Wilo-VeroTwin-DP-E
Особености/предности на производот
- Штедење енергија со интегрирана електронско прилагодување на капацитетот
- Изборни интерфејси за собирничка комуникација преку приклучливи IF-модули
- Едноставно ракување благодарение на технологијата на зелено копче и на дисплејот
- Интегрирано управување со двојни пумпи
- Интегрирана целосна заштита на моторот (KLF) со електроника за активирање
Препорачани сервисни услуги
Изведба
Електронски регулирана двојна пумпа со сув ротор, во Inline-изведба, со прирабнички приклучок и автоматско прилагодување на моќноста
Примена
Транспорт на вода за греење (според VDI 2035), ладна вода и мешавини на вода-гликол без абразивни материи во системите за греење, ладна вода и ладење.
Опрема/функција
Работни режими
- Δp-c за константен диференцијален притисок
- Δp-v за варијабилен диференцијален притисок
- PID-контрола
- Далечинска регулација на брзината (n = константно)
Панел за рачно управување
- Зелено копче и дисплеј
Рачни функции
- Нагодување на баран диференцијален притисок
- Нагодување на број на вртежи (рачно управување)
- Поставување на работен режим
- Нагодување на пумпа ON/OFF
- Конфигурација на сите работни параметри
- Квитирање грешка
Надворешни управувачки функции
- Управувачки влез „Overriding off“
- Управувачки влез „Екстерна замена на пумпа“ (има дејство само при режим на работа со двојна пумпа)
- Аналоген влез 0-10 V, 0-20 mA за регулациски режим (DDC) и далечинско регулирање на зададена вредност
- Аналоген влез 2-10 V, 4-20 mA за регулациски режим (DDC) и далечинско регулирање на зададена вредност
- Аналоген влез 0-10 V за сигнал за вистинска вредност на сензорот за притисок
- Аналоген влез 2–10 V, 0-20 mA, 4–20 mA за сигнал за вистинска вредност на сензорот за притисок
Функции на сигнализација и прикажување
- Збирна сигнализација за грешка SSM
- Сигнализација за збирна работа SBM
Размена на податоци
- Инфрацрвен интерфејс за безжична размена на податоци со IR-монитор/IR-стик
- Место на приклучување на Wilo IF-модули (Modbus, BACnet, CAN, PLR, LON) за поврѕување со зградна авоматика
Безбедносни функции
- Целосна заштита на моторот со вградена електроника за исклучување
- Блокада за зафаќање
Управување со двојна пумпа (двојна пумпа или 2 единечни пумпи)
- Работа како главна/резервна пумпа (автоматска замена на работната пумпа при грешка)
- Работа како главна/резервна пумпа, замена на пумпа по 24 часа
- Паралелна работа
- Паралелна работа (вклучување и исклучување на пумпата за врвно оптоварување со оптимизација на ефикасноста)
Означување на типот
Пример | DP-E 40/160-4/2-R1 |
DP-E | Inline‐двојна пумпа со електронска регулација |
40 | Номинален дијаметар DN на приклучок на цевка |
160 | Номинален пречник на работно коло |
4 | Номинална моќност на мотор P2 во kW |
2 | Бр. на полови |
R1 | Изведба без сензор |
Технички податоци
- Дозволено температурно подрачје од -20 °C до +120 °C
- Приклучување на мрежа
- 3~440 V ±10 %, 50/60 Hz
- 3~400 V ±10 %, 50/60 Hz
- 3~380 V -5 % +10 %, 50/60 Hz
Исполнување на електромагнетна подносливост без дополнителни мерки:
- Емитирана интерференца за станбена област според EN 61800-3:2018
- Отпорност на интерференца за индустријална област според EN 61800-3:2018
- Вид на заштита IP55
- Номинален дијаметар DN 32 до DN 80
- Макс. работен притисок 10 бари (специјална изведба: 16 бара)
Материјали
- Куќиште на пумпа и фенер: EN-GJL-250
- Работно коло: PPO-GF30
- Вратило: 1.4021
- Механичка заптивка: AQEGG; други механички заптивки на барање
Конструкција
Едностепена нископритисочна двојна пумпа во Inline-изведба, со
- преклопен вентил
- Лизгачка механичка заптивка
- прирабничка врска
- Погон со интегрирана електронска регулација на бројот на вртежи
Опсег на испорака
- Пумпа
- Упатство за вградување и работа
Опции
- Варијанта …-R1 без сензор за диференцијален притисок
- Варијанта …-H5 со куќиште PN 16 (со доплата)
- Варијанта …-S1/-S2 со специјални лизгачки механички заптивки (S2 со доплата)
Опрема
- 3 конзоли со материјал за прицврстување за монтажа на темел
- Слепа прирабница за куќиште на двојни пумпи
- IR-модул, IR-стик
- IF-модул PLR за приклучување на PLR/интерфејс-конвертор
- IF-модул LON за приклучување на мрежата LONWORKS
- IF-модул BACnet
- IF-модул Modbus
- IF-модул CAN
- Систем за регулација VR-HVAC
- Систем за регулација CCe-HVAC
- Контролен систем CCe-HVAC
- Сензор за диференцијалниот притисок (DDG)