Wilo-Xiro SPC
Особености/предности на производот
- Робусна изведба од сиво леано железо
- Универзална примена, благодарение на голем спектар на моќност
- Лесна инсталација благодарение на вграден неповратен вентил
- Лесно одржување и поправање, благодарение на моторите со можност за повторно намотување
Препорачани сервисни услуги
Изведба
Повеќестепена, подводна пумпа од сиво леано железо, во изведба со влечна лента, за вертикална или хоризонтална монтажа
Примена
- За Снабдување со потрошна вода од бушотини и цистерни
- За наводнување со вештачки дожди наводнување
- Спуштање на нивото на водата
- За транспорт на вода без долговлакнести и абразивни состојки
Опрема/функција
- Повеќестепена хидраулика со радијални или полуаксијални работни кола
- Вграден неповратен вентил
- Нема спојка кај 6“- и 8“-хидраулики
- Трифазен мотор со можност за повторно намотување
Означување на типот
Пр.: | Xiro SPC 6.50-09-B1/XI6-18,5-B1 |
SPC | Подводна пумпа од лим од сиво леано железо |
6 | Пречник на хидрауликата во цоли ["] |
50 | Номинална проточна стапка при оптимална ефикасност во m3/h |
09 | Број на степени на хидрауликата |
B1 | Техничка шифра хидраулика |
X | Модел на мотор: однапред наполнет со мешавина од вода-гликол, со можност за повторно намотување |
I | Изведба на материјал на мотор:I = завршни делови од не’рѓосувачки челикC = завршни делови од сиво леано железо |
6 | Пречник на мотор во цоли ["] |
18,5 | Номинална моќност P2 на мотор во kW |
B1 | Техничка шифра мотор |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
- Потопен работен режим: S1
- Температура на медиум: 3-30 °C
- Минимално струење кај моторот: 0,2 или 0,5 m/s (во зависност од моќноста)
- Макс. содржина на песок: 50 g/m3
- Макс. број стартувања: 10-20/h (во зависност од моќноста)
- Макс. длабочина на потопување: 200 m
- Вид на заштита: IP 68
- Потисен приклучок: NPT 3 до NPT 6
Материјали
- Куќиште на хидраулика: EN-GJL-200
- Работни кола: ASTM B145 (бронза)
- Вратило хидраулика: не`рѓосувачки челик ASTM A582 (AISI 303)
- Куќиште на мотор: не`рѓосувачки челик AISI 304 (1.4301) со крајни делови од EN-GJL-200
- Вратило мотор: Не’рѓосувачки челик AISI 304 (1.4301)
Конструкција
Подводна пумпа за вертикална или за хоризонтална монтажа.
Хидраулика
Повеќестепена подводна пумпа со NEMA (6" и 8") или стандарден приклучок (10“) и со радијални или полуаксијални работни кола во членковидна изведба. Вграден неповратен вентил. Сите делови што се во допир со медиумот се од материјали што се отпорни на корозија.
Мотор
Трифазен мотор со можност за повторно намотување со намотка со изолација од ПЕ2/ПА и полнење со вода-гликол, за директен старт. Хифрауличен приклучок како NEMA (6" и 8") или стандарден приклучок (10"). Заптивање на вратилото на моторот со лизгачка механичка заптивка од чист јаглен/керамика. Самоподмачкувачки лежишта на мотор. Аксијални лежишта за со сегменети за навалување, за преземање на високите аксијални оптоварувања. Негативниот аксијален потисок се презема преку лежиште за движење во спротивната насока.
Ладење
Ладењето на моторот се изведува преку транспортираниот медиум. Моторот секогаш мора да се пушта во работа потопен . Мора да се запазат граничните вредности за макс. температура на медиум и за минимална брзина на течење. Вертикалното поставување може по избор да се изведе со или без обвивка за млазно ладење. Хоризонталното поставување мора да се изведе заедно со обвивка за млазно ладење.
Опсег на испорака
- Hydraulik und Motor fertig montiert
- 4,3 m приклучен кабел
- Упатство за вградување и работа
Опции
- Нагледување на температурата на намотките со сензор Pt100
- Вградување притисочна обвивка
- Стартување ѕвезда-триаголник