прекинувачот на предната страна на приклучната табла.
Приклучна табла/контролен уред за постројки за гасење пожар
Wilo-Control FireSet D (главна пумпа со дизел мотор)
Хардвер:
Целосно електронска централна регулациска единица во црвено челично лакирано куќиште со RAL 3002, вид на заштита IP54, регулација и дисплеј на предната страна.
Својства и функции:
Конструкцијата на регулаторот зависи од моќноста на приклучената пумпа. Уредите се состојат од повеќе составни елементи:
- Дисплеј: Вграден дисплеј WiZiTouch на вратата од разводната кутија како екран на допир во боја од 7.0“ за ракување и прикажување. Ги прикажува работните податоци и соодветните состојби на пумпата и регулаторите преку комбинација од симболи и текст. Изборот на менито, како и внесувањето параметри се изведува преку интуитивни копчиња.
- Микропроцесор: Микропроцесор, програмабилно реализиран SPS („Soft-SPS“), мрежен дел и вклучување I/O мрежа. Секоја конфигурација на програмирањето зависи од системот и од постројката за распрскување.
- Уред за полнење батерии: Два независни целосно автоматски уреди за полнење – постојано полнење од 10 A – 500 mA економично полнење
- Напон при вклучување: 12 V еднаков напон – 24 V еднаков напон
- Работа:
- Изборен прекинувач: Рачно-исклучување-автоматски, позади капакот на заклучување
- Автоматско вклучување: Вклучувања при пад на притисокот, сигнал за вклучување од далечина за автоматска работа
- Рачно вклучување: Копче за старт на курбла 1 и курбла 2, копче за пробно работење, старт на вентилот за распрскување вода, далечинско стартување на рачен уред
- Циклус на курбла: 6 последователни обиди за циклус, 3 х 15s наизменична работа на батеријата 1 или 2, 15s пауза меѓу секој обид со курблата
- Стопирање: Рачно со копче за стопирање
- Тајмер: Секвенцијален тајмер за стартување (одложено вклучување), тајмер за периодично тестирање
- Активирање: Притисок, без притисок
- Начин: Автоматски, неавтоматски
- Електронски мерки:
- Напон на батерија 1 и батерија 2
- Струја за полнење на батерија 1 и батерија 2
- Начин на полнење
- Приказ на притисокот:
- Постојан приказ на притисокот во постројката
- Подесувања за притисок за вклучување и притисок за исклучување
- Запишување на притисокот и настаните:
- Вредност за притисок со датум
- Запишување настан со датум
- При нормална работа, се меморираат настани низ работниот век на регулаторот
- Податоците се видливи на екранот на корисничката површина
- Податоците може да се преземаат преку USB-приклучок на надворешен мемориски уред
- Мерење притисок:
- Монтажен комплет со сензор за притисок и магнетен вентил за пробно работење за примени за свежа вода
- Приклучување на линија за мерење на притисокот 1/2" NPT-внатрешен навој
- Одливен приклучок 3/8"
- Димензионирано за работен притисок од 0-500 PSI (стандарден приказ при 0-300 PSI)
- Монтажа од надвор со заштитна маска
- Визуелни напомени: Мотор - главен прекинувач АВТОМАТСКИ - главен прекинувач на ИСКЛУЧУВАЊЕ - главен прекинувач на РАЧНО - периодичен тест - циклус на курбла - наизменична струја - температура на просторијата на моторот (во °F или °C)
- Аларми:
- Само визуелно: Пумпа на барање - прекумерен притисок - под-притисок - потребен сервис - загуба на континуитет при контактор 1 - загуба на континуитет при контактор 2 - не е достигнато неделното вклучување за тест - предупредување за мотор ECM - наднапон на батерија 1 - наднапон на батерија 2 - висока температура на необработената вода - низок проток на необработена вода
