Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
SiFire-EN-40/200-212-12,9DJ | Wilo
Слично на сликата

SiFire-EN-40/200-212-12,9DJ

Број на производ: 4241618
Технички податоци
Податоци за хидраулика
Приливен притисок 6 bar
Максимален работен притисок PN 16 bar
Број на пумпи 2
Мин. температура на медиум Tmin 3 °C
Макс. температура на медиум Tmax 50 °C
Мин. температура на околината Tmin 10 °C
Макс. температура на околината Tmax 40 °C
Податоци за мотор
Класа на заштита на расклопен уред IP54
Дизел мотор
Волумен на проток на воздух за ладење 1578 m³/h
Вид/начини на ладење Воздух
Зафатнина 1,248 l
Број на цилиндри 2
Номинална моќност 17500 W
Број на вртежи 2900 1/мин
Материјали
Куќиште на пумпа Сиво леано железо
Работно коло
Вратило Не’рѓосувачки челик
Материјал на заптивање EPDM
Материјал на цевковод Челик
Димензии на инсталација
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs DN 65
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd DN 65
Податоци за производ
Производ Wilo
Опис на производ SiFire-EN-40/200-212-12,9DJ
Број на производ 4241618
EAN број 4062679083643
Боја црвена/црна/сребро
Минимална количина за нарачка 1
Достапност на пазарот 2020-09-20
Амбалажа
Вид на пакување Специјална палета
Карактеристики на пакување Комерцијална амбалажа
Број по палета 1
Број по слој 1
Димензии и тежина
Мерка за должина со амбалажа 1226 mm
Должина L 1026 mm
Мерка за висина со амбалажа 1651 mm
Висина H 1521 mm
Мерка за ширина со амбалажа 1948 mm
Ширина W 1748 mm
Бруто тежина прибл. m 666 kg
Нето тежина прибл. m 636 kg
Опис

Постројка за зголемување на притисокот како автоматска компактна постројка за гаснење пожар според EN 12845.

Составена од 1 пумпа со хоризонтална основна рамка – EN 733 – со спојка за проширување, дизел мотор и повеќестепена, електрична, вертикална џокеј пумпа, мембрански притисочен сад (Содржина: 20 l) како и една разводна кутија на секој пумпа, фиксирана на робусна држечка конструкција.

Модел SC-Fire D за дизел мотор, опремен со Smart контролер, плус модел SC-Fire J за џокеј пумпата, солидна конструкција од специјални профилни делови со кружни жлебови за виљушкар и кука, така што е овозможен безбеден транспорт без проблеми. Разводна кутија која може да се нагодува во висина, специјална основна рамка, со што преносот на вибрации се намалува значително и се зголемува сигурноста и животниот век.

Циркулационен круг со двоен притисочен прекинувач, манометар, повратен вентил, вентил за главната пумпа за автоматско стартување (осигуран од делување на неовластени лица). Каблите се позајмуваат во конструкцијата и се заштитени од потрес и засекување. Стандардна изведба опремена со мембрана инсталирана директно на главната пумпа, за да се спречи прекумерно вжештување при нула-прилив.

Резервар за гориво со сензор за состојбата (количеството на гориво) и волумен кој е доволен за шестчасовна самостојна работа како и 2 батерии на основната рамка и полначи за батерии на SC Fire разводна кутија.

Независна анти-вибрациска основна рамка за пумпата со дизел мотор.

Разводни уреди SC Fire D и SC-Fire J за противпожарни постројки во согласност со EN 12845.

Приклучни табли интегрирани во куќиште од челичен плех, според вид на заштита IP54.

Многу висок квалитет на управување и особено едноставна работа благодарение на SC-Fire управувањето, со ЛЦД екран базиран на симболи, лесно упатство за корисници со едноставно мени, притисочен и вртлив прекинувач за брзо поставување на параметри. Комуникациски контролен и управувачки механизам за надгледување на работата на постројката.

Постројката е монтирана на основна рамка со поврзани кабли и цевки, подготвена за приклучување.

Приливен притисок:

При планирањето на системската конфигурација мора да се земе предвид максималниот приливен притисок (види ги техничките податоци). Макс. дозволен приливен притисок се добива од макс. работен притисок на системот, соодветно намален за предвидениот максимален напор на пумпата при Q = 0. Кај постројките за распрскување според EN 12845, максималната вредност на притисокот на водата треба да биде 12 бари. Во постројките за распрскување со силно зголемување, во кои висинската разлика меѓу највисокиот и најнискиот распрскувач е повеќе од 45 метри, притисокот на водата на излезот од пумпата или во цевките може да биде повисок од 12, доколку сите компоненти на уредот се димензионирани на ова ниво на притисок.

