Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
SiFire-Easy-80/200-210-37/37EEJ | Wilo

SiFire-Easy-80/200-210-37/37EEJ

Број на производ: 4242325
Технички податоци
Податоци за хидраулика
Приливен притисок 6 bar
Максимален работен притисок PN 16 bar
Број на пумпи 3
Мин. температура на медиум Tmin 3 °C
Макс. температура на медиум Tmax 25 °C
Мин. температура на околината Tmin 5 °C
Макс. температура на околината Tmax 40 °C
Податоци за мотор
Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
Номинална моќност на мотор P2 37 kW
Номинална струја IN 65,5 A
Фактор на моќност 0,87
Номинален број на вртежи n 2955 1/min
Класа на заштита на расклопен уред IP54
Материјали
Куќиште на пумпа Сиво леано железо
Работно коло
Вратило Не’рѓосувачки челик
Материјал на заптивање EPDM
Материјал на цевковод Челик
Димензии на инсталација
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs DN 100
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd DN 125
Податоци за производ
Производ Wilo
Опис на производ SiFire-Easy-80/200-210-37/37EEJ
Број на производ 4242325
EAN број 4062679090719
Боја црвена/црна/сребро
Минимална количина за нарачка 1
Достапност на пазарот 2020-09-20
Амбалажа
Вид на пакување Специјална палета
Карактеристики на пакување Комерцијална амбалажа
Број по палета 1
Број по слој 1
Димензии и тежина
Мерка за должина со амбалажа 1780 mm
Должина L 1580 mm
Мерка за висина со амбалажа 1951 mm
Висина H 1821 mm
Мерка за ширина со амбалажа 2296 mm
Ширина W 2096 mm
Бруто тежина прибл. m 1140 kg
Нето тежина прибл. m 1110 kg
Опис

Постројка за зголемување на притисокот како автоматска компактна постројка за гаснење пожар според EN 12845.

Составена од 2 пумпи (главна/резервна) со хоризонтална основна рамка – EN 733 – со спојка за проширување, електро мотор и повеќестепена, електрична, вертикална џокеј пумпа, мембрански притисочен сад (Содржина: 20 l) како и една разводна кутија на секој пумпа, фиксирана на робусна држечка конструкција.

Два модела ЕC-Fire E за електро моторите, и двата опремени со Easy контролер, плус модел ЕC-Fire J за џокеј пумпата, солидна конструкција од специјални профилни делови со кружни жлебови за виљушкар и кука, така што е овозможен безбеден транспорт без проблеми. Разводна кутија која може да се нагодува во висина, специјална основна рамка, со што преносот на вибрации се намалува значително и се зголемува сигурноста и животниот век.

Циркулационен круг со двоен притисочен прекинувач, манометар, повратен вентил, вентил за главната и резервната пумпа за автоматско стартување (осигуран од дејствување на неовластени лица). Каблите се позајмуваат во конструкцијата и се заштитени од потрес и засекување. Стандардна изведба опремена со мембрана инсталирана директно на главната/резервната пумпа, за да се спречи прекумерно вжештување при нула-прилив.

Две приклучни табли ЕC-Fire E и една ЕC-Fire J за противпожарни постројки според EN 12845.

Приклучни табли интегрирани во куќиште од челичен плех, според вид на заштита IP54.

Максимален квалитет и наједноставно ракување преку EC-Fire управување со директен приказ на актуелниот работен статус со повеќејазичен LD-екран базиран на симболи, лесно упатство за корисници со едноставно мени, притисочен и вртлив прекинувач за брзо поставување на параметри. Комуникациски контролен и управувачки механизам за надгледување на работата на постројката.

Постројката е монтирана на основна рамка со поврзани кабли и цевки, подготвена за приклучување.

Приливен притисок:

При планирањето на системската конфигурација мора да се земе предвид максималниот приливен притисок (види ги техничките податоци). Макс. дозволен приливен притисок се добива од макс. работен притисок на системот, соодветно намален за предвидениот максимален напор на пумпата при Q = 0. Кај постројките за распрскување според EN 12845, максималната вредност на притисокот на водата треба да биде 12 бари. Во постројките за распрскување со силно зголемување, во кои висинската разлика меѓу највисокиот и најнискиот распрскувач е повеќе од 45 метри, притисокот на водата на излезот од пумпата или во цевките може да биде повисок од 12, доколку сите компоненти на уредот се димензионирани на ова ниво на притисок.

