Wilo-Yonos GIGA2.0-I
Ефикасно пумпање на големи количини вода за греење, климатизација и ладење во големи згради.
Ефикасно пумпање на големи количини вода за греење, климатизација и ладење во големи згради.
Wilo-Yonos GIGA2.0-I е електронски регулирана линиска пумпа со сув ротор која е погодна за пумпање големи количини вода на големи висини. Благодарение на технологијата на EC-моторот IE5 и докажаната хидраулика на пумпата (MEI ≥0,4), таа нуди и висока енергетска ефикасност и висока сигурност. Со помош на добро познатата технологија со зелено копче, јасна навигација во менито и јасен екран во боја, многу е лесно да се ракува. Аналогните и дигиталните интерфејси нудат можност за поврзување во зградна автоматика.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Висока енергетска ефикасност благодарение на технологијата на EC-моторот IE5 и докажаната хидраулика на пумпата (MEI ≥0,4)
- Лесна за користење со јасна навигација во менито со екран во боја и технологија на зелено копче
- Голема сигурност благодарение на новата технологија на погон и докажана хидраулика на пумпата
- Подготвена за вградување во зградна автоматика преку аналоген и дигитален интерфејс и CIF-модули
Еколошки својства
- Високоефикасна пумпа со IE5-технологија на мотор согласно IEC 60034-30-2 и MEI од ≥ 0,4
- Одржлива и CO2-неутрална изработка и процеси во нашите европски фабрики
Изведба
Линиска пумпа со висока енергетска ефикасност со IE5-мотор и електронско прилагодување на моќноста при изведба со сув ротор. Изведба како едностепена нископритисочна центрифугална пумпа со приклучок на прирабница и лизгачка механичка заптивка.
Примена
Транспорт на вода за греење (според VDI 2035), ладна вода и мешавини на вода-гликол без абразивни материи во системите за греење, ладна вода и ладење.
Опрема/функција
Режими на управување:
- Δp-v за варијабилен диференцијален притисок
- Δp-c за константен диференцијален притисок
- Константен број на вртежи
- Кориснички дефинирана PID регулација
Рачно подесување:
- Подесување на режим на управување
- Подесување соодветни работни параметри
- Параметрирање аналогни влезови
- Параметрирање дигитален влез
- Параметрирање излези на реле
- Функција на двојна пумпа (при 2 единечни пумпи, коишто работат како двојна пумпа)
- Блокада на тастерите за заклучување на поставките за подесување
- Функција за ресетирање на фабрички поставки
Автоматски функции:
- Прилагодување на моќноста според потребата за енергетски ефикасна работа во зависност од режим на управување
- Автоматски рутини на отстранување грешки
- Интегрирана целосна заштита на моторот
Влезови и излези за надворешно управување и нивните функции
- 1x аналоген влез:
- Типови сигнали: 0 ... 10 V, 2 ... 10 V, 0 ... 20 mA, 4 ... 20 mA
- Примена: само вредност од сензор за диференцијален притисок (стандардно инсталиран сериски на пумпата)
- 1x аналоген влез:
- Типови сигнали: 0 ... 10 V, 2 ... 10 V, 0 ... 20 mA, 4 ... 20 mA
- Примена: само надворешен нагодувач на зададена вредност
- 1x дигитален влез:
- Управувачки влез за функцијата „Надворешно исклучување“
- 2x излез на реле:
- Сигнализација на збирна грешка SSM (безнапонски менувач)
- Сигнализација за збирна работа SBM (безнапонски менувач)
- Wilo Net
- За управување со двојни пумпи со 2 единечни пумпи
Функции на сигнализација и прикажување
- Приказ на статус „Индикатор за работа“:
- Актуелен режим на управување
- Зададена вредност
- актуелен напор
- Актуелен број на вртежи
- Актуелна вредност на проток
- Електрична влезна моќност
- Приказ на статус со LED: Работа без грешки (зелена LED), комуникација на пумпи (сина LED)
- Приказ на статус „Приказ на грешка“ (бојата на приказ е црвена):
- Код за грешка
- Приказ на статус за „Приказ на предупредување“ (бојата на приказ е жолта):
- Кодови за предупредување
- Приказ на статус за „Приказ нна процес“ (бојата на приказ е сина):
- Приказ на статус за „Зградна автоматика-комуникација“ (бојата на приказ е сина):
- Сумирање активна параметри на зградна автоматика (бауд стапка, адреса,...)