Инсталација на пумпа за зголемување на притисокот според можностите за вшмукување.

За главната пумпа треба да се инсталира приливен резервоар со приклучок на потисната цевка над пумпата.

Проток

До 750 м³/ч (208 л/с) системска конфигурација за главната пумпа.

Приклучни табли/управувачки уреди за вода за гаснење- систем за снабдување

Wilo-Control SC-Fire D (главна пумпа со дизел мотор)

Хардвер:

Електронска централна управувачка единица, вградена во челично куќиште, вид на заштита IP54, управувачки и екранизирани уреди на предната врата

Својства и функции:

Дизајнот на управувачкиот уред зависи од моќноста на приклучената пумпа . Уредот ги опфаќа следните компоненти:

  • Главен прекинувач: За вклучување и исклучување на приклучна табла. (При неовластено користење во случај на пожар)
  • Дисплеј: Вграден екран на вратата од разводната кутија за ракување и прикажување. Ги покажува податоците за работата и работната состојба на пумпата и функција за управување и контролирање преку комбинација на симболи и нумерички кодови. Изборот на менито и внесувањето параметри се изведува преку црвеното копче
  • Микропроцесор со Soft-SPS: Микропроцесор -SPS (Soft-SPS), реализиран преку програмирање, мрежен дел и E/A- ожичување. Конфигурацијата на програмирањето зависи од системот и од постројката за распрскување
  • Индикатори: Долговечни светилки-индикатори, кои го покажуваат следново: Подготвност на пумпата, работа на пумпата, активирање на потисниот прекинувач, деактивирање на автоматскиот модул, деактивирање на моторното греење, аларм за температура, аларм за маслениот притисок, погрешно стартување, аларм за ремените, ниско ниво на гориво, збирна грешка, рачно запирање.
  • Копчиња: Копче на притискање за рачно запирање, стартна батерија A, стартна батерија B, тестирање на ламби и рестартирање на аларми и сигнали за внимание
  • Осигурувач: Заштитни осигурувачи за греење и полнач за батерии во разводната кутија
  • Стартување на моторот: Автоматско стартување со 6 обиди за стартување преку две батерии кои можат да се сменат на предната табла
  • Заштита на мотор: Контрола на типичен параметар на работа кај дизел мотор (температура, маслен притисок итн.) без запирање
  • Надгледување на водоснабдувањето: Преку пливачки прекинувач, со цел нивото на водата да биде секогаш најмалку 2/3 од приливниот резервоар
  • Контрола на водоснабдувањето: Сигнализација за грешка на полначот за батерии при намалување на водоснабдувањето
  • Сеопфатна сигнализација: Грешки од секаков вид се прикажуваат на зеднички индикатор за грешки
  • Индивидуална сигнализација: Битните поединечни грешки се прикажуваат преку индикаторите за поединечни грешки
  • Приказ за грешка и ресетирање: Сите сигнали за грешка се прикажуваат на лед диоди, на екран се прикажани како код за грешка и мора да се рестартира

Софтвер:

  • Фабрички програмиран за автоматска работа
  • Информации за бројот на вртежи на моторот, волтажата на полнењето и текот на полнењето.
  • Навигација на менито со помош на симболи

Одговара на следните норми:

  • Фиксирани уреди за гаснење пожар- автоматски постројки за распрскување (EN 12845), дел за пумпи со дизел мотор
  • Електрична опрема на машини (EN 60204-1)
  • Низок напон-комбинации на приклучни табли (EN 61439-1 и EN 61439-2)
  • Електромагнетна подносливост, отпорност на интерференца за индустриски подрачја (EN 61000-6-2)
  • Електромагнетна подносливост, емитирана интерференца за станбено подрачје, деловни и трговски подрачја, како и во малите погони (EN 61000-6-3)

Опис на функцијата:

Со Wilo SC-Fire D управувачките уреди, можат да се контролираат пумпи со дизел мотор, сензори за управување со пумпите како и нивото на информации. SC- уредот се контролира преку микропроцесор со Soft-SPS. Тој служи за управување и регулација на потребните функции на уредите за зголемување на притисокот за снабдувањето со вода за геснење пожари спред EN 12845, за тестирање и при работа на постројката за распрскување.