Инсталација на пумпа за зголемување на притисокот според можностите за вшмукување.

За секоја главна/резервна пумпа треба да се инсталира приливен резервоар со приклучок на потисната цевка над пумпата.

Проток

До 350 m³/h (97 l/s) системска конфигурација за главната/резервната пумпа.

Приклучни табли/управувачки уреди за вода за гаснење-систем за снабдување

Wilo-Control SC-Fire E (главна пумпа или резервна пумпа со електромотор)

Хардвер:

Електронска централна управувачка единица, вградена во челично куќиште, вид на заштита IP54, управувачки и екранизирани уреди на предната врата

Својства и функции:

Дизајнот на управувачкиот уред зависи од моќноста на приклучената пумпа (стартување преку DOL или поврзување ѕвезда-триаголник). Уредот ги опфаќа следните компоненти:

  • Главен прекинувач: За вклучување и исклучување на приклучна табла. (При неовластено користење во случај на пожар)
  • Дисплеј: Вграден екран на вратата од разводната кутија за ракување и прикажување. Ги покажува податоците за работата и работната состојба на пумпата и функција за управување и контролирање базирано на симболи. Изборот на менито и внесувањето параметри се изведува преку копчиња за притискање на предната врата
  • Микропроцесор: Микропроцесор програмабилно технички реализиран SPS, мрежен дел и вклучување I/O. Конфигурацијата на програмирањето зависи од постројката и од постројката за распрскување
  • Индикатори: Долговечни светилки-индикатори кои ја покажуваат подготвеноста, работата на моторот и работата на пумпата, активирањето на потисниот прекинувач и на пливачкиот прекинувач, погрешно стартување, рачно стартување и запирање.
  • Копчиња: Копчиња на притискање за рачно стартување и рачно запирање, тестирање на ламби и избор на мени.
  • Осигурувач: Заштитни осигурувачи, кои го толерираат почетниот тек најмалку 20 секунди
  • Стартување на моторот: Контактор за директно вклучување, до 22 kW, при поголема моќност, стартување преку поврзување ѕвезда-триаголник
  • Заштита на мотор: Само за сигнализирање
  • Надгледување на водоснабдувањето: Преку пливачки прекинувач, со цел нивото на водата да биде секогаш најмалку 2/3 од приливниот резервоар
  • Контрола на моќност: Довод на вода и моќност на пумпа
  • Сеопфатна сигнализација: Грешки од секаков вид се прикажуваат на зеднички индикатор за грешки
  • Индивидуална сигнализација: Преку индивидуален индикатор за грешки се прикажува битната сигнализација - грешка при стартување
  • Приказ за грешка и ресетирање: Сите сигнали за грешка се прикажуваат на лед диоди, на екран се прикажани како код за грешка и мора да се рестартира

Софтвер:

  • Фабрички програмиран за автоматска работа
  • Информации за напон, јачина на струја и моќност на пумпа
  • Навигација на менито со помош на текст

Одговара на следните норми:

  • Фиксирани уреди за гаснење пожар- автоматски постројки за распрскување (EN 12845), дел за пумпи со електромотор
  • Електрична опрема на машини (EN 60204-1)
  • Низок напон-комбинации на приклучни табли (EN 61439-1 и EN 61439-2)
  • Електромагнетна подносливост, отпорност на интерференца за индустриски подрачја (EN 61000-6-2)
  • Електромагнетна подносливост, емитирана интерференца за станбено подрачје, деловни и трговски подрачја, како и во малите погони (EN 61000-6-3)

Опис на функцијата:

Со Wilo EC-Fire E управувачките уреди, можат да се контролираат пумпи со електромотор, сензори за управување со пумпите како и нивото на информации. Приклучната табла управувана со помош на микропроцесор служи за управување и регулација на сите потребни функции на постројката за зголемување на притисокот според EN 12845 за тестови или вистински случаи на дефекти.

Работната логика на делот за гасењето пожари се базира на каскадно калибрирање на притисочниот прекинувач за стартување на пумпата.

Доколку е потребно поголемо количество на вода поради отворање на еден или повеќе циркуларни кругови или поради расипан распрскувач, прекинете го притисокот во постројката. Ова води кон стартување на главната пумпа со помош на приклучна табла. Кога во постројки со повеќе пумпи не стартува главната електрична пумпа (на пр. поради проблеми со снабдувањето со струја), со намалување на притисокот на притисочниот прекинувач се активира резервната пумпа и пумпата стартува. Во одредени случаи можат да се употребуваат две или повеќе електро-пумпи.

Штом се затвори циркуларниот круг на распрскувачот или засунот, со што се врши снабдување на главите за распрскување, во постројката сè повеќе се зголемува притисокот на одржувањето. Тогаш мора да се притиснат копчињата за запирање на предната врата за да запре пумпата.

Wilo-Control ЕC-Fire J (џокеј пумпа со електромотор)

Хардвер:

Комплетна електронска централна управувачка единица, вградена во лакирано челично куќиште, вид на заштита IP54, управувачки уреди и копчиња на предната врата

Својства и функции:

Дизајнот на управувачкиот уред зависи од моќноста на приклучената пумпа . Уредот ги опфаќа следните компоненти:

  • Главен прекинувач: За вклучување и исклучување на приклучна табла
  • Индикатори: Долговечни светилки-индикатори, кои ја покажуваат подготвеноста на пумпата, работата на пумпата и збирните грешки
  • Прекинувач: Вртлив прекинувач за поставување на рачен модус или автоматски модус
  • Стартување на моторот: Директна заштита
  • Заштита на мотор: Прекинувач за заштита од куршлус и преоптоварување
  • Индивидуална сигнализација: Сигнализација за грешки на моторот (куршлус,преоптоварување)
  • Приказ за грешка и ресетирање: Сигнализацијата за гршки на моторот е прикажана преку соодветни лед диоди. Ресетирањето се прави при ново стартување на заштитниот прекинувач на моторот

Одговара на следните норми:

  • Фиксирани уреди за гаснење пожар- автоматски постројки за распрскување (EN 12845), дел за џокеј пумпи
  • Електрична опрема на машини (EN 60204-1)
  • Низок напон-комбинации на приклучни табли (EN 61439-1 и EN 61439-2)
  • Електромагнетна подносливост, отпорност на интерференца за индустриски подрачја (EN 61000-6-2)
  • Електромагнетна подносливост, емитирана интерференца за станбено подрачје, деловни и трговски подрачја, како и во малите погони (EN 61000-6-3)

Опис на функцијата:

Со Wilo-Control ЕC-Fire J единиците, џокеј пумпите можат да бидат опремени со електромотор и сензори според EN 12845, за тестирање, како и при работа на постројката за распрскување.

Работната логика на делот за гасењето пожари се базира на каскадно калибрирање на притисочниот прекинувач за стартување на пумпата.

Џокеј пумпата која служи за зголемување на притисокот се стартува прва и служи за тоа, системот да биде наполнет со вода и да биде под притисок. Таа се активира при намалување на притисокот во системот. Регулирање на стартувањето и запирањето се врши со потисен прекинувач, кој е калибриран по закон.

Работни податоци
Макс. напор Hmax 64,6 m
Број на пумпи 3
температура на медиум T 3 °C
температура на околината T 5 °C
Максимален работен притисок PN 16 bar
Приливен притисок 6 bar
Податоци за мотор
Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
Номинална моќност на мотор P2 37 kW
Номинална струја IN 65,5 A
Фактор на моќност 0,87
Номинален број на вртежи n 2955 1/min
Класа на заштита на расклопен уред IP54
Материјали
Куќиште на пумпа Сиво леано железо
Работно коло
Вратило Не’рѓосувачки челик
Заптивање на вратило BVEGG
Материјал на заптивање EPDM
Материјал на цевковод Челик
Димензии на инсталација
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs DN 100
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd DN 125
Информации за нарачувања
Производ Wilo
Опис на производ SiFire-Easy-80/200-210-37/37EEJ
Нето тежина прибл. m 1110 kg
Број на производ 4242325
Документи

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)
Опрема

Акумулационен резервоар (1)

Арматури (10)

Заштита од бучава (6)

Монтажа на цевки (8)

Арматури/опрема (1)

Алармен сигнал (1)

Уред за ракување и сервис (1)

Одржување/замена (15)

Услуги

Wilo има долга традиција на работа со инсталатери и производители на системи. Важен дел од нашата филозофија за партнерство е фабричката корисничка служба на Wilo. Заедно сите развиваме концепт на сервис кој најдобро одговара на вашите барања, а со нашите практични знаења и лично советување, се грижиме вашите постројки да се енергетски ефикасни, сигурни за работа и економични што е можно најдобро. Нашите компетентни сервисни техничари на Wilo ве поддржуваат брзо, сигурно и навремено.

Дознајте повеќе

Препорачани сервисни услуги

Одржување
COMFORT одржување на SiFire EEJ
    
2219506

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка и евентуално полнење на евентуално достапните притисочни резервоари
  • Проверка и, доколку е потребно, прилагодување на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошниот материјал е вклучен во цената на договорот
  • Без надомест и патни трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време на нормални часови за сервис)
  • Планирањето и организацијата ги врши WILO. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување
PREMIUM одржување на SiFire EEJ
    
2219559

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка и евентуално полнење на евентуално достапните притисочни резервоари
  • Проверка на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошниот материјал е вклучен во цената на договорот
  • Без надомест и патни трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време и надвор од вообичаените часови за сервис)
  • Надградба на софтвер
  • Вклучувајќи ги и потрошните делови
  • Планирањето и организацијата ги врши WILO. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување
Пуштање во работа
Пуштање во работа на SiFire EEJ
    
2219404

За да се осигуриме дека пумпата(ите)/постројката (ите) функционираат беспрекорно, препорачуваме пуштањето во работа да го изврши сопствената служба за односи со корисниците на Wilo. Ова овозможува оптимално нагодување и ефикасно работење на системот. Пуштањето во работа ги вклучува следните точки:

  • Пуштање во работа на постројката(ите) според контролната листа
  • Параметрирање и нагодување на разводната опрема
  • Тестирање и прилагодување на предкомпресија на притисочните резервоари (полнење до 80 литри вкл.)
  • Функционално тестирање на склопени системи
  • Упатство за вградување и работа ориентирани кон пракса
  • Протокол за пуштање во работа на Wilo

Цената за пуштање во работа се однесува само на постројки кои се инсталирани во согласност со упатството за вградување и работа, како и според актуелната состојба на технологијата. Нема трошоци за материјали што може евентуално да бидат потребни.

Други сервисни услуги

Сервисни пакети
Пакет за сервис L за SiFire EEJ
    
2219489

Сервисот на Wilo нуди однапред дефинирани пакети на услуги во три големини за полесно да се комбинираат поединечните услуги.

Сервисниот пакет L од Wilo вклучува:

  • Проверка на инсталацијата
  • Поддршка за проекти
  • Пуштање во работа
  • Одржување
  • Energy Solutions
  • WiloCare Premium
  • Wilo-Live Assistant

Опционални дополнителни услуги:

  • Оптимизација на постројките
  • Поправка
  • Продолжена гаранција
Пакет за сервис M за SiFire EEJ
    
2219485

Сервисот на Wilo нуди однапред дефинирани пакети на услуги во три големини за полесно да се комбинираат поединечните услуги.

Сервисниот пакет M од Wilo вклучува:

  • Проверка на инсталацијата
  • Поддршка за проекти
  • Пуштање во работа
  • Одржување
  • WiloCare Comfort
  • Wilo-Live Assistant

Опционални дополнителни услуги:

  • Оптимизација на постројките
  • Energy Solutions
  • Поправка
  • Продолжена гаранција
Пакет за сервис S за SiFire EEJ
    
2219480

Сервисот на Wilo нуди однапред дефинирани пакети на услуги во три големини за полесно да се комбинираат поединечните услуги.

Сервисниот пакет S од Wilo вклучува:

  • Проверка на инсталацијата
  • Пуштање во работа
  • Одржување
  • WiloCare Basic
  • Wilo-Live Assistant

Опционални дополнителни услуги:

  • Оптимизација на постројките
  • Energy Solutions
  • Поддршка за проекти
  • Поправка
  • Продолжена гаранција
Асистент на Wilo во живо
Сервис со Wilo-Live Assistant
    
2216415

Wilo-Live Assistant е покрај вас како технички советник за време на сервисирањето на пумпата. Со Wilo-Live Assistant, нашите стручни советници ве поддржуваат во котларата или во просторијата на постројката преку видео пренос - во живо и во реално време. Ја прикажувате поставката за инсталација со вашиот паметен телефон додека експертот на Wilo следи сè на екранот. Може да ги гледате и компонентите и другите детали за да одредите од каде настанал дефектот или испадот. Ние спречуваме испади и обезбедуваме безбедност при работа на вашите пумпи и системи!

Wilo-Live Assistant вклучува:

  • Интерактивна поддршка во живо преку видео разговор
  • Директен контакт со експерти
  • Just-in-Time решение за обезбедување на максимална безбедност при работа на вашите пумпи и системи
Продолжена гаранција
Продолжување на гаранција за SiFire EEJ
    
2219463

Во комбинација со нова пумпа или нов систем, Wilo нуди продолжена гаранција до пет години во комбинација со пуштање во работа и одржување од страна на сервисот на Wilo.

Продолжената гаранција вклучува:

  • Целосна заштита и предвидливи оптимални трошоци
  • Редовни работи за одржување од страна на сервисот на Wilo
Поддршка за проекти
Поддршка за проекти со SiFire EEJ
    
2219340

Wilo обезбедува поддршка во фазата на планирање за да обезбеди квалитет и економичност. Нашиот компетентен и квалификуван сервис Wilo ќе ве поддржува со препораки и технички совети во текот на целото времетраење на проектот.

Поддршката на проектот ги вклучува следните услуги:

  • Редовни посети на локацијата за да се осигура квалитетот на информациите и советите
  • Технички совети, достапни и на локација
  • Извештај за состојбата со препораки по посетата
  • Обемна поддршка за планирање од експерт на Wilo
Инсталација
Инсталација на SiFire EEJ
    
2219375

Сервисот на Wilo нуди инсталација на нашите пумпи или пумпни системи. Ние нудиме End-to-End процес, од собирање информации на лице место до инсталирање на нашиот производ во објектот. Оптималната поставка за инсталација и интеракцијата на различни индивидуални фактори ја поставуваат основата за долгорочна безбедност при работа.

Инсталирањето вклучува:

  • Стручна инспекција
  • Обезбедување на компоненти/материјали од Wilo и трети понудувачи
  • Инсталација на цевковод и електрика
  • Пробно работење
Оптимизација на постројките
Оптимизација на постројки на SiFire EEJ
    
2219270

Wilo-Service нуди проактивна оптимизација на постројката преку нагодување на поставките и правење мали корекции за да се обезбеди безбедност при работа. Оптимизацијата на постројките меѓу другото вклучува:

  • Ремонт на пумпи/постројки за враќање на целосната моќност
  • Надградба на постари постројки со нови технологии или функции за да се заштедат капитални трошоци (осовременување)
Energy Solutions
Energy Solutions SiFire EEJ
    
2219305

Сервисот на Wilo нуди проактивна поддршка за планирање за да се утврдат можните заштеди на енергија. Нашиот сервис создава преглед на инсталираните пумпи или постројки за да покаже како може да се намали потрошувачката на енергија. Ние нудиме таргетирани консултации и анализи, вклучително и интеграција на систем за транспорт, како и обемна поддршка во планирањето при префрлување на технологии со висока ефикасност. Wilo-Energy Solutions ги вклучува следните услуги:

  • Детална проценка на трошоците во животните циклуси (LCC-анализа)
  • Енергетска ревизија вклучувајќи информации за потенцијалот за заштеда на енергија
  • Проактивна препорака за опции за замена
  • Подобрување на еколошката рамнотежа на вашата постројка
  • Поддршка во планирање при префрлување на високоефикасни пумпи на Wilo
Поправка
Поправка на SiFire EEJ
    
2219475

За време на проверката на лице место, компетентниот и искусен сервисер на Wilo одлучува дали пумпата може да се поправи на лице место или дали треба да се испрати во фабриката на поправка. Wilo исто така обезбедува резервни делови или пумпа за замена за враќање на безбедноста при работа на постројката.

Поправката вклучува:

  • Проверка и отстранување на причините за дефект од искусни експерти на Wilo
  • Необврзувачка проценка на трошоците за поправки
  • Електрохидраулично пробно работење за да се обезбедат точни податоци во однос на функцијата, квалитетот и моќноста на пумпата или постројката
  • Обложување на разни компоненти на пумпата или постројката за оптимизирана ефикасност
  • Употреба исклучиво на оригинални резервни делови
  • Документација за поправката во извештајот за сервис