- Сигнализација на збирна грешка SSM (безнапонски менувач)
- Сигнализација за збирна работа SBM (безнапонски менувач)
Размена на податоци
- Можно е со опрема согласно WILO-CIF-модулите:
- Сериски дигитален интерфејс Modbus RTU за поврзување на зградна автоматика преку BUS-систем RS485
- Сериски дигитален интерфејс BACnet MS/TP главна пумпа, за поврзување на зградна автоматика преку BUS-систем RS485
- Сериски дигитален интерфејс за Ethernet Multiprotocol Modbus TCP, BACnet/ IP за поврзување на зградна автоматика преку BUS-систем RJ45
- Сериски дигитален LON интерфејс за поврзување на зградна автоматика преку BUS-систем LONWorks
- Сериски дигитален интерфејс PLR за поврзување на зградна автоматика преку модул за поврзување специфичен за фирмата
- Сериски дигитален интерфејс CANopen за поврзување на зградна автоматика преку модул за поврзување специфичен за фирмата
Управување со двојни пумпи (двојна пумпа или 2 единечни пумпи во елемент за обединување)
- Главна/резервна работа (замена на пумпа во зависност од временскиот период)
- Работа како главна/резервна пумпа (автоматска замена на работната пумпа при грешка)
- Паралелна работа (вклучување и исклучување на пумпата за врвно оптоварување со оптимизација на ефикасноста)
Опрема
- Хидраулика на пумпата со хидрауличен индекс на минимална ефикасност (MEI) ≥ 0,4
- EC-мотор со класа на енергетска ефикасност IE5 според IEC 60034-30-2
- Прирабница PN 16 – согласно EN 1092-2
- Приклучоци за мерење притисок (R 1/8) за инсталиран сензор за диференцијален притисок (изведба ...-R1 без сензор за диференцијалниот притисок)
- Во стандардна изведба кондензирачки дренажни отвори во латерната и куќиштето на моторот (вклучени во испораката)
- Вентил за обезвоздушување на латерна
- Ротирачки графички дисплеј во боја (2 цоли) со зелено копче и еден тастер
- 6 воведувања на кабел за приклучување на напонски извор, како и бинарни и аналогни влезови (2 воведувања на кабел фабрички нагодени, со навртување на каблите)
- Опционално, употребливо приклучно место за CIF-модул
Означување на типот
Пример | Wilo-Yonos GIGA2.0-I 65/1-20/M-4,0-xx |
Yonos GIGA | Опис на пумпа |
2.0 | Втора генерација |
-I | Inline-единечна пумпа |
65 | Номинален дијаметар на прирабница DN |
1 – 20 | Номинално подрачје на напор во [m] |
M- | Варијанта со напонски извор од 1~230 V |
4,0 | Номинална моќност на мотор во kW |
-xx | Варијанта, пр. -R1 |
Технички податоци
- Дозволено температурно подрачје на транспортираниот медиум од -20 °C до +120 °C
- Температура на околината до +50 °C
- Лизгачка механичка заптивка за транспорт на вода до Tmax. = +120 °C. До T ≤ +40 °C дозволена е примеса од гликол од 20 % до 40 % од волуменот. Кај мешавини на вода-гликол, со волуменски удел на гликол од > 40 % до макс. 50 % и температура на медиумот од > +40 °C до макс. +120 °C или други медиуми различни од водата треба да се предвиди алтернативна лизгачка механичка заптивка. При користење мешавини на вода-гликол, генерално препорачуваме користење варијанта S1 со соодветна механичка заптивка.
- Напон на приклучување на мрежа:
- 3~440 V ±10 %, 50/60 Hz, 3~400 V ±10 %, 50/60 Hz, 3~380 V -5 % +10 %, 50/60 Hz
- Варијанта M-: 1~220 V…240 V ±10 %, 50/60 Hz
- Исполнување на електромагнетна подносливост без дополнителни мерки:
- Емитирана интерференца за станбена област според EN 61800-3:2018
- Отпорност на интерференца за индустријална област според EN 61800-3:2018
- Вид на заштита IP55
- Номинални дијаметри на прирабница DN 32 до DN 125
- Макс. работен притисок 16 бари do +120 °C
Материјали
- Куќиште на пумпа и фенер: EN-GJL-250;
- Куќиште на пумпа и латерна/прирабница на моторот во стандардна изведба со катодно електробоење
- Работно коло (зависно од типот): PPO-GF30 (DN 32…DN 80) или EN-GJL-200 (DN 100…DN 125)
- Вратило: 1.4057
- Механичка заптивка: AQ1EGG; други лизгачки механички заптивки на барање
Конструкција
- Линиска пумпа со висока енергетска ефикасност со мотор со класа на енергетска ефикасност IE5 според IEC 60034-30-2, хидрауличен индекс на минимална ефикасност MEI ≥ 0,4 и електронско прилагодување на моќноста при изведба со сув ротор.
- Едностепена нископритисочна центрифугална пумпа со неподелено вратило во изведба со блокови
- Спирално куќиште во Inline-изведба (вшмукателен и потисен приклучок со исти прирабници во една линија)
- Ротирачки графички дисплеј (2 инчи) во боја со ракување преку панел за управување со едно копче
- Интегрирана заштита на мотор
Опсег на испорака
- Пумпа
- Упатство за вградување и работа и изјава за сообразност
Опции
- Варијанта ...-R1 без сензор за диференцијален притисок
- Варијанта …-S1 со специјални лизгачки механички заптивки
Опрема
- 3 конзоли со материјал за прицврстување за поставување на темел
- Слепа прирабница за куќиште на двојни пумпи
- CIF-модул PLR
- CIF-модул LON
- CIF-модул BACnet MS/TP
- CIF-модул Modbus RTU
- CIF-модул CANopen
- CIF-модул Ethernet Multiprotocol (Modbus TCP, BACnet/ IP)
- Приклучување M12 RJ45 CIF-Ethernet
- Трансмитер за диференцијален притисок 2 ... 10 V
- Сензор за диференцијален притисок 4 ... 20 mA