- Визуелно и звучно: Пад на наизменична струја - падна на еднонасочна струја - пад на батерија 1 - пад на батерија 2 - пад на уредот за полнење 1 - пад на уредот за полнење 2 - грешка со моторот - грешка со просторот на пумпата - грешка со регулаторот - слаба батерија 1 слаба батерија 2 - пад на моторот за време на работа - пад на моторот при стартување - превисок број на вртежи на моторот - прениска температура на околината - прениско нивово резервоарот за вода - превисоко ниво во резервоарот за вода - резервоарот за гориво не дихтува - прениско ниво на гориво - превисоко ниво на гориво - моторот ECM во алтерантивна позиција - проблем со вбризгувањето гориво - превисока температура на моторот - прениска температура на моторот - грешка со моторот ECM - прениско ниво на масло - пренизок притисок на потис
- Контакти за далечински аларм: DPDT-8A-250V наизменична струја за: Стартување мотор - „Рачно-исклучување-автоматски“ изборен прекинувач во позиција ИСКЛУЧУВАЊЕ или РАЧНО - општ регулатор за: Уред за полнење 1 и уред за полнење 2 - грешка во притисочната линија - општа грешка со моторот за: Висока температура на моторот - неуспешно стартување - проблем со вбризгувањето гориво - ECM изборен прекинувач во поразлична позиција - пад на батерија 1 и батерија 2 - пад на еднонасочна струја - загуба на континуитетот (стартер) 1 и/или 2 - општ аларм за просторот на пумпата (полето може повторно да се назначи) за: Прениско ниво на гориво - превисоко ниво на гориво - резервоарот за гориво на дихтува - пренизок притисок на потис, прениска температура на просторот на пумпата - превисока температура на просторот на пумпата - прениско ниво на резервоарот за вода - празен резервоар за вода - пад на наизменична струја
- Ѕвонче: Ѕвонче од 4“ – 85 dB при 10 ft. (3 m)
- Комуникација: Протокол: Modbus - вид на поврзување: Заштитен RJ45 утикач - формат на рамка: TCP/IP
Одговара на следните норми:
- Направено според NFPA 20
- Underwriters Laboratory (UL): UL218- регулатор за пумпи за гасење пожар/CSA C22.2 бр. 14 индустриски уреди за управување
- CE-ознака: Различни EN-, IEC- и CEE-регулативи и стандарди
Опис на функцијата:
Со Wilo FireSet Control D можат да се контролираат пумпи со дизел мотор и сензори за управување со пумпите или нивото на информации. Со регулаторот се управува преку микропроцесор со „Soft-SPS“, служи за управување и регулација на сите потребни функции на постројката со пумпи за зголемување на притисокот за гаснење пожар согласно податоците во NFPA 20, за намени за тестирање и при работа на постројката за распрскување.
Работната логика на делот за гасењето пожари се базира на калибрирање на сензорот за притисок за вклучување на пумпата.
Доколку е потребно поголемо количество на вода поради отворање на еден или повеќе циркуларни кругови или поради расипан распрскувач, прекинете го притисокот во постројката. Во таков случај, вклучувањето на главната пумпа се активира преку регулаторот FireSet.
Штом се затвори циркуларниот круг на распрскувачот или засунот, со што се врши снабдување на главите за распрскување, во постројката сè повеќе се зголемува притисокот на одржувањето. Тогаш мора да се притиснат копчињата за запирање на контролниот панел, за да се запрат главната и резервната пумпа.
Дополнителни информации:
Меморија што може да се зголеми, софтвер со повеќе јазици што може да се проширува, заштита со лозинка
Работни податоци | |
---|---|
температура на медиум T | 0 °C |
температура на околината T | 4 °C |
Максимален работен притисок PN | 16 bar |
Материјали | |
---|---|
Куќиште на пумпа | Бронза |
Работно коло | Бронза |
Информации за нарачувања | |
---|---|
Производ | Wilo |
Опис на производ | FireSet-.. D |
Број на производ | on request |