Wilo-Star-Z NOVA
Wilo-Star-Z NOVA T
Особености/предности на производот
- Голема сигурност на хидаруликата благодарение на докажана технологија
- Подобрена енергетска ефикасност преку приспособена технологија на моторот со потрошувачка на струја од само 3 – 6 вати и во стандардна изведба на топлинска изолација
- Брза, едноставна инсталација и замена на вообичаени типови пумпи преку флексибилен сервисен мотор и Wilo-Connector
- Верзијата „Т“ нуди најголема хигиена благодарение на временски прекинувач, термостат и автоматска термичка дезинфекција, како и најдобар комфор при управувањето со помош на технологијата на зелено копче и интуитивното водење на корисникот благодарение на LC дисплеј
Препорачани сервисни услуги
Еколошки својства
- Во случај на замена на моторот, првобитното куќиште на пумпата и понатаму може да се користи
- Одржлива и CO2-неутрална изработка и процеси во нашите европски фабрики
Wilo-Star-Z NOVA (ROW)
Изведба
Циркулациона пумпа со воден ротор и навојна врска и синхрон мотор, заштитен од струја на блокирање.
Примена
Циркулација на вода за пиење во зградна техника и индустрија.
Опрема/функција
- Електричен брз приклучок со Wilo-Connector
- Вграден топчест затворачки вентил од вшмукателната страна (Star-Z NOVA A, T)
- Вграден неповратен вентил од притисочната страна (Star-Z NOVA A, T)
- Мотор отпорен на струја на блокирање
- Термоизолација во стандардна изведба
- Функции на Star-Z NOVA T:
- Технологија на зелено копче
- LC-дисплеј за прикажување податоци за пумпа и шифри на грешки
- Функција на временско вклучување за програмирање на 3 времиња за вклучување, односно исклучување
- Температурна регулација за одржување на константна повратна температура во системот за циркулација на вода за пиење
- Термичка рутина за дезинфекција (поддршка и препознавање на термичката дезинфекција на резервоарот за топла вода за пиење)
Означување на типот
Пример: | Wilo-Star-Z NOVA |
Star-Z | Циркулациона пумпа за вода за пиење, пумпа со воден ротор |
NOVA | Опис на типот |
A | со топчест затворачки вентил и неповратен вентил |
T | со топчест затворачки вентил, неповратен вентил, временски прекинувач, термостат и препознавање за термичка дезинфекција |
Технички податоци
- Температура на транспортиран медиум: Вода за пиење макс. +95 °C
- Приклучување на мрежа 1~230 V, 50 Hz
- Вид на заштита IP42
- Номинален дијаметар Rp ½
- макс. работен притисок 10 бара
Материјали
- Куќиште на пумпа: месинг
- Работно коло: пластика
- Вратило: керамика
- Лежиште: јаглен, импрегниран со синтетичка смола
Опсег на испорака
- Пумпа
- Термоизолација
- Wilo-Connector
- Заптивки (единствено за Star-Z NOVA A, T)
- Упатство за вградување и работа
Опции
- Star-Z-NOVA A со топчест затворачки вентил и неповратен вентил
- Star-Z-NOVA T со топчест затворачки вентил, неповратен вентил, временски прекинувач, термостат и препознавање за термичка дезинфекција
Опрема
- Навртувања
- Елементи за израмнување
- Wilo-Connector со поврзан приклучен кабел од 2 m и утикач со заштитен контакт
- Аголен приклучник со 2 m кабел за поврзување
Упатство за вградување и работа
Опис на производ | Приклучок на цевка | Монтажна должина L0 | Максимален работен притисок PN | Приклучување на мрежа | Бруто тежина прибл. m | Број по палета | Број на производ | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Star-Z NOVA | Rp ½ | 84 mm | 10 bar | 1~230 V, 50 Hz | 0,9 kg | 320 | 4132760 | |
Star-Z NOVA A | G 1 | 138 mm | 10 bar | 1~230 V, 50 Hz | 1,1 kg | 320 | 4132761 | |
Star-Z NOVA T | G 1 | 138 mm | 10 bar | 1~230 V, 50 Hz | 1,6 kg | 270 | 4222650 |