Работната логика на делот за гасењето пожари се базира на каскадно калибрирање на притисочниот прекинувач за стартување на пумпата.

Доколку е потребно поголемо количество на вода поради отворање на еден или повеќе циркуларни кругови или поради расипан распрскувач, прекинете го притисокот во системот. Како резултат на тоа, SC-Fire Controller регулаторот предизвикува стартување на пумпата со дизел мотор. Штом се затвори циркуларниот круг на распрскувачот или засунот, со што се врши снабдување на главите за распрскување, во системот се` повеќе се зголемува притисокот во мирување. Тогаш мора да се притиснат копчињата за запирање на SC-Fire, за да запре главната пумпа.

Дополнителни информации:

Битна предност на Smart Controller SC-Fire е лесното управување на докажаната Wilo технологија-црвено-копче. Основа на SC е можноста за зачувување на програмираното управување Soft SPS, кое се базира исклучиво на големото искуство на Wilo. Целото програмирање се прави интерно. Со тоа овие управувачки уреди можат флексибилно да се употребуваат во нова генерација и во согласност со сите специфични побарувања на купувачите и на пазарите.

Wilo-Control SC-Fire J (џокеј пумпа со електромотор)

Хардвер:

Комплетна електронска централна управувачка единица, вградена во лакирано челично куќиште, вид на заштита IP54, управувачки уреди и копчиња на предната врата

Својства и функции:

Дизајнот на управувачкиот уред зависи од моќноста на приклучената пумпа . Уредот ги опфаќа следните компоненти:

  • Главен прекинувач: За вклучување и исклучување на приклучна табла
  • Индикатори: Долговечни светилки-индикатори, кои ја покажуваат подготвеноста на пумпата, работата на пумпата и збирните грешки
  • Прекинувач: Вртлив прекинувач за поставување на рачен модус или автоматски модус
  • Стартување на моторот: Директна заштита
  • Заштита на мотор: Прекинувач за заштита од куршлус и преоптоварување
  • Индивидуална сигнализација: Сигнализација за грешки на моторот (куршлус,преоптоварување)
  • Приказ за грешка и ресетирање: Сигнализацијата за гршки на моторот е прикажана преку соодветни лед диоди. Ресетирањето се прави при ново стартување на заштитниот прекинувач на моторот

Одговара на следните норми:

  • Фиксирани уреди за гаснење пожар- автоматски постројки за распрскување (EN 12845), дел за џокеј пумпи
  • Електрична опрема на машини (EN 60204-1)
  • Низок напон-комбинации на приклучни табли (EN 61439-1 и EN 61439-2)
  • Електромагнетна подносливост, отпорност на интерференца за индустриски подрачја (EN 61000-6-2)
  • Електромагнетна подносливост, емитирана интерференца за станбено подрачје, деловни и трговски подрачја, како и во малите погони (EN 61000-6-3)

Опис на функцијата:

Со Wilo-Control SC-Fire J единиците, џокеј пумпите можат да бидат опремени со електромотор и сензори според EN 12845, за тестирање, како и при работа на постројката за распрскување.

Работната логика на делот за гасењето пожари се базира на каскадно калибрирање на притисочниот прекинувач за стартување на пумпата.

Џокеј пумпата која служи за зголемување на притисокот се стартува прва и служи за тоа, системот да биде наполнет со вода и да биде под притисок. Таа се активира при намалување на притисокот во системот. Регулирање на стартувањето и запирањето се врши со потисен прекинувач, кој е калибриран по закон.

Работни податоци
Макс. напор Hmax 61,5 m
Број на пумпи 2
температура на медиум T 3 °C
температура на околината T 10 °C
Максимален работен притисок PN 16 bar
Приливен притисок 6 bar
Податоци за мотор
Класа на заштита на расклопен уред IP54
Материјали
Куќиште на пумпа Сиво леано железо
Работно коло
Вратило Не’рѓосувачки челик
Заптивање на вратило BVEGG
Материјал на заптивање EPDM
Материјал на цевковод Челик
Димензии на инсталација
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs DN 65
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd DN 65
Информации за нарачувања
Производ Wilo
Опис на производ SiFire-EN-40/200-212-12,9DJ
Нето тежина прибл. m 636 kg
Број на производ 4241618
Документи

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)
BIM/CAD
Опрема

Акумулационен резервоар (1)

Арматури (10)

Ладење на мотор (3)

Заштита од бучава (6)

Монтажа на цевки (8)

Монтажа на цевки/елементи за израмнување (4)

Арматури/опрема (1)

Алармен сигнал (1)

Уред за ракување и сервис (1)

Одржување/замена (15)

Услуги

Wilo има долга традиција на работа со инсталатери и производители на системи. Важен дел од нашата филозофија за партнерство е фабричката корисничка служба на Wilo. Заедно сите развиваме концепт на сервис кој најдобро одговара на вашите барања, а со нашите практични знаења и лично советување, се грижиме вашите постројки да се енергетски ефикасни, сигурни за работа и економични што е можно најдобро. Нашите компетентни сервисни техничари на Wilo ве поддржуваат брзо, сигурно и навремено.

