Wilo-Varios PICO-STG
Најразновидната пумпа за замена на сите времиња.
Најразновидната пумпа за замена на сите времиња.
Wilo-Varios PICO-STG е универзална замена во подрачје на греење, климатизација, ладење за еднофамилијарни и двофамилијарни куќи. Овозможува стандарден и надворешен начин на регулација и со помош на асистентите за синхронизација, овозможува полесно нагодување на заменетата пумпа. Нејзината компактната конструкција, преносот на карактеристиките од старата пумпа со помош на новата функција за синхронизација, овозможуваат многу едноставна инсталација и пуштање во работа. Додека, пак, со „технологијата на зелено копче“, ракувањето е многу комфорно.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Најкомпатибилна замена за повеќе примени отсега исто така за соларно и геотермика благодарение на компактната конструкција, новиот контролен режим (како iPWM) и новите асистенти за синхронизација
- Најголем комфор при ракување благодарение на LED-дисплеј и технологијата на зелено копче со помош на копче за притискање за начин на регулација и копче за притискање за поставување на пумпа.
- Едноставна инсталација благодарение на компактната конструкција, приспособливите електрични приклучоци и функциите за одржување, како обезвоздушување
- Најголема безбедност при работа и ракување благодарение на докажаната технологија
Изведба
Циркулациона пумпа со воден ротор со навртување, EC-мотор заштитен од струја на блокирање и интегрирана електронска регулација на моќност.
Примена
Топловодно греење на сите системи, климатизација, индустриски циркулациони постројки, примарен циркулационен круг во соларни и геотермални постројки.
Опрема/функција
Начини на работа
- Константен диференцијален притисок (3 претходно дефинирани карактеристики)
- Варијабилен диференцијален притисок (3 претходно дефинирани карактеристики)
- Константен број на вртежи (3 степени на бројот на вртежи)
- Надворешна регулација преку iPWM известување
- iPWM GT (греење/геотермика, не кај Varios PICO-STG .../1-13)
- iPWM ST (соларно)
Рачни функции
- Нагодување работен режим според примената
- Нагодување на моќноста на пумпата (карактеристика)
- Нагодување константен број на вртежи
- Активирање на функцијата за синхронизација и LED кодирање
- Функција на обезвоздушување
- Рачно повторно вклучување
Автоматски функции
- Автоматско повторно вклучување
Функции на сигнализација и прикажување
- Приказ на избраниот контролен режим
- Приказ на избраната карактеристика во рамките на контролен режим или iPWM тип
- Приказ на активираната функција за синхронизација и LED кодирање
- Приказ на статус на рачно повторно вклучување или функција на обезвоздушување
- Приказ на работа и пречки
Опрема
- Куќиште на пумпа со KTL-облога
- Место за клуч на телото на пумпата
- Електричен кабел за поврзување со 3-полен штекер за пумпа и Wilo-Connector
- iPWM приклучок
- Функција на обезвоздушување
- Рачно повторно вклучување
- Мотор отпорен на струја на блокирање
- Филтер за честички
Технички податоци
- Температура на медиум: -20 °C до +110 °C
- Приклучување на мрежа: 1~230 V, 50 Hz
- Вид на заштита: IPX4D
- Навојна врска: G1, G1½, G2
- Макс. работен притисок: 10 бари
Материјали
- Куќиште на пумпа: сиво леано железо (EN-GJL-200)
- Работно коло: Пластика (PP - 40% GF)
- Вратило на пумпата: Нерѓосувачки челик
- Лежиште: јаглен, импрегниран со метал
Опсег на испорака
- Пумпа
- Кабел за приклучување на мрежата со 3-полен штекер за пумпа и Wilo-Connector приклучок
- Wilo-Connector
- Со навојна врска се вклучени заптивки
- Упатство за вградување и работа
Опции
- Изведбите Varios PICO-STG ...-130 со кратка монтажна должина од 130 mm
Опрема
- Навртувања
- Елементи за израмнување
- Термоизолација
- Сигнален кабел iPWM
- Wilo-Connector со поврзан приклучен кабел од 2 m и утикач со заштитен контакт
- Аголен приклучник со 2 m приклучен кабел