Wilo-Sub TWI 4
Сигурна и отпорна на корозија повеќестепена, 4" потопна пумпа.
Сигурна и отпорна на корозија повеќестепена, 4" потопна пумпа.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Долд животен век, благодарение на не’рѓосувачки челик, изборно во варијанта на квалитет V4A
- Сертификат ACS за примена кај вода за пиење
- Висока флексибилност благодарение на верзиите во подрачјето од 4, 6, 8 и 10 цола
- Голема моќност од 1 до 250 m³/h
Еколошки својства
- Робустен материјал на пумпата од нерѓосувачки челик, како и голема погодност за одржување и поправки за долг работен век
- Енергетски ефикасна хидраулика на пумпа
Изведба
Повеќестепена, 4" потопна пумпа во изведба со влечна лента, за вертикална или хоризонтална инсталација
Примена
За транспорт на вода за пиење (согласно ACS и RI.SE), дождовница и потрошна вода со максимална содржина на песок од 50 g/m³ од бунари и цистерни за:
- Наводнување
- Прскање
- Водоснабдување
- Зголемување на притисокот
- Одржување и спуштање на подземните води
Опрема/функција
- Вграден неповратен вентил
- Притисочна врска според NEMA
- Еднофазен мотор на наизменична струја со кутија за кондензатор со термичка заштита на моторот
Означување на типот
Пример: | Wilo-Sub TWI 4.01-09-C |
TWI | Серија |
4 | Пречник на хидрауликата во цоли ["] |
01 | Номинален проток [m3/h] |
09 | Број на степени на хидрауликата |
C | Генерација на серијата |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа: 1~230 V, 50 Hz или 3~400 V, 50 Hz
- Потопен работен режим: S1
- Температура на медиум: 3 - 30 °C
- Минимално струење кај моторот: 0,1 m/s
- Макс. содржина на песок: 50 g/m3
- Макс. број стартувања: 20/ч
- Макс. длабочина на потопување: 150 m
- Вид на заштита: IP68
- Потисен приклучок: Rp 1¼ - Rp 2
Материјали
- Хидраулично куќиште: 1.4301 (AISI 304)
- Работни кола: 1.4301 (AISI 304)
- Вратило хидраулика: 1.4057 (AISI 431)
- Куќиште на мотор: 1.4301 (AISI 304)
- Вратило мотор: 1.4305 (AISI 303)
Конструкција
Потопна пумпа за вертикална или за хоризонтална монтажа.
Хидраулика
Повеќестепена, потопна пумпа во изведба со влечна лента со радијални или полуаксијални работни кола, интегриран неповратен вентил и стандардизирано 4" NEMA-поврзување. Потисен приклучок со навојна прирабница и внатрешен навој. Сите делови што се во допир со медиумот се од материјали што се отпорни на корозија.
Мотор
Монофазен или трифазен мотор на наизменична струја за директен старт. Изолиран мотор со изолирана со боење намотка потопена во смола, полнење со вода-гликол и самоподмачкувачки лежишта на моторот.
Ладење
- Ладењето на моторот се изведува преку транспортираниот медиум. Работете ја пумпата секогаш потопена.
- Вертикалното поставување може по избор да се изведе со или без обвивка за млазно ладење.
- Хоризонталното поставување мора да се изведе заедно со обвивка за млазно ладење.
Опсег на испорака
- Хидрауликата е веќе монтирана заедно со моторот
- Кабел за поврзување од 1,5 m или 2,5 m со одобрение за пиење вода
- Монофазна варијанта со вкл. приклучна кутија со кондензатор и прекинувач за вклучување и исклучување
- Упатство за вградување и работа
Опции
- Хидраулика од не`рѓосувачки челик 1.4401
- Мотор од нерѓосувачки челик 1.4401
- Изведба со 60 Hz
Опрема
- Цевка со разладна обвивка
- Мембрански притисочен сад
- Засун
- Пливачки прекинувач
- Притисочен прекинувач
- Електрода
- Приклучна табла
- Алармна приклучна табла
- Комплет изработен од смола за леење
- Кабел за поврзување