Wilo-Stratos GIGA
Максимална моќност со највисока енергетска ефикасност.
Максимална моќност со највисока енергетска ефикасност.
Wilo-Stratos GIGA е идеална високоефикасна пумпа за примена во згради за греење, климатизација и ладење, каде што се потребни големи количини на вода со голем напор.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Иновативна високоефикасна пумпа за најголема вкупна ефикасност
- Високоефикасен мотор со класа на енергетска ефикасност IE5 според IEC 60034-30-2
- Опционални интерфејсу за поврзување со зградна автоматика преку приклучни IF-модули
Изведба
Високоефикасна Inline-пумпа со IE5-мотор и електронско прилагодување на моќноста при изведба со сув ротор. Изведба како едностепена нископритисочна центрифугална пумпа со приклучок на прирабница и лизгачка механичка заптивка.
Примена
Транспорт на вода за греење (според VDI 2035), ладна вода и мешавини на вода-гликол без абразивни материи во системите за греење, ладна вода и ладење.
Опрема/функција
Начин на работа
- Δp-c за константен диференцијален притисок
- Δp-v за варијабилен диференцијален притисок
- PID-Control
- Регулациски режим (n=constant)
Панел за ракување
- Зелено копче и дисплеј
Рачни функции
- Подесување на баран диференцијален притисок
- Подесување на број на вртежи (рачно управување)
- Поставување на работен режим
- Подесување на пумпа ON/OFF
- Конфигурација на сите работни параметри
- Квитирање грешка
Надворешни управувачки функции
- Управувачки влез „Приоритетно искл.“
- Управувачки влез „Екстерна замена на пумпа“ (има дејство само при режим на работа со двојна пумпа)
- Аналоген влез 0-10 V, 0-20 mA за регулациски режим (DDC) и далечинско регулирање на зададена вредност
- Аналоген влез 2-10 V, 4-20 mA за регулациски режим (DDC) и далечинско регулирање на зададена вредност
- Аналоген влез 0-10 V за сигнал за вистинска вредност на сензорот за притисок
- Аналоген влез 2–10 V, 0-20 mA, 4–20 mA за сигнал за вистинска вредност на сензорот за притисок
Функции на сигнализација и прикажување
- Збирна сигнализација за грешка SSM
- Сигнализација за збирна работа SBM
Размена на податоци
- Инфрацрвен интерфејс за безжична размена на податоци со IR-стик
- Место на приклучување на Wilo IF-модули (Modbus, BACnet, CAN, PLR, LON) за поврѕување со зградна авоматика
Безбедносни функции
- Целосна заштита на моторот со вградена електроника за исклучување
- Блокада за зафаќање
Управување со двојни пумпи (2 единечни пумпи)
- Работа како главна/резервна пумпа (автоматска замена на работната пумпа при грешка)
- Работа како главна/резервна пумпа, замена на пумпа по 24 часа
- Паралелна работа
- Паралелна работа (вклучување и исклучување на пумпата за врвно оптоварување со оптимизација на ефикасноста)
Означување на типот
Пример | Wilo-Stratos GIGA 40/1-51/4,5 |
Stratos | Високоефикасна пумпа |
GIGA | Inline-единечна пумпа |
40 | Номинален дијаметар на прирабница DN |
1-51 | Номинално подрачје на напор во [m] |
4,5 | Ориентациска вредност на номиналната моќност на моторот P2 во kW |
-R1 | Изведба без сензор за диференцијален притисок |
Технички податоци
- Дозволено температурно подрачје на транспортираниот медиум од -20 °C до +140 °C
- Лизгачка механичка заптивка за транспорт на вода до Tmax. = +140 °C. До T ≤ +40 °C дозволена е примеса од гликол од 20 % до 40 % од волуменот. Кај мешавини на вода-гликол, со волуменски удел на гликол од > 40 % до макс. 50 % и температура на медиумот од > +40 °C до макс. +120 °C или други медиуми различни од водата треба да се предвиди алтернативна лизгачка механичка заптивка. При користење мешавини на вода-гликол, генерално препорачуваме користење варијанта S1 со соодветна механичка заптивка.
- Приклучување на мрежа:
- 3~440 V ±10 %, 50/60 Hz
- 3~400 V ±10 %, 50/60 Hz
- 3~380 V -5 % +10 %, 50/60 Hz
Исполнување на електромагнетна подносливост без дополнителни мерки:
- Емитирана интерференца за станбена област според EN 61800-3:2018
- Отпорност на интерференца за индустријална област според EN 61800-3:2018
- Вид на заштита IP55
- Номинален дијаметар DN 40 до DN 200
- Макс. работен притисок 16 бара до +120 °C, 13 бара до +140 °C
Материјали
- Куќиште на пумпа и фенер: EN-GJL-250
- Работно коло: PPS-GF40 или EN-GJL-200 во зависност од типот
- специјална изведба: Бронза CuSn 10 од (зависно од типот)
- специјална изведба: Не’рѓосувачки челик 1.4408 (зависно од типот)
- Вратило: 1.4122 или 1.4542 зависно од типот
- Механичка заптивка: AQEGG, други механички заптивки на барање
Опсег на испорака
- Пумпа
- Упатство за вградување и работа
Опции
- Варијанта …-L1 со бронзено-работно коло (со доплата)
- Варијанта …-L4 со работно коло од нерѓосувачки челик (со доплата)
- Варијанта ...-R1 без сензор за диференцијален притисок
- Варијанта …-S1 со специјални лизгачки механички заптивки