Wilo-Yonos GIGA-N
Норм-пумпа за универзална примена и висока енергетска ефикасност.
Норм-пумпа за универзална примена и висока енергетска ефикасност.
Wilo-Yonos GIGA-N е пумпа со висока енергетска ефикасност за примена во згради за греење, климатизација и ладење, каде што се потребни големи количини на вода со голем напор.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Ефикасна пумпа преку употреба на IE4-мотор
- KTL-облогата на сите леани компоненти се грижи за отпорност на корозија и за долговечност
- Универзално поставување благодарение на нормираните димензии според EN 733
- Едноставно нагодување и ракување преку технологија на зелено копче
- Едноставно одржување благодарение на спојката за проширување во „Back-Pull-Out“ изведба што се користи лесно
- Опционални интерфејсу за поврзување со зградна автоматика преку приклучни IF-модули
Изведба
Електронски регулирана, едностепена, нископритисочна, центрифугална пумпа со аксијално вшмукување. Монтирано на основна плоча со прирабничко поврзување и автоматско прилагодување на моќноста.
Примена
- Транспорт на вода за греење (според VDI 2035), ладна вода и мешавини на вода-гликол без абразивни материи во системите за греење, ладна вода и ладење.
- Примена во наводнување, зградна техника, општа индустрија, фабрики итн.
Опрема/функција
Едностепена нископритисочна центрифугална пумпа во блок-изведба според EN 733, со спојка, заштита на спојка, мотор и основна плоча
- Погон со интегрирана електронска регулација на бројот на вртежи
- Механичка заптивка
Начини на работа
- Δp-c за константен диференцијален притисок
- PID-Control
- Регулациски режим (n=constant)
Панел за ракување
- Зелено копче и дисплеј
Рачни функции
- Нагодување на баран диференцијален притисок
- Нагодување на број на вртежи (рачно управување)
- Поставување на работен режим
- Нагодување на пумпа ON/OFF
- Конфигурација на сите работни параметри
- Квитирање грешка
Надворешни управувачки функции
- Управувачки влез „Приоритетно искл.“
- Аналоген влез 0-10 V, 0-20 mA за регулациски режим (DDC) и далечинско регулирање на зададена вредност
- Аналоген влез 2-10 V, 4-20 mA за регулациски режим (DDC) и далечинско регулирање на зададена вредност
- Аналоген влез 0-10 V за сигнал за вистинска вредност на сензорот за притисок
- Аналоген влез 2–10 V, 0-20 mA, 4–20 mA за сигнал за вистинска вредност на сензорот за притисок
Функции на сигнализација и прикажување
- Збирна сигнализација за грешка SSM
- Сигнализација за збирна работа SBM
Размена на податоци
- Инфрацрвен интерфејс за безжична размена на податоци со IR-монитор/IR-стик
- Место на приклучување на Wilo IF-модули (Modbus, BACnet, CAN, PLR, LON) за поврѕување со зградна авоматика
Безбедносни функции
- Целосна заштита на моторот со вградена електроника за исклучување
- Блокада за зафаќање
Управување со двојни пумпи (2 единечни пумпи; само при примена на елемент за обединување)
- Работа како главна/резервна пумпа (автоматска замена на работната пумпа при грешка)
- Работа како главна/резервна пумпа, замена на пумпа по 24 часа
- Паралелна работа
Означување на типот
Пример | Yonos GIGA-N 40/200-15/2 -R1-P5 |
Yonos | Фамилија на производи |
GIGA | Опис на серијата |
N | Стандардна пумпа со аксијално вшмукување |
40 | DN за притисочна прирабница |
200 | Номинална широчина на работно коло [mm] |
15 | Номинална моќност на мотор P2 [kW] |
2 | Бр. на полови |
R1 | Изведба без сензор за диференцијален притисок |
P5 | Опција: празно = со спојка за проширување P5 = без спојка за проширување (со стандардна спојка) |
Технички податоци
- Температура на медиум: -+20 °C до +140 °C
- Приклучување на мрежа
- 3~440 V ±10 %, 50/60 Hz
- 3~400 V ±10 %, 50/60 Hz
- 3~380 V -5/+10 %, 50/60 Hz
Исполнување на електромагнетна подносливост без дополнителни мерки:
- Емитирана интерференца за станбена област според EN 61800-3:2018
- Отпорност на интерференца за индустријална област според EN 61800-3:2018
- Вид на заштита IP55
- Номинални дијаметри DN 32 до DN 150
- Макс. работен притисок од 16 бара
Материјали
- Куќиште на пумпа и латерна. Стандард: EN-GJL-250
- Работно коло: Стандард: EN-GJL-200; други на барање
- Вратило: 1.4021
- Механичка заптивка: AQEGG, други механички заптивки на барање
Конструкција
- Едностепена нископритисочна центрифугална пумпа како пумпа со основна плоча, со аксијална вшмукателна наставка со прирабнички поврзан носач на лежиште и прицврстување на оската за флексибилно споени погони
- Погон со интегрирана електронска регулација на бројот на вртежи
- Спојка за проширување (спојување со муф) како стандард, којашто дава можност единицата на роторот на моторот да се остави во положбата прширување
- Варијанта ...-P5 без спојка за проширување (за намалена цена, погледнете го ценовникот)
Опсег на испорака
- Пумпа
- Упатство за вградување и работа
- Целосно монтирана пумпа на основна плоча со спојка, заштита на спојка и електромотор
Опции
- Варијанта ...-L1 со работно коло од бронза (со доплата)
- Варијанта …-L4 со работно коло од нерѓосувачки челик (со доплата)
- Варијанта ...-S1/-S2 со специјални прстенести заптивки (со доплата)
- Варијанта ...-P5 без спојка за проширување (за намалена цена)