Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Wilo-Yonos MAXO-Z | Wilo

Wilo-Yonos MAXO-Z

Ефикасно решение за циркулација на санитарна топла вода во поголеми згради.

Вашите предности
Wilo-Yonos MAXO-Z (flange)

Ефикасно решение за циркулација на санитарна топла вода во поголеми згради.

Wilo-Yonos MAXO-Z е ефикасна циркулациона пумпа за хигиенска обработка на санитарна топла вода во објекти за изнајмување, во деловни и во комерцијални објекти. Благодарение на LED приказот, нуди целосна транспарентност во однос на напорот, степенот на бројот на вртежи или за можни дефекти. Компактната конструкција и Wilo-утикачот за електрично приклучување ја поедноставува инсталацијата. Зеленото копче овозможува поедноставно ракување на пумпата.


Особености/предности на производот

  • Високоефикасна пумпа за заштеда на енергија
  • LED-дисплеј за целосно транспарентно следење на нагодениот напор, степенот на бројот на вртежи и можните грешки
  • Едноставна замена на нерегулирани стандардни пумпи благодарение на компактната конструкција и електрично поврзување со Wilo утикач
  • Едноставен избор на режими на управување ∆p-v, ∆p-c и тристепено подесување на бројот на вртежи со зелено копче
  • Гаранција на работната сигурност со сигнализација на збирна грешка
  • Изборно: Wilo-Connect модул Yonos MAXO со дополнителни интелигентни функции за интегрирање во системот за управување со зграда

Еколошки својства

  • Високоефикасна пумпа со автоматско прилагодување на моќноста
  • Широк асортиман на резервни делови за едноставни поправки
  • Одржлива и CO2-неутрална изработка и процеси во нашите европски фабрики
Опис на серијата
Yonos MAXO-Z

Изведба

Циркулациона пумпа со воден ротор и навојна или прирабничка врска, EC-мотор со автоматско прилагодување на моќноста.

Примена

Системи за циркулација на вода за пиење во индустријата и зградната техника.

Опрема/функција

Работни режими

  • Δp-c за константен диференцијален притисок
  • Δp-v за варијабилен диференцијален притисок
  • n = константно (3 степени на бројот на вртежи)

Рачни функции

  • Поставување на работен режим
  • Нагодување на моќноста на пумпата (напор)
  • Нагодување на степен на брзина

Автоматски функции

  • Континуирано прилагодување на моќноста зависно од работниот режим
  • Функција на деблокирање
  • Меко стартување
  • Интегрирана целосна заштита на моторот

Функции на сигнализација и прикажување

  • Сигнализација на збирна грешка (безнапонски отворачки контакт)
  • Светлосна сигнализација за грешка
  • ЛЦД сегментиран приказ на напорот и на шифрата на грешката
  • Приказ на поставениот број вртежи на моторот (C1, C2 или C3)

Опрема

  • Место за ставање клуч на телото на пумпата (кај пумпи со навојни цевки)
  • Брзо приклучување на струја со помош на Wilo приклучница. За приклучување на струја и на SSM вод, со вградено ослободување на напрегањето на кабелот
  • Прирабнички пумпи: Изведби на прирабница
    • Стандардна изведба за пумпите DN 40 до DN 65: Комбинирана прирабница PN 6/10 за контраприрабница PN 6 и PN 10

Означување на типот

Пример:

Wilo-Yonos MAXO-Z 30/0,5-12

Yonos MAXO

Високопродуктивна пумпа (навојна или прирабничка пумпа), електронски регулирана

Z

Единечна пумпа за циркулација на вода за пиење

30/

Приклучен номинален дијаметар

0,5-12

Номинално подрачје на напор [m]

Технички податоци

  • Дозолено температурно подрачје за вода за пиење до 3,57 mmol/l (20 °dH): 0 °C до +80 °C
  • Приклучување на мрежа 1~230 V, 50/60 Hz
  • Вид на заштита IPX4D
  • Прицврстување со навртување или со прирабница (зависно од типот) Rp 1 до DN 65
  • Макс. работен притисок стандардна изведба: 6/10 бара или 6 бара (специјална изведба: 10 бара)

Материјали

  • Куќиште на пумпа од нерѓосувачки челик
  • Вратило: Не’рѓосувачки челик
  • Лежиште: јаглен, импрегниран со синтетичка смола
  • Работно коло: пластика

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Со навојна врска се вклучени заптивки
  • Подлошки за прирабнички завртки (кај приклучни номинални дијаметри DN 32 - DN 65)
  • Упатство за вградување и работа

Опрема

  • Навртување кај навојно приклучување
  • Термоизолација
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-Yonos MAXO/-D/-Z

Број на производ 2226411
Издание 2023-12
Број на страници 392
Јазик da, de, el, en, es, fi, fr, it, nl, no, pt, sv, tr
PDF (9 MB)

Wilo-Yonos MAXO/-D/-Z

Број на производ 2226410
Издание 2023-12
Број на страници 36
Јазик en
PDF (7 MB)

Памфлет за сертифицирање

Yonos MAXO, Yonos MAXO-D, Yonos MAXO-Z

Број на производ 2230742
Издание 2024-03
Број на страници 20
Јазик Јазично неутрално
PDF (13 MB)

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)

Лист за опрема

Број на страници 1
Јазик Јазично неутрално
PDF (3 MB)
Избор на производ
Број на пребарувања: 12
Приклучок на цевка
Монтажна должина L0