Дознајте повеќе

Препорачани сервисни услуги

Одржување
COMFORT одржување на SiFire DJ
    
2219505

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка и евентуално полнење на евентуално достапните притисочни резервоари
  • Проверка и, доколку е потребно, прилагодување на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошниот материјал е вклучен во цената на договорот
  • Без надомест и патни трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време на нормални часови за сервис)
  • Планирањето и организацијата ги врши WILO. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување
PREMIUM одржување на SiFire DJ
    
2219558

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка и евентуално полнење на евентуално достапните притисочни резервоари
  • Проверка на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошниот материјал е вклучен во цената на договорот
  • Без надомест и патни трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време и надвор од вообичаените часови за сервис)
  • Надградба на софтвер
  • Вклучувајќи ги и потрошните делови
  • Планирањето и организацијата ги врши WILO. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување
Пуштање во работа
Пуштање во работа на SiFire DJ
    
2219403

За да се осигуриме дека пумпата(ите)/постројката (ите) функционираат беспрекорно, препорачуваме пуштањето во работа да го изврши сопствената служба за односи со корисниците на Wilo. Ова овозможува оптимално нагодување и ефикасно работење на системот. Пуштањето во работа ги вклучува следните точки:

  • Пуштање во работа на постројката(ите) според контролната листа
  • Параметрирање и нагодување на разводната опрема
  • Тестирање и прилагодување на предкомпресија на притисочните резервоари (полнење до 80 литри вкл.)
  • Функционално тестирање на склопени системи
  • Упатство за вградување и работа ориентирани кон пракса
  • Протокол за пуштање во работа на Wilo

Цената за пуштање во работа се однесува само на постројки кои се инсталирани во согласност со упатството за вградување и работа, како и според актуелната состојба на технологијата. Нема трошоци за материјали што може евентуално да бидат потребни.

Други сервисни услуги

Сервисни пакети
Пакет за сервис L за SiFire DJ
    
2219488

Сервисот на Wilo нуди однапред дефинирани пакети на услуги во три големини за полесно да се комбинираат поединечните услуги.

Сервисниот пакет L од Wilo вклучува:

  • Проверка на инсталацијата
  • Поддршка за проекти
  • Пуштање во работа
  • Одржување
  • Energy Solutions
  • WiloCare Premium
  • Wilo-Live Assistant

Опционални дополнителни услуги:

  • Оптимизација на постројките
  • Поправка
  • Продолжена гаранција
Пакет за сервис M за SiFire DJ
    
2219484

Сервисот на Wilo нуди однапред дефинирани пакети на услуги во три големини за полесно да се комбинираат поединечните услуги.

Сервисниот пакет M од Wilo вклучува:

  • Проверка на инсталацијата
  • Поддршка за проекти
  • Пуштање во работа
  • Одржување
  • WiloCare Comfort
  • Wilo-Live Assistant

Опционални дополнителни услуги:

  • Оптимизација на постројките
  • Energy Solutions
  • Поправка
  • Продолжена гаранција
Пакет за сервис S за SiFire DJ
    
2219479

Сервисот на Wilo нуди однапред дефинирани пакети на услуги во три големини за полесно да се комбинираат поединечните услуги.

Сервисниот пакет S од Wilo вклучува:

  • Проверка на инсталацијата
  • Пуштање во работа
  • Одржување
  • WiloCare Basic
  • Wilo-Live Assistant

Опционални дополнителни услуги:

  • Оптимизација на постројките
  • Energy Solutions
  • Поддршка за проекти
  • Поправка
  • Продолжена гаранција
Асистент на Wilo во живо
Сервис со Wilo-Live Assistant
    
2216415

Wilo-Live Assistant е покрај вас како технички советник за време на сервисирањето на пумпата. Со Wilo-Live Assistant, нашите стручни советници ве поддржуваат во котларата или во просторијата на постројката преку видео пренос - во живо и во реално време. Ја прикажувате поставката за инсталација со вашиот паметен телефон додека експертот на Wilo следи сè на екранот. Може да ги гледате и компонентите и другите детали за да одредите од каде настанал дефектот или испадот. Ние спречуваме испади и обезбедуваме безбедност при работа на вашите пумпи и системи!

Wilo-Live Assistant вклучува:

  • Интерактивна поддршка во живо преку видео разговор
  • Директен контакт со експерти
  • Just-in-Time решение за обезбедување на максимална безбедност при работа на вашите пумпи и системи
Продолжена гаранција
Продолжување на гаранција за SiFire DJ
    
2219462

Во комбинација со нова пумпа или нов систем, Wilo нуди продолжена гаранција до пет години во комбинација со пуштање во работа и одржување од страна на сервисот на Wilo.

Продолжената гаранција вклучува:

  • Целосна заштита и предвидливи оптимални трошоци
  • Редовни работи за одржување од страна на сервисот на Wilo
Поддршка за проекти
Поддршка за проекти со SiFire DJ
    
2219339

Wilo обезбедува поддршка во фазата на планирање за да обезбеди квалитет и економичност. Нашиот компетентен и квалификуван сервис Wilo ќе ве поддржува со препораки и технички совети во текот на целото времетраење на проектот.

Поддршката на проектот ги вклучува следните услуги:

  • Редовни посети на локацијата за да се осигура квалитетот на информациите и советите
  • Технички совети, достапни и на локација
  • Извештај за состојбата со препораки по посетата
  • Обемна поддршка за планирање од експерт на Wilo
Инсталација
Инсталација на SiFire DJ
    
2219374

Сервисот на Wilo нуди инсталација на нашите пумпи или пумпни системи. Ние нудиме End-to-End процес, од собирање информации на лице место до инсталирање на нашиот производ во објектот. Оптималната поставка за инсталација и интеракцијата на различни индивидуални фактори ја поставуваат основата за долгорочна безбедност при работа.

Инсталирањето вклучува:

  • Стручна инспекција
  • Обезбедување на компоненти/материјали од Wilo и трети понудувачи
  • Инсталација на цевковод и електрика
  • Пробно работење
Оптимизација на постројките
Оптимизација на постројки на SiFire DJ
    
2219269

Wilo-Service нуди проактивна оптимизација на постројката преку нагодување на поставките и правење мали корекции за да се обезбеди безбедност при работа. Оптимизацијата на постројките меѓу другото вклучува:

  • Ремонт на пумпи/постројки за враќање на целосната моќност
  • Надградба на постари постројки со нови технологии или функции за да се заштедат капитални трошоци (осовременување)
Energy Solutions
Energy Solutions SiFire DJ
    
2219304

Сервисот на Wilo нуди проактивна поддршка за планирање за да се утврдат можните заштеди на енергија. Нашиот сервис создава преглед на инсталираните пумпи или постројки за да покаже како може да се намали потрошувачката на енергија. Ние нудиме таргетирани консултации и анализи, вклучително и интеграција на систем за транспорт, како и обемна поддршка во планирањето при префрлување на технологии со висока ефикасност. Wilo-Energy Solutions ги вклучува следните услуги:

  • Детална проценка на трошоците во животните циклуси (LCC-анализа)
  • Енергетска ревизија вклучувајќи информации за потенцијалот за заштеда на енергија
  • Проактивна препорака за опции за замена
  • Подобрување на еколошката рамнотежа на вашата постројка
  • Поддршка во планирање при префрлување на високоефикасни пумпи на Wilo
Поправка
Поправка на SiFire DJ
    
2219474

За време на проверката на лице место, компетентниот и искусен сервисер на Wilo одлучува дали пумпата може да се поправи на лице место или дали треба да се испрати во фабриката на поправка. Wilo исто така обезбедува резервни делови или пумпа за замена за враќање на безбедноста при работа на постројката.

Поправката вклучува:

  • Проверка и отстранување на причините за дефект од искусни експерти на Wilo
  • Необврзувачка проценка на трошоците за поправки
  • Електрохидраулично пробно работење за да се обезбедат точни податоци во однос на функцијата, квалитетот и моќноста на пумпата или постројката
  • Обложување на разни компоненти на пумпата или постројката за оптимизирана ефикасност
  • Употреба исклучиво на оригинални резервни делови
  • Документација за поправката во извештајот